Јон Дади Бодварсон
Јон Дади Бодварсон (роден во Селфос, 25 мај 1992) е исландски фудбалер, напаѓач на Милвол и на исландската репрезентација.
Јон Дади Бодварсон | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Јон Дади Бодварсон[1] | ||
Роден на | 25 мај 1992[2] | ||
Роден во | Селфос, Исланд | ||
Држава | Исланд | ||
Висина | м[2] | 1,89||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Милвол | ||
Број | 22 | ||
Младинска кариера | |||
Селфос | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2009-2012 | Селфос | 80 | (18) |
2013-2015 | Викинг | 81 | (15) |
2016 | Кајзерслаутерн | 15 | (2) |
2016-2017 | Вулверхемптон | 42 | (3) |
2017-2019 | Рединг | 53 | (14) |
2019- | Милвол | 60 | (5) |
Репрезентација ‡ | |||
2009-2010 | Исланд 19 | 7 | (1) |
2011-2014 | Исланд 21 | 12 | (2) |
2012- | Исланд | 39 | (2) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Клупска кариера
уредиСелфос
уредиЈон Дади Бодварсон ја започнал својата кариера во екипата од неговиот роден град Селфос, за која дебитирал во текот на сезоната 2009 во втората исландска лига. Со 16 настапи и еден гол Бодварсон му помогнал на Селфос да избори промоција во највисоката дивизија во земјата, во која пак тој дебитирал на 11 мај 2010 во поразот на домашен терен со 1-3 од Филкир, натпревар во кој исто така го забележал и својот прв погодок во Првата лига на Исланд.[3] Во Селфос се задржал 4 сезони забележувајќи повеќе од 100 настапи и 21 гол во сите натпреварувања.
Викинг
уредиВо ноември 2012 година, Бодварсон направил трансфер во норвешкиот Викинг.[4] Тој одиграл три сезони за Викинг во Норвешката Премиер лига, од кој најуспешна му е била последната во која имал 9 гола и 8 асистенции во првенството и 6 гола и 6 асистенции во Купот на Норвешка. На 22 април 2015, Бодварсон постигнал хет-трик за само 18 минути поминати на теренот во победата со 7-0 на гостувањето кај Алгард во рамките на првото коло на Купот на Норвешка,[5] а подоцна во второто коло на истото натпреварување постигнал гол и додал уште четири асистенции во победата со 9-0 на гостувањето кај Варег.[6] На 11 јули 2015, Бодварсон постигнал два гола и бил асистент за уште еден во победата со 4-1 над Олесунд на СР-Банк Арена.[7] Вкупно за Викинг одиграл 92 натпревари и постигнал 23 гола.
Кајзерслаутерн
уредиВо јануари 2016, Бодварсон се преселил во германскиот второлигаш Кајзерслаутерн со кој веќе во јуни 2015 имал потпишано преддоговор за трансфер на три години.[8] Своето деби на Кајзерслаутерн го забележал на 5 февруари 2016 против Унион Берлин. Својот прв од двата гола кој ги постигнал како играч на Кајзерслаутерн дошол на 4 март 2016 година во поразот со 2-1 на гостувањето кај Нирнберг.[9] На 3 април 2016, тој повторно бил стрелец, овој пат од пенал, во победата со 2-0 на домашен терен над Сандхаусен.[10] Во последното коло од сезоната против Сент Паули, Бодварсон забележал две асистенции во поразот на неговата екипа со 5-2.[11] И покрај релативно добрите игри во кои на 15 натпревари постигнал 2 гола и имал 3 асистенции, оваа полусезона се покажала како единствена за Бодварсон во дресот на Кајзерслаутерн бидејќи во летото 2016 се решил да ја промени клупската средина.
Вулверхемптон
уредиНа 2 август 2016 година, Јон Дади Бодварсон потпишал договор со англискиот Чемпионшип клуб Вулверхемптон Вондерерс за необјавена сума обврзувајќи се на договор од три години.[12] На 6 август 2016, Бодварсон дебитирал со погодок во дресот на волците во ремито 2-2 против Ротерам Јунајтед.[13] Неговото деби исто така, означувало дека тој станал 1000-тиот играч кој се појавил за клубот во првенствен натпревар.[14] На 16 август 2016, Бодварсон за првпат во кариерата промашил пенал во натпреварот против Ипсвич Таун што завршил без голови 0-0, кога неговиот удар од белата точка бил успешно одбранет од голманот на Таун Бартош Бјалоковски.[15] Сепак само четири дена подоцна, Бодварсон го постигнал и својот втор погодок за Вулверхемптон во Чемпионшип, третиот за својот тим и последен на натпреварот во победата со 3-1 на гостувањето кај Бирмингем Сити.[16] Својот трет погодок за волците го постигнал во поразот со 3-1 од Бристол Сити во април 2017. Сезоната во Вулверхемтон ја завршил со 42 настапи во Чемпионшип и 6 во куповите запишувајќи 3 гола и 4 асистенции. Исто така бил избран за fan favourite од навивачите на Вондерерс.
Рединг
уредиНа 14 јули 2017, Бодварсон повторно по кратко време го променил својот клуб приклучувајќи му се на Рединг, уште еден клуб од Чемпионшип, со кој потпишал тригодишен договор.[17] Во клубот избрал да го носи дресот со број 23. Своето деби за кралските поданици го имал на отворањето на сезоната 2017-2018 во Чемпионшип, во поразот со 2-0 на гостувањето кај Квинс Парк Ренџерс. Истиот натпревар Бодварсон морал да го заврши предвреме бидејќи се здобил со повреда на коленото, поради која бил заменет во 59-тата минута од Омар Ричардс.[18] Повредата го извадила од акција за три недели поради што прошуштил 5 натпревари на својот клуб. Своето враќање на терените Бодварсон го направил на 26 август 2017 на гостувањето кај Бирмингем Сити, натпревар во кој го постигнал својот прв погодок во дресот на Рединг, првиот за клубот во победата со 2-0.[19] На 16 јануари 2018, Бодварсон го постигнал својот прв хет-трик во дресот на Рединг, втор во кариерата во победата со 3-0 над Стивениџ во третото коло на ФА Купот.[20] На 30 јануари за првпат постигнал два гола во еден натпревар од Чемпионшип, во победата со 3-1 на гостувањето кај Бартон Албион. Својата прва сезона во Рединг ја завршил со вкупно 48 настапи и 10 гола.
Својата втора сезона со Рединг ја започнал со погодок во првото коло во лигата против Дарби Каунти на Мадејски стадионот, но сепак по целосниот пресврт неговиот тим бил поразен со 1-2.[21] Втората негова сезона во дресот на Ројалс била испрекината од бројни повреди поради кои и го загубил статусот на првотимец и важен играч за клубот. Вкупно за Рединг одиграл 55 натпревари и постигнал 17 голови.
Милвол
уредиНа 12 јуни 2019, Бодварсон потпишал за Милвол, која била третата екипа од Чемпионшип за која заиграл.
Репрезентативна кариера
уредиБодварсон играл за младинските репрезентации на Исланд под 19 и под 21 година.
Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 14 ноември 2012, влегувајќи како замена на местото на Матијас Вилхјалмсон во победата со 2-0 во пријателски натпревар против Андора. Својот прв репрезентативен погодок го постигнал на 9 септември 2014 во победата со 3–0 над Турција во натпревар од квалификациите за Европското првенство 2016.
Тој бил избран да учествува на Европското првенство 2016, првиот меѓународен турнир на кој Исланд воопшто се пласирал. Бодварсон ги започнал сите пет натпревари на турнирот во Франција и постигнал гол во последниот натпревар од групната фаза против Австрија што им обезбедил на исланѓаните прогрес во следната фаза.
На 27 јуни 2016, Јон Дади играл против Англија во осминафиналето на Евро 2016 на Алијанц Ривиера во Ница, каде Исланд го изненадил фаворитот совладувајќи го со 2–1 и пласирајќи се во четвртфиналето.[22]
Две години подоцна Бодварсон бил селектиран меѓу 23-цата играчи на Исланд кој биле пријавени за настап на Светското првенство 2018 во Русија.[23] Своето деби на првенството го направил во вториот натпревар од групната фаза во кој Исланд бил поразен од Нигерија со 2-0. Тоа бил неговиот единствен настап на турнирот, на кој Исланд бил елиминиран уште во групната фаза завршувајќи на последното место во групата Д.
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиКлупска статистика
уредиСезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2008 | Селфос | 1Д | 0 | 0 | КИ+ЛКИ | 1+0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 1 | 0 |
2009 | 1Д | 16 | 1 | КИ+ЛКИ | 2+5 | 0 | - | - | - | - | - | - | 23 | 1 | |
2010 | У | 21 | 3 | КИ+ЛКИ | 1+7 | 0+2 | - | - | - | - | - | - | 29 | 5 | |
2011 | 1Д | 21 | 7 | КИ+ЛКИ | 2+0 | 0+2 | - | - | - | - | - | - | 23 | 7 | |
2012 | У | 22 | 7 | КИ+ЛКИ | 3+7 | 1+0 | - | - | - | - | - | - | 32 | 8 | |
Вкупно Селфос | 80 | 18 | 9+19 | 1+2 | - | - | - | - | 108 | 21 | |||||
2013 | Викинг | ЕС | 23 | 1 | КН | 2 | 1 | - | - | - | - | - | - | 25 | 2 |
2014 | ЕС | 29 | 5 | КН | 3 | 1 | - | - | - | - | - | - | 32 | 6 | |
2015 | ЕС | 29 | 9 | КН | 6 | 6 | - | - | - | - | - | - | 35 | 15 | |
Вкупно Викинг | 81 | 15 | 11 | 8 | - | - | - | - | 92 | 23 | |||||
јан.-јун. 2016 | Кајзерслаутерн | 2Б | 15 | 2 | КГ | - | - | - | - | - | - | - | - | 15 | 2 |
2016-2017 | Вулверхемптон | ФЛЧ | 42 | 3 | ФАКуп+ЛК | 3+3 | 0 | - | - | - | - | - | - | 48 | 3 |
2017-2018 | Рединг | ФЛЧ | 33 | 7 | ФАКуп+ЛК | 2+1 | 3+0 | - | - | - | - | - | - | 36 | 10 |
2018-2019 | ФЛЧ | 1 | 1 | ФАКуп+ЛК | 0+0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 1 | 1 | |
Вкупно Рединг | 34 | 8 | 2+1 | 3+0 | - | - | - | - | 37 | 11 | |||||
Вкупно во кариерата | 252 | 46 | 48 | 16 | - | - | - | - | - | 300 | 60 |
Наводи
уреди- ↑ „EFL: Club list of registered players“ (PDF). English Football League. 20 May 2017. стр. 41. Посетено на 6 October 2017.
- ↑ 2,0 2,1 „2018 FIFA World Cup Russia: List of players: Iceland“ (PDF). FIFA. 10 June 2018. стр. 13. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-06-19. Посетено на 10 June 2018.
- ↑ soccerway.com (уред.). „Selfoss vs Fylkir“. Посетено на 30 ноември 2012.
- ↑ „Böðvarsson første signering“ (норвешки). Viking Fotboll. 30 November 2012. Архивирано од изворникот на 3 September 2016.
- ↑ „NM Cup 2015, Algard FK - Viking Stavanger 0-7“. transfermarkt. 22 април 2015. Посетено на 6 август 2018.
- ↑ „NM Cup 2015, Varegg Fotball - Viking Stavanger 0-9“. transfermarkt. 7 мај 2015. Посетено на 6 август 2018.
- ↑ „Eliteserien 2015, Viking Stavanger - Aalesunds FK 4-1“. transfermarkt. 11 јули 2015. Посетено на 6 август 2018.
- ↑ „FCK verpflichtet Jón Daði Böðvarsson“ (германски). Kaiserslautern. 17 June 2015.
- ↑ „Jón Daði Böðvarsson“ (германски). Fussballdaten.de.
- ↑ „2. Bundesliga 2015/2016 » 28. Spieltag » 1. FC Kaiserslautern - SV Sandhausen 2:0“. weltfussball.de. 3 април 2015. Посетено на 6 август 2018.
- ↑ „2. Bundesliga 2015/2016 » 34. Spieltag » FC St. Pauli - 1. FC Kaiserslautern 5:2“. weltfussball.de. 15 мај 2016. Посетено на 6 август 2018.
- ↑ „Bodvarsson signs for Wolves“. Wolverhampton Wanderers F.C. 2 August 2016.
- ↑ „Rotherham 2 Wolves 2 – Report and Pictures“. 6 August 2016. Архивирано од изворникот на 2016-10-15. Посетено на 2018-08-06.
- ↑ „Players Refused To Lose“. 6 August 2016.
- ↑ Stuart Watson (16 август 2016). „Report: Wolves 0 Ipswich Town 0 – Bialkowski saves penalty, Murphy goal controversially chalked off“. eadt.co.uk. Архивирано од изворникот на 2020-10-06. Посетено на 7 август 2018.
- ↑ „Birmingham City 1-3 Wolverhampton Wanderers“. BBC. 20 август. Посетено на 7 август. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „Jón Daði Böðvarsson is a Royal!“. readingfc.co.uk. Reading F.C. 14 July 2017. Посетено на 14 July 2017.
- ↑ Jonathan Low (13 август 2017). „Jaap Stam issues injury updates on Beerens, McCleary, Obita and Bodvarsson“. getreading.co.uk. Text "7 август 2018" ignored (help)
- ↑ „Birmingham 0-2 Reading“. BBC. 26 August 2017. Посетено на 29 August 2017.
- ↑ „Reading 3-0 Stevenage: Jon Dadi Bodvarsson nets stunning hat-trick (in two different coloured kits) to fire hosts into fourth round of the FA Cup“. dailymail. 16 јануари 2018. Посетено на 7 август 2018.
- ↑ Dan Long (4 август 2018). „Reading 1-2 Derby: Tom Lawrence heads late winner in Championship opener“. skysport. Посетено на 8 август 2018.
- ↑ „England 1 Iceland 2: Fairytale continues as Hodgson's men crash out“. FourFourTwo. 27 June 2016. Посетено на 28 June 2016.
- ↑ „A karla - Hópurinn sem fer á HM í Rússlandi“. ksi.is (исландски). Football Association of Iceland. 11 May 2018. Посетено на 11 May 2018.
Надворешни врски
уреди„Јон Дади Бодварсон“ на Ризницата ? |