Тоби Алдервеирелд

Тобијас Албертин Мауриц Алдервеирелд (роден на 2 март 1989 во Антверпен) — белгиски фудбалер, играч од одбраната на Ројал Антверпен и поранешен репрезентативец на Белгија (2009-2022).

Тоби Алдервеирелд
Лични податоци
Полно име Тобијас Албертин Мауритс
Алдервеирелд[1]
Роден на 2 март 1989(1989-03-02)(35 г.)
Роден во Антверпен, Белгија
Држава Белгија Белгија
Висина &100000000000001860000001,86 м[2]
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Ројал Антверпен Ројал Антверпен
Број 23
Младинска кариера
Жерминал Биршот Жерминал Биршот
Ајакс Ајакс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008-2013 Ајакс Ајакс 128 (7)
2013-2015 Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид 12 (1)
2014-2015Саутхемптон Саутхемптон 26 (1)
2015-2021 Тотенхем Тотенхем 174 (8)
2021-2022 Ал-Духаил Ал-Духаил 20 (0)
2022- Ројал Антверпен Ројал Антверпен 68 (10)
Репрезентација
2004 Белгија Белгија 15 3 (1)
2004 Белгија Белгија 16 2 (0)
2005-2006 Белгија Белгија 17 17 (3)
2006 Белгија Белгија 18 3 (0)
2006-2007 Белгија Белгија 19 9 (0)
2009-2010 Белгија Белгија 21 5 (0)
2009-2022 Белгија Белгија 127 (5)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 17 јануари 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 јануари 2012

Алдервирелд ја започнал својата кариера во холандскиот клуб, Ајакс, каде како продукт на академијата на клубот дошол до првиот тим и освоил три последователни титули во холандското првенство. Во 2013 година, тој се преселил во Атлетико Мадрид, каде што уште во првата негова година го освоил шпанското првенство и стигнал до финалето на Лигата на шампионите. Следната година ја поминал на позајмица во Саутхемптон, оставајќи одличен впечаток во Премиер лигата на Англија, по што трајно се преселил во ова првенство во летото 2015 година кога потпишал за Тотенхем. Токму во овој лондонски клуб поминал најголем дел од својата кариера, играјќи 6 сезони во кој запишал 236 настапи и одиграл уште едно финале на Лигата на шампионите во 2019 година. Откако го напуштил на Тотенхем, одиграл една сезона во Ал-Духаил, пред да се врати во својот роден град каде од 2022 година настапува за Ројал Антверпен.

За репрезентацијата на Белгија, Алдервеирелд настапувал од 2009 до 2022 година, забележувајќи 127 настапи и 5 голови; моментално тој е на третото место на вечната листа на играчи со најмногу настапи за Белгија. За својата земја настапил на три Светски во 2014, 2018 и 2022 и две Европски првенства во 2016 и 2020.

Титули

уреди

  Ајакс

уреди
2010-2011, 2011-2012, 2012-2013
2009-2010
2013

  Атлетико Мадрид

уреди
2013-2014

  Ал-Духаил

уреди
2022

  Ројал Антверпен

уреди
2022-2023
2022-2023
2023

Репрезентативни

уреди

  Белгија

уреди
  Трето место: 2018

Наводи

уреди
  1. „Player profile“.[мртва врска]
  2. „FIFA World Cup Qatar 2022: List of players: Belgium“ (PDF). FIFA. 15 November 2022. стр. 3. Посетено на 22 November 2022.

Надворешни врски

уреди