Валери Божинов
Валери Емилов Божинов — бугарски фудбалер, напаѓач на Партизан и на бугарската репрезентација.
Валери Божинов | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 15 февруари 1986 | ||
Роден во | Горна Орјаховица, Бугарија | ||
Висина | м | 1,78||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Партизан | ||
Број | 86 | ||
Младинска кариера | |||
Лече | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2002–2005 | Лече | 64 | (16) |
2005-2007 | Фјорентина | 36 | (8) |
2006–2007 | → Јувентус | 18 | (5) |
2007-2009 | Манчестер Сити | 11 | (1) |
2009-2011 | Парма | 60 | (11) |
2011-2014 | Спортинг Лисабон | 8 | (2) |
2012 | → Лече | 8 | (1) |
2012-2013 | → Верона | 13 | (1) |
2013 | → Виченца | 18 | (4) |
2014 | Левски Софија | 19 | (7) |
2014-2015 | Тернана | 27 | (6) |
2015- | Партизан | 4 | (4) |
Репрезентација ‡ | |||
2004- | Бугарија | 43 | (6) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Животопис
уредиРоден во бугарскиот град Горна Орјаховица, Божинов се преселил во Малта на возраст од 12 години со својата мајка Пепа, поранешна кошаркарска репрезентативка и очувот Сашо Ангелов, кој играл за Бугарската фудбалска репрезентација во текот на 1990-тите[1].
Талентот на Божинов бил откриен на 14-годишна возраст од страна на спортскиот директор на фудбалскиот клуб Лече, Панталео Корвино додека тој тренирал во младинските категории на Пиета Хотспарс. Божинов потпишал договор со Лече за само 30.000.000 италијански лири (околу 15.000 €).
Клупска кариера
уредиЛече
уредиКако голем талент, Божинов се преселил во Лече и продолжил понатаму да се развива играјќи за младинските тимови на ФК Лече. Тој дебитирал во италијанската Серија А на 22 јануари 2002 година, на возраст од 15 години и 11 месеци во натпревар против Бреша, станувајќи најмладиот странски играч кој направил настап на највисокото ниво во италијанскиот фудбал.[2] Тој го постигнал својот прв гол во Серија А на 6 јануари 2004 година во еден домашен пораз на неговиот клуб со 1-2 од Болоња, станувајќи најмладиот не-италијанец кој постигнал гол во Серија А.
Фјорентина
уредиВо зимскиот трансферен прозорец, во јануари 2005, Божинов потпишал за Фјорентина за сума од 15 милиони евра.[3] Во периодот додека настапувал за клубот од Фиренца, тој се соочувал со повреди, а имал проблеми и околу приспособувањето. Во летото 2005 година Фјорентина го купила Лука Тони, па во сезоната 2005-2006, тој добил многу малку простор за игра. На 16 јануари 2006 година, тој бил официјално ставен на трансфер-списокот на Фјорентина по изјавите за бугарското радио против тренерот и раководството на клубот[4]. По зимскиот трансфер период, Божинов останал во Фиренца, но тој не бил вклучен во ниту еден натпревар на првиот тим.
Јувентус
уредиВо јули 2006 година, Божинов бил позајмен на Јувентус, кој таа сезона требало да настапува во Серија Б заради настаните со скандалот Калчополи, со право на откуп. Неговиот трансфер во Јувентус дошол како делумна компензација откако завршиле преговорите по кој Јувентус и го продал на Фјорентина романскиот напаѓач Адријан Муту.[5] Тој дебитирал во дресот на Јувентус на 19 август 2006 во натпревар од Купот на Италија против екипата на Мартина, во кој постигнал и гол во 35-тата минута во победата на Јуве со 3-0. Четири дена подоцна во второто коло од купот, Божинов повторно бил стрелец овојпат против Чезена. Својот прв лигашки гол за Јувентус го постигнал нагостувањето против Кротоне, во третото коло од Серија Б првенството кога двапати ја погодил мрежата на домаќинот за победа на Јувентус со убедливи 3-0.[6] На 25 ноември 2006, Божинов одново бил двоен стрелец и тоа против својот поранешен клуб Лече.[7] Во тој натпревар Старата Дама била во негатива од 0-1, кога со двата гола за десеттина минути Валери го донел пресвртот, а со два гола во судиското продолжение Јувентус победил со убедливи 4-1. Својот последен гол за Јувентус, Божинов го постигнал на 19 март 2007 против Триестина во победата со 5-1.[8]
Божинов постигнал вкупно 7 гола за Јувентус во сезоната 2006-07, 5 во Серија Б и два во Купот на Италија. И покрај тоа што му помогнал на клубот да избори промоција на Божинов му било јасно дека нема да има многу простор за игра во наредната сезона, заради големата конкуренција во нападот што ја имал во: Алесандро Дел Пјеро, Давид Трезеге и Марсело Залајета.
Манчестер Сити
уредиНа 3 август 2007 година, било објавено дека Божинов го комплетирал својот трансфер во Манчестер Сити, потпишувајќи четиригодишен договор за необјавена сума.[9][10]
Тој бил надвор од акција пет месеци, откако доживеал повреда на лигаментите на коленото против Манчестер Јунајтед во август 2007 година.[11] Тој се врати целосно на тренинзите на 22 јануари 2008 година, постигнувајќи пет гола во отскокнувачки натпревар. На 11 февруари 2008 година, Божинов играл во натпревар за резервите на Манчестер Сити, каде што влегол како замена и постигна гол со глава по нафрлената топка од Емил Мпенза. Менаџерот на Манчестер Сити Свен-Горан Ериксон, изјавил дека Божинов нема да биде подготвен да игра во натпреварот против Евертон на 25 февруари 2008 година. Тој не успева да одигра ниту еден натпревар по враќањето по повредата во првиот тим во сезоната 2007-08, но тој направил неколку настапи за резервите на Сити, репрезентацијата на Бугарија и бил вклучен во турнејата на клубот во Азија.
Тој го постигнал својот прв гол за клубот по повеќе од една година во пред-сезонскиот пријателски натпревар против Стокпорт Каунти. Тој, исто така, го постигнал победничкиот гол во пријателскиот натпревар против Милан на 9 август 2008 година. На 17 август 2008 година, Божинов одново бил надвор од игра за шест месеци откако доживеал повреда на ахиловата пета додека се загревал на теренот пред натпреварот против Астон Вила. Тој бил означен за "несреќен", откако ова му била втора долгорочна повреди. До средината на јануари 2009 година, клубот најави дека Божинов е блиску доцелосно враќање на тренинзите.
Во средината на февруари 2009 година, Менаџерот на Манчестер Сити Марк Хјуз објавил дека Божинов требало да игра во подготвителен натпревар "Зад затворени врати", како што се ближи неговото враќање во првиот тим. Тој одиграл 65 минути за резервите на 17 февруари 2009 година. Тој дури постигнал гол од пенал против соперниците Манчестер Јунајтед во натпревар за резервите додека се враќањал во фитнес-форма.
Божинов го направи своето долго-очекувано враќање во Премиер лигашкиот фудбал, кога влегол како замена во 89-тата минута против Вест Хем Јунајтед на 1 март 2009 година. Тој се појавил повторно, влегувајќи како замена за Манчестер Сити во 83-тата минута на местото на Елано против Астон Вила. Валери го направил својот прв старт уште од 2007 година во победата на домашен терен со 1-0 дома над Сандерленд на 22 март 2009 година, но бил заменет во 65-тата минута со Крег Белами. Тој конечно го постигнал својот прв лигашки гол во поразот со 2-1 од Тотенхем на 16 мај 2009 година, четири минути по влегувањето во игра како замена за својот сонародник Мартин Петров во 61 минута.
Парма
уредиНа 29 јули 2009 година било најавено, дека Божинов ќе и се приклучи на италијанската екипа Парма, на една сезона долг заем. Тој одлучил да го носи дресот со број 86. На 23 септември 2009 година, тој го постигнал својот прв официјален погодок за Парма против Лацио. Тој, исто така, заработил пенал за неговата екипа. Натпреварот завршил со победа на Парма од 1-2.
На 4 јули 2010 година било потврдено дека Парма го комплетирала трансферот на Божинов. Сепак, Божинов поминал тешка сезона, во голема мера неговите настапи биле ограничени на влегување од клупата; тимот редовно користел само еден напаѓач; и редовно головите доаѓале од Ернан Креспо и Амаури во почетокот и крајот делови на сезоната, соодветно.
Спортинг
уредиНа 6 јули 2011 година, Спортинг потпишал 5 годишен договор со Божинов, за сума од 2.6 милиони евра за 80% од неговиот договор, кој може да се зголеми до 3.500.000 € во зависност од неговите настапи за португалскиот клуб.[12] Неговиот трансфер во Спортинг, значеше дека чилеанецот Хаиме Валдес требало да замине на заем во Парма како дел од размената.[13]
Не можејќи да избори место во почетната постава, Божинов бил позајмен на неговиот прв професионален клуб Лече, во зимата 2012.
Периодите на заем во Верона и Виченца
уредиНа 31 август 2012 година, Божинов официјално станал играч на Верона, каде дошол на едногодишен заем од Спортинг. Тој одиграл 13 натпревари за Верона до јануари, најчесто влегувајќи како замена за Даниеле Кача и Хуанито. Единствениот гол за Верона, Божинов го постигнал на 29 септември 2009 носејќи му победа на својот клуб на домашен терен против Бари од 1-0, со прецизен удар со голава во 88-мата минута од натпреварот.[14]
На 17 јануари 2013 година, тој продолжил на шест месечен заем во Виченца,[15] но Верона го задржала правото на откуп на играчот од Спортинг. Божинов го постигнал својот прв гол во неговиот втор натпревар за Виченца против Јуве Стабија на 2 февруари.[16] Божинов бил стрелец повторно на 26 февруари, постигнувајќи ги и двата гола против Гросето во победата нагсоти со 2-1.[17]
Репрезентативна кариера
уредиБожинов го направил своето деби за репрезентацијата на Бугарија за време на Евро 2004 - на 22 јуни 2004 година, кога тој влегол како замена во поразот со 1-2 од Италија. Тој го заработил неговиот втор настап на 19 август 2004 година во ремито 1-1 на гостувањето против Ирска во пријателски натпревар, при што тој, исто така, го постигнал својот прв репрезентативен погодок[18]
Приватен живот
уредиБожинов бил во врска со бугарската пејачка Алисија. На 12 септември 2007 година, тој станал татко.[19] Неговиот син исто така го носи името Валери. Сега тој е во брак со бугарската плејбој Николета Лозанова.[20]
Титули
уредиЈувентус
уреди- 1 Серија Б: 2006–07
Надворешни врски
уреди- Juventus.com – Профил и Статистика Архивирано на 31 октомври 2006 г.
- FootballDatabase.com – Профил и Статистика
- Goal.com профил Архивирано на 3 јануари 2008 г.
- Статистика и профил на Zerozero
- Статистика на ForaDeJogo Архивирано на 15 февруари 2015 г.
- Профил на LevskiSofia.info (бугарски)
Наводи
уреди- ↑ bgfootball.com (уред.). „Che cazzo Valeri?“. Посетено на 31 August 2012.[мртва врска]
- ↑ „Божинов обврзан за Лече“. uefa.com. Посетено на 2004-12-02.
- ↑ „Божинов во Фјрентина, Гасбарони се враќа во Сампдорија“. La Repubblica. Посетено на 9 October 2010.
- ↑ Мирко Грацијано, Giampiero Timossi (17 January 2006). „Тоа се зголеми од Божинов“. Gazzetta dello Sport. стр. 3. Отсутно или празно
|url=
(help);|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ „La Juve batte un colpo Nuovi gol con Bojinov“. La Gazzetta dello Sport. 2006. стр. 24. Посетено на 9 October 2010.
- ↑ „Кротоне-Јувентус 0-3 19 септември 2006“. Архивирано од изворникот на 2012-03-09. Посетено на 2013-05-02.
- ↑ „Јувентус-Лече 4-1 25 ноември 2006“. Архивирано од изворникот на 2012-03-09. Посетено на 2013-05-02.
- ↑ „Јувентус-Триестина 5-1 19 март 2007“. Архивирано од изворникот на 2012-03-23. Посетено на 2013-05-02.
- ↑ БиБиСи Спорт, уред. (2007-08-03). „Божинов се префрли во Манчестер Сити“. Посетено на 2007-08-03.
- ↑ ФК Манчестер Сити-официјално мрежно место, уред. (2007-08-03). „Божинов потпиша за Сити“. Отсутно или празно
|url=
(help);|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ БиБиСи Спорт, уред. (2007-08-20). „Манчестер Сити потресен од повредата на Божинов“. Посетено на 2007-08-20.
- ↑ Sporting CP (6 July 2011). „Communication“ (PDF) (португалски). CMVM. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-11-13. Посетено на 30 July 2011.
- ↑ „Valdés cedido ao Parma“. A Bola. abola.pt. 6 July 2011. Архивирано од изворникот на 2011-07-09. Посетено на 13 July 2011.
- ↑ Верона-Бари 1-0 29 септември 2012
- ↑ „Bojinov goes to Vicenza“. A Bola (португалски). 17 January 2013. Архивирано од изворникот на 2013-03-02. Посетено на 18 April 2013.
- ↑ ZeroZero (португалски) http://www.zerozero.pt/jogo.php?id=2296063. Посетено на 18 April 2013. Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ ZeroZero (португалски) http://www.zerozero.pt/jogo.php?id=2296108. Посетено на 18 April 2013. Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ „Стоичков дебитира со реми“. ИБР Весникот. 2004-08-09. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 13 March 2010.
- ↑ „Валери Божинов стана татко“ (бугарски). Sportal.bg. Архивирано од изворникот на 2013-10-06. Посетено на 2007-09-12.
- ↑ „Валери и Николета веќе се семејство.Тие имаат ќерка,која се вика Никол“ (бугарски). Sportni.bg. Посетено на 2011-10-10.[мртва врска]