ФК Венеција е италијански фудбалски клуб од градот Венеција, во областа Венето. Моментално се натпреварува во Серија А, највисокото ниво на италијанскиот фудбалски систем.

Венеција
Целосно имеВенеција Фудбал Клуб С.р.и.
ПрекарЛагунари (лагунари)
Нероверди (Црно-зелени)
Основан14 декември 1907
ЛокацијаВенеција, Италија
СтадионПјер Лујџи Пенцо
Капацитет11,150
ПретседателСАД Данкан Л. Нидераурер
ТренерИталија Еузебио Ди Франческо
ЛигаСерија А Серија А
2023–24Серија Б, 3-ти (промоција преку плејоф)
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Основан одново во 2015 година под името ФК Венеција Сочиета Спортива Дилетантистика[1] (поедноставен подоцна во „ФК Венеција“ откако клубот стигнал до професионалните лиги во 2016 година), е „де факто“ чувар на спортската традиција започната во 1907 со основањето на ФК Венеција, но последователно клубот поминал низ многу преосновања и носел различни имиња (АК Венеција од 1919 до 1930 година, од 1945 до 1983 година и повторно од 1989 до 2005 година, Сочиета Спортива Серенисима во 1930 година, АФК Венеција во 1934 година, Калчо Венеција во 1983, Калчо Венеција Местре 1987 година, АК Венеција 1907 во 1991 година, Сочиета Спортива Калчо Венеција во 2005 година и ФК Унионе Венеција во 2009 година).

Најголемиот успех на клубот е освојувањето на Купот на Италија во сезоната 1940-1941. По овој куп успех, уследил и нивниот највисок пласман во Серија А, со освојувањето на третото место во следната сезона. Инаку, клубот најголемиот дел од својата историја го поминал помеѓу двете најсилни фудбалски лиги во Италија: 21 сезона играле во Серија А, а 45 поминале во Серија Б.

Играчи

уреди

Моментален состав

уреди
Бр. Позиција Играч
1   ГМ Јесе Јоронен
4   ОД Џеј Идзес
5   ОД Ридгецијано Хапс
6   СР Џанлука Бузио
7   ОД Франческо Ѕампано
9   НП Кристијан Гуткјер
10   НП Џон Јебоа
11   НП Гаетано Ористанио
12   ГМ Бруно Бертинато
14   СР Ханс Николуси Кавиља
15   ОД Џорџо Алтаре
16   СР Лука Фјордилино
19   СР Бјарки Бјаркасон
20   НП Јоел Похјанпало  
21   ОД Ричи Саградо
Бр. Позиција Играч
22   СР Домен Чрнигој
23   ГМ Матео Гранди
25   ОД Јоел Шингтиен
27   ОД Антонио Кандела
30   ОД Михаел Свобода
32   СР Алфред Данкан
33   ОД Марин Шверко
35   ГМ Филип Станковиќ
38   СР Магнус Кофод Андерсен
45   НП Антонио Раимондо
77   СР Микаел Егил Елертсон
79   ОД Франко Карбони
80   НП Саад Ел Хадад
97   СР Иса Думбија

Тренерски штаб

уреди
 
Еузебио Ди Франческо, моментален тренер на клубот

Тренерски штаб за сезоната 2024-2025:

Име Функција
  Еузебио Ди Франческо Главен тренер
  Пјерлујџи Јервезе Помошник тренер
  Катело Сенаторе Тренер на голманите
  Андреа Диздери Атлетски тренер
  Масимо Нери Атлетски тренер
  Стефано Романо Анализатор на натпревари
  Д-р Филипо Витадини Клупски доктор
  Николо Караро Физиотерапевт

Титули

уреди

Првенства

уреди
1960–1961, 1965–1966
1935–1936 (група А), 1955–1956, 2016–2017 (група Б)
2005-2006
1982–1983, 2011–2012 (група Ц), 2015–2016 (група Ц)

Купови

уреди
1940-1941
2016-2017

Статистика

уреди

Учество во првенства

уреди
Ниво Категорија Учества Деби Последна сезона Вкупно
Прима Категорија 4 1908-1909 1919-1920 21
Прима Дивизионе 1 1921-1922
Дивизионе Национале 2 1928-1929 1945-1946
Серија А 14 1939-1940 2024-2025
Секонда Дивизионе 4 1922-1923 1925-1926 45
Прима Дивизионе 2 1926-1927 1927-1928
Серија Б 39 1929-1930 2023-2024
Серија Ц 14 1935-1936 1976-1977 23
Серија Ц1 5 1988-1989 2007-2008
Лега Про Прима Дивизионе 2 2008-2009 2013-2014
Лега Про 2 2014-2015 2016-2017
Серија Ц2 9 1979-1980 2005-2006 12
Лега Про Секодна Дивизионе 1 2012-2013
Серија Д 2 1977-1978 2015-2016
Серија Д 4 1978-1979 2011-2012 5
Интеррегионално првенство 1 1982-1983

Наводи

уреди
  1. „Comunicato Ufficiale n° 59 del 13/11/2015“ (PDF). Lega Nazionale Dilettanti. 13 ноември 2015. Архивирано од изворникот (PDF) на 5 март 2016. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help); Наводот journal бара |journal= (help)

Надворешни врски

уреди