Фудбалска топка е реквизит за фудбалска игра.

Официјална топка од Светско првенство 2006

Мерки и одлики на топка уреди

  • Топка мора да биде во тркалезна форма.
  • Мора да биде изработена од кожа или некој друг материјал кој е одобрен исклучиво од ФИФА.
  • Обимот е помеѓу минимално 68 и максимално 70 см.
  • Не смее да биде полесна од 410 и потешка од 450 грами (на почеток од натпреварувањето).
  • Притисокот во топката мора да биде помеѓу 0.6 и 1,1 атмосфера.

Да би можело да се одигра натпреварувањето, неопходно е клубовите кои се домаќини да обезбедат одреден број на топки. Пропишани се и произведувачите, односно натписи на топките со кои можат да се играат меѓународните и првенствените натпреварувања (ознаките се доказ дека топката е помината преку процедурата на проверка и дека одговара на пропишаните стандарди за натпреварување). Пред почеток на секој натпревар, клубот кој е домаќин има обврска сите топки кои се наменети за игра да ги предаде на судијата на проверка. Топките за игра на терените кои се прекриени со снег мораат да бидат во посебни бои (непишано правило - црвена боја).

Замена на оштетената топка во текот на натпреварот уреди

Доколку топката се оштети во текот на натпреварувањето, судијата има обаврска да:

  • Да ја стопира играта,
  • Да ја спушти резервнататопка на местото каде што е запазена неисправноста на топката и така да ја настави играта,
  • Ако топката се оштети пред да се стави во игра, таа едноставно се заменува со резервна топка која одговара на прописите.

ФИФА прописи уреди

Уверувањето во квалитетот на топката уреди

За потребите на натпреварот, само со топка која ја задоволуваат барем минимум свите веќе опишани одлики е дозволено да се игра. Топката со која се игра на натпреварувањата под ФИФА, УЕФА или конфедерација, мора на себе да има барем една од овие три ознаки.

Рекламирање на топки уреди

Спрема прописите на ФИФА на топките се дозволени само три врсти на огласување:

  • лого на натпреварувањето
  • лого на организаторите на натпреварувањето
  • лого на произведувачот на топката

Сите овие правила, спрема ФИФА, служат за подобрување на стандардите и квалитетот на главниот објект на теренот.

Надворешни врски уреди