Отвори го главното мени

Јаник Фереира Караско (роден на 4 септември 1993 година, во Иксел) е белгиски фудбалер, офанзивен крилен играч на Атлетико Мадрид и на белгиската репрезентација.

Белгија Јаник Фереира Караско
Carrasco2016.jpg
Лични податоци
Полно име Јаник Фереира Караско
Роден на 4 септември 1993 (1993-09-04) (26 г.)
Роден во Иксел, Белгија
Висина &100000000000001800000001,80 м
Позиција крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид
Број 10
Младинска кариера
Стад Евере
Дигем Спорт Дигем Спорт
Биршот Биршот
Генк Генк
Монако Монако
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2012-2015 Монако Монако 82 (15)
2015-2018 Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид 78 (17)
2018 - Даљен Аербин Даљен Аербин 11 (3)
Репрезентација
2008 Белгија Белгија 15 1 (0)
2010 Белгија Белгија 17 2 (0)
2010–2011 Белгија Белгија 18 9 (1)
2011–2012 Белгија Белгија 19 12 (3)
2013–2014 Белгија Белгија 21 11 (1)
2015- Белгија Белгија 22 (5)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 29 јануари 2018.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 7 октомври 2017

Технички карактеристикиУреди

Класично крило, природен деснак, но може подеднакво добро да игра на двете страни (како лево или десно крило) и дури во централниот дел од теренот како напаѓач или зад напаѓач. Одличното движење и добрата техника му дозволуваат да се претставува како замка за противничките екипи и да се уфрла внатре за да ги завршува акциите со удар.[1].

Клупска кариераУреди

Почетоци и рана кариераУреди

Роден е во Иксел, всушност периферијата на Брисел, од татко португалец и мајка шпанка. Караско започнал да игра фудбал во Стад Евере, мал локален клуб, но по кратко време се префрлил во екипата на Дигем Спорт. Потоа продолжил во младинската школа на екипата на Биршот од Антверпен, а во 2009 година бил купен од Генк, каде одиграл една сезона за малдинскиот тим. Пред почетокот на следната сезона, Монако го доведува Караско, и тој се развивал во нивниот младинскиот тим две години пред да го направи своето деби за првиот тим во 2012 година.[2] Во својата првата сезона во Монако го освоил Гамбардела купот, престижен турнир за младински екипи под 18 години во организација на Француската федерација.

МонакоУреди

2012-2014; под водство на РаниериУреди

Во летото 2012 бил повикан во првиот тим на Монако. Своето деби го направил на 30 јули 2012, во победата со 4-0 против Тур, постигнувајќи го својот прв гол како професионален фудбалер токму на овој натпревар носејќи му водство на својот тим од 1-0 во 30-тата минута.[3]. Во истиот натпревар, исто така, му асистирал од корнер на Андреа Раџи за вториот гол на Монако.[4]. Неговите перформанси го прават еден од незаменливите стартери во формацијата на тренерот Клаудио Раниери. На 26 септември 2012 година, во третиот круг од Лига купот против Валенсиен постигнал гол од пенал за израмнување на 2-2 во 45-тата минута, а подоцна Монако изборил пласман во следното коло со победа од 4-2 по продолженија.[5] На 22 декември 2012 година, во победата над Ле Ман со 3-2, постигнал гол и за прв пат во својата фудбалска кариера добил жолт картон.[6] На 13 април, 2013, за прв пат во својата професионална кариера постигнал два гола за победата со 2-0 над Осер.[7] Својата дебитантска сезона во професионалниот фудбал ја завршил со 27 настапи, 6 гола и 6 асистенции во Лига 1, a неговиот придонес се покажал клучен за освојувањето на титулата и промоција во Лига 1.[8]. Во Лига купот постигнал 2 гола, а неговиот тим бил елиминиран во осминафиналето.

Во сезоната 2013-2014, и покрај интересот од голем број клубови за да го напушти Кнежевството, Фереира-Караско продолжил да биде клучен темел во екипата на Раниери. Тој дебитирал во највисоката француска лига на 10 август 2013, во победата со 2-0 против Бордо на Стад Шабан-Делма.[9] На 5 октомври 2013 година, во победата со 2-1 против Сент Етјен, го одбележал својот прв гол во Лига 1.[10] Во следното коло постигнал два гола, во натпреварот против Сошо што завршил 2-2.[11]. Кон крајот на сезоната загубија го загубил местото во стартната постава од колумбиецот Хамес Родригез.

2014-2015: со доаѓањето на ЖардимУреди

Сезоната 2014-2015 за Монако започнала со раскинување на договорот со тренерот Раниери, кој бил заменет со португалскиот тренер Леонардо Жардим. Исто така клубот се разделил со двајцата клучни играчи, колумбијците Радамел Фалкао и Хамес Родригез, по што Фереира Караско бил вклучен во почетната постава на Жардим. Неговиот дебитантски настап за сезоната дошол на 10 август, 2014, во поразот со 2-1 на домашен терен од Лорјан.[12]. На 17 септември го направил своето деби во европските натпреварувања, во првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите против Баер Леверкузен на Стад Луј II (победа со 1-0).[13]. На 18 октомври, во победата со 2-0 над Евијан, го одбележува својот прв гол за сезоната.[14]. Во следното коло од францускиот шампионат бил прогласен за човек на натпреварот, откако прикажал извонредни перформанси, асистирајќи за првите два гола и бил стрелец на третиот, во победата со 3-1 против Бастија.[15] Во дербито на осминафиналето од Лига купот, против Лион, Фереира Караско го постигнал првиот гол во продолженијата за водство на Монако од 1-0, но подоцна Александре Лаказет го израмнил резултат и го одвел натпреварот во изведување на пенали; Монако победил со 5-4.[16] На 25 февруари 2015 година, за време на осминафиналниот натпревар од Лигата на шампионите, го постигнал својот прв гол во европските натпреварувања, заверувајќи ја големата победа на Монако на гостувањето кај Арсенал во Лондон со 3-1.[17]

Атлетико МадридУреди

На 10 јули 2015 бил купен од Атлетико Мадрид за сума од 20 милиони евра, потпишувајќи петгодишен договор со клубот.

Репрезентативна кариераУреди

Фереира Караско ја има претставувано Белгија во селекциите под 15, под 17, под 18, под 19 и под 21 година.

На 10 октомври, 2014 бил повикан од селекторот на сениорската репрезентација, Марк Вилмотс, за натпреварот против Андора во квалификациите за Евроипскот првенство 2016; Белгија победила со 6-0, а Фереира Караско останал на клупата како неискористена замена.[18]. Официјалното деби го имал на 28 март 2015, во победата со 5-0 над Кипар во Брисел, влегувајќи како замена во 69-тата минута на местото на Маруан Фелаини.[19]

Хронологија на репрезентативни настапи и головиУреди

Клупска статистикаУреди

Статистиката е ажурирана на 22 март 2015.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Гол
2012-2013   Монако Л2 27 6 КФ+ЛКФ 0+2 0+2 - - - - - - 29 8
2013-2014 Л1 18 3 КФ+ЛКФ 4+0 1+0 - - - - - - 22 4
2014-2015 Л1 27 4 КФ+ЛКФ 4+2 0+1 ЛШ 8 1 - - - 41 6
Вкупно во кариерата 72 13 12 4 8 1 92 18

ТитулиУреди

  МонакоУреди

НаводиУреди

  1. „Yannick Ferreira Carrasco, l’ultima pepita belga“.  Unknown parameter |data= ignored (помош)
  2. „Generazione di Fenomeni - Yannick Ferreira Carrasco, il Monaco si gode i numeri di Ferreira Carrasco“. 3 август 2013 alle 09.26. 
  3. AS Monaco 4 - 0 FC Tours - Yahoo!
  4. „AS Monaco 4-0 FC Tours“. 30 јули 2012.  Unknown parameter |site= ignored (помош);
  5. „Una magia di Ocampos lancia il Monaco agli ottavi di Coppa di Lega“.  Unknown parameter |site= ignored (помош); Unknown parameter |data= ignored (помош)
  6. „Le Mans 2-3 AS Monaco“.  Unknown parameter |site= ignored (помош); Unknown parameter |data= ignored (помош)
  7. „Auxerre - Monaco : 0-2“ (francese).  Unknown parameter |site= ignored (помош); Unknown parameter |data= ignored (помош)
  8. „Ligue1.com - French Football League - AS MONACO FC“. 
  9. „FC Girondins Bordeaux 0-2 AS Monaco“.  Unknown parameter |site= ignored (помош)
  10. „AS Monaco 2-1 AS Saint-Étienne“.  Unknown parameter |site= ignored (помош)
  11. „Sochaux-Monaco 2-2, Ranieri perde la vetta“.  Unknown parameter |site= ignored (помош)
  12. calciocritico.it (уред.). „Analisi tattica Monaco-Lorient 1-2“.  Unknown parameter |data= ignored (помош)
  13. „Champions: Zenit-Monaco 0-0, Bayer Leverkusen-Benfica 3-1“.  Unknown parameter |site= ignored (помош); Unknown parameter |data= ignored (помош)
  14. „Monaco 2-0 Evian“ (француски).  Unknown parameter |site= ignored (помош); Unknown parameter |data= ignored (помош)
  15. „Bastia-Monaco 1-3: Ferreira-Carrasco (1 goal e 2 assist) spegne l’entusiasmo corso“. 25 октомври 2014.  Unknown parameter |site= ignored (помош);
  16. „Coupe de la Ligue, ottavi di finale: PSG avanti, Lione e Bordeaux eliminate ai rigori“.  Unknown parameter |site= ignored (помош); Unknown parameter |data= ignored (помош)
  17. „Фудбалерите на Монако ги шокираа „Топчиите" и го приредија најголемото изненадување во осмина-финалето“ (македонски).  Unknown parameter |data= ignored (помош)
  18. „Belgio 6-0 Andorra“.  Unknown parameter |data= ignored (помош); Unknown parameter |site= ignored (помош)
  19. „Белгија 5-0 Кипар“.  Unknown parameter |data= ignored (помош); Unknown parameter |site= ignored (помош)

Надворешни врскиУреди