Даниел Фонсека Гарис (роден на 13 септември, 1969 година во Монтевидео) — поранешен уругвајски фудбалер, напаѓач. Неговиот прекар бил el castor (брадата).

Даниел Фонсека
Лични податоци
Полно име Даниел Фонсека Гарис
Роден на 13 септември 1969(1969-09-13)(54 г.)
Роден во Монтевидео, Уругвај
Држава Уругвај Уругвај
Висина &100000000000001830000001,83 м
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Повлекување 2003 - како играч
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1988-1990 Насионал Насионал 14 (5)
1990-1992 Каљари Каљари 50 (17)
1992-1994 Наполи Наполи 58 (31)
1994-1997 Рома Рома 65 (20)
1997-2000 Јувентус Јувентус 40 (10)
2000-2001 Ривер Плејт Ривер Плејт 0 (0)
2002 Насионал Насионал 5 (2)
2002-2003 Комо Комо 2 (0)
Репрезентација
1998-2003 Уругвај Уругвај 30 (11)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Моментално работи како фудбалски агент.

Фудбалска кариера уреди

 
Фонсека во дресот на Јувентус во натпревар од Купот на Италија против Брешело.

Фонсека ја започнал својата кариерата во Насионал Монтевидео во 1988 година. Таму одиграл 14 натпревари, постигнал три гола и тримуфирал во Копа Судамерикана, јужноамерикански еквивалент на Суперкупот на Европа. Во 1990 дошол во Европа, каде најпрво играл за екипата на Каљари, а потоа игра две одлични сезони во Наполи, постигнувајќи 31 гол во 50 натпревари. Во 1994 година екипата на Рома го доведува во својот состав, но тука не можел да се избори за место во почетниот тим и останал во сенка на аргентинската ѕвезда Абел Балбо. Тој се преселил во Јувентус за кој настапувал во периодот од 1997-2000, но ни тука престојот не му бил којзнае колку успешен поради тоа што често се мачел со повреди, и ја пропуштил целата сезона 1999-2000, па бил продаден на Ривер Плата. По краток период му следува враќање во Насионал, а потоа Фонсека повторно се вратил во Италија, овој пат во Комо каде играл за истоимениот тим. Во 2003 се откажува од фудбалот. Како главна причина наведува, тоа што тренерот повеќе не смета на него, а тој пак вели дека не сака Фонсека да добива пари без претходно да си ги заработи.

Бројот на постигнати голови во италијанската Серија А му е фантастичен, особено ако се има предвид тоа што во поголемите клубови како Рома и Јувентус не играл во првата постава. Но, и покрај тоа Фонсека направил одлична кариера постигнувајќи голем број на важни голови влегувајќи како замена и се здобил со статусот на Златна резерва.

За репрезентацијата има 30 одиграни натпревари и 10 гола, а учествувал и на Светското првенство во 1990 година.

Спортски агент уреди

По завршувањето на фудбалската кариера, одлучил да се посвети на кариерата како спортски агент на фудбалери. Меѓу неговите клиенти има познати играчи како голманот Фернандо Муслера, дефанзивецот Мартин Касерес и напаѓачот Луис Суарес.

Клиенти уреди

Ова се фудбалерите кој се клиенти на Фонсека во моментов. Луис Суарес повеќе не е негов клиент, бидејќи започнал соработка со Пере Гвардиола (братот на тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола).

Титули уреди

Клупски уреди

  Насионал уреди

  Јувентус уреди

Репрезентативни уреди

Уругвај уреди

Надворешни врски уреди