Аксел Витсел (Axel Witsel; роден на 12 јануари 1989 година, во Лиеж) — белгиски фудбалер, играч од средниот ред на Атлетико Мадрид и поранешен репрезентативец на Белгија (2008-2022).

Аксел Витсел
Лични податоци
Роден на 12 јануари 1989(1989-01-12)(35 г.)
Роден во Лиеж, Белгија
Држава Белгија Белгија
Висина &100000000000001860000001,86 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид
Број 20
Младинска кариера
2004-2006 Стандард Стандард
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2006-2011 Стандард Стандард 148 (33)
2011-2012 Бенфика Бенфика 32 (1)
2012-2017 Зенит Ст. Петербург Зенит Ст. Петербург 122 (16)
2017-2018 Тјанџин Кванџијан Тјанџин Кванџијан 36 (5)
2018-2022 Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд 105 (10)
2022- Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид 47 (1)
Репрезентација
2004 Белгија Белгија 15 1 (0)
2005 Белгија Белгија 16 2 (0)
2005-2006 Белгија Белгија 17 19 (0)
2006-2007 Белгија Белгија 18 5 (0)
2006 Белгија Белгија 19 3 (0)
2007-2009 Белгија Белгија 21 10 (0)
2008-2022 Белгија Белгија 130 (12)

Биографија

уреди

Роден е во Лиеж, од татко по потекло од Мартиник и мајка белгијка.[1][2] Неговиот татко Тјери е фудбалски тренер и поранешен фудбалер.

Во јуни 2015 година, Витсел се оженил со својата долгогодишна девојка Рафаела Сабо со која има три деца.[3][4]

Технички карактеристики

уреди

Како играч со добра техника и визија за играта, неговата природна улога е централен играч за врска, но бидејќи е многу флексибилен, тој може да ја покрие и улогата на медијано, десно крило и офанзивен играч за врска.[5] Поради неговата извонредна физичка подготвеност, но и неговата работа со топката, тој многу потсетува на Патрик Виера.[6] На залезот од кариерата, со неговото доаѓање во Атлетико Мадрид, заради споменатите карактеристики тренерот Симеоне измислил нова успешна улога за него, имплементирајќи го во одбраната како централен дефанзивец.

Клупска кариера

уреди

Почетоци

уреди

Своите први фудбалски чекори ги направил во клубот Визе од Лиеж, каде останал до 2004 година, кога на петнаесетгодишна возраст, бил прифатен во академијата на Стандард. Во 2004 година тој играл за Стандард на меѓународен турнир во Украина и бил избран за најдобар играч на натпреварувањето.

Стандард Лиеж

уреди

На 17 септември 2006 година, на возраст од само 17 години, Витсел го направил своето деби за првиот тим на Стандард во натпреварот од белгиското првенствo против Брисел, заменувајќи го Стивен Дефур во 89-тата минута. Единаесет дена подоцна, тој дебитирал во европските натпреварувања, повторно влегувајќи како резерва во натпреварот против Селта Виго во Купот на УЕФА.[7] Тренерот Мишел Прјудом, исто така, му укажал доверба и во остатокот од сезоната, а на 18 март тинејџерот го постигнал својот прв гол во кариерата во победата од 3-2 на гости против Руселаре.

Следната сезона, со 33 настапи и 7 гола тој бил клучна фигура во тимот на Стандард, кој станал шампион на Белгија на крајот на сезоната. Иако имал само 18 години, тој се наметнал во почетниот состав формирајќи успешно трио на средината заедно со други двајца млади белгиски играчи Стивен Дефур и Маруан Фелаини. Последователно, бил избран и за Најдобар играч во Белгија. Во сезоната 2008-2009, Витсел го постигнал решавачкиот гол од пенал, во баражот за титулата против Андерлехт, со кој на Стандард му носи нова шампионска титула.

На 30 август 2009 година, за време на првенствениот натпревар повторно против Андерлехт, пробувајќи да стигне до топката Витсел извршил груб прекршок згазнувајќи врз ногата на полскиот играч Марчин Василевски, предизвикувајќи му двојна фрактура на тибијата и фибулата.[8][9] По инцидентот, Витсел протестирал поради црвениот картон, тврдејќи дека тоа било несреќен случај без намера, пред да биде исфрлен од теренот. Подоцна тој се извинил, но бил предмет на критики од неколку медиуми и бројни смртни закани од гневните навивачи на Андерлехт и Полска.[10] Белгиската фудбалска федерација првично го суспендирала Витсел на 10 натпревари,[11][12] за потоа по жалбата да биде намалена на 8, додека паричната казна била смалена од 2500 на 250 евра.[13][14]

Во својата последна година во клубот, Витсел помогнал за освојувањето на Купот на Белгија, заработен со победата од 2-0 над Вестерло во финалето.[15]

 
Витсел со Бенфика во 2012

Бенфика

уреди

На 13 јули 2011 година, Витсел се преселил во португалската Бенфика која за него платила 13,5 милиони евра, потпишувајќи петгодишен договор.[16] Дебитирал во португалското првенство на 12 август, во ремито 2-2 на домашен терен против Жил Висенте, додека на своето деби со клубот во Лигата на шампионите, Витсел постигнал два гола против Твенте во плејоф рундата од квалификациите. На 9 јануари, го отворил резултатот во победата со 4-1 против Виторија Гимараеш. Неколку дена подоцна, тој му асистирал за гол на Нолито против Виторија Сетубал во уште една победа од 4-1. На 18 јануари 2012, постигнал гол против Санта Клара во победата со 2-0 со која бил потврден пласманот во полуфиналето на Лига купот на Португалија.[17] Бенфика стигнала до финалето на натпреварувањето, каде на 14 април го победиле Жил Висенте со 2-1, успех за кој Витсел дал важен придонес и бил прогласен за играч на натпреварот.[18]

Зенит

уреди

Откако го започна првенството со Бенфика, играјќи три натпревари, на 3 септември 2012 година, рускиот шампион Зенит ја платил ослободителната клаузула во неговиот договор од 40 милиони евра, со што го довел Витсел во својте редови.[19] На 14 септември 2012 година, Витсел го направил своето деби за Зенит, заменувајќи го Константин Зирјанов во 70-тата минута од домашниот натпревар против Терек Грозни.[20]

 
Витсел играјќи за Зенит во Лига Европа во 2016

Своите први голови Зенит, ги постигнал на 30 ноември 2012, кога два пати ја погодил мрежата на Спартак Москва во победата со 4-2 на Лужники.[21] Во првата сезона во Русија, под водството на италијанскиот тренер Лучано Спалети, Витсел излегол на теренот 19 пати во руското првенство и постигнал 4 гола, а играл уште и на три натпревари во купот, без да постигне гол; покрај тоа, тој бил стандарден и во натпреварите на Зенит во европските натпреварувања каде се појавил во 9 од 10 натпревари на руската екипа, најпрво во Лигата на шампионите, а потоа - откако не успеале да ја минат групната фаза на елитното натпреварување - и во УЕФА Лига Европа каде биле елиминирани во осминафиналето од швајцарскиот Базел и ниту голот на Витсел во реваншот не бил доволен (вкупен резултат 1-2).

Во сезоната 2014-2015, во која Зенит ја освоил титулата во руското првенство под водството на Андре Виљаш Боаш, Витсел одиграл 28 натпревари и постигнал 4 гола. Исто така, на 16 септември 2014, Витсел го постигнал својот прв гол за Зенит во Лигата на шампионите во победата со 2-0 во Лисабон против неговиот поранешен клуб Бенфика.[22] Сепак, откако Зенит уште еднаш не успеал да се пласира за нокаут-фазата и морал да го продолжи својот пат во европските натпреварувања во Лига Европа, таму Витсел постигнал гол во осминафиналето во победата со 2-0 над Торино на 12 март 2015.[23]

На 12 јули 2015, Зенит го освоил Суперкупот на Русија, совладувајќи ја екипата на Локомотив Москва по изведување на пенали, а Витсел бил еден од прецизните изведувачи за победничката екипа.[24] На 29 октомври 2015, тој постигнал два гола во победата со 5-0 на домашен терен над Тосно во осминафиналето на Купот на Русија; подоцна Зенит го освоил натпреварувањето победувајќи ги Амкар Перм по изведување на пенали во полуфиналето, каде Витсел уште еднаш бил еден од прецизните изведувачи, и ЦСКА Москва во финалето со 4-1, во кое Витсел играл до 82-рата минута.

Откако одиграл вкупно 23 натпревари за Зенит во првиот дел од сезоната 2016-2017, Витсел го напуштил клубот после 4 ипол години.

Тјанџин Кванџијан

уреди

И покрај понудите од голем број клубови од Европа,[25] на 3 јануари 2017 година, Витсел ја прифатил понудата на кинескиот Тјанџин Кваннџијан, поднебје кое во тој период било популарно и примамливо за голем број европски фудбалски ѕвезди поради богатите економски понуди за играчите.[26] Дебитирал на 4 март, во поразот со 2-0 од Гвангжу Р&Ф.[27] Една недела подоцна, тој го постигнал првиот гол за клубот во Суперлигата на Кина за време на ремито 1–1 со Шангај Шенхуа.[28] Првата сезона во кинескиот фудбал, Витсел ја завршил со 27 настапи и 4 гола, помагајќи му на клубот да го освои третото место на крајот од сезоната и да се квалификува за Азиската Лига на шампиони, иако штотуку изборил промоција во Суперлигата на Кина.

Борусија Дортмунд

уреди
 
Витсел играјќи за Борусија Дортмунд во 2021

На 6 август 2018 година, Витсел се вратил во Европа, потпишувајќи четригодишен договор со германскиот клуб член на Бундеслигата, Борусија Дортмунд.[29][30] На 21 август, за време на своето деби за милионерите, појавувајќи се од клупата тој го постигнал израмнувачкиот гол во судиското надополнување за да го израмни резултатот на 1–1, во натпреварот од првото коло на Купот на Германија против Гројтер Фирт, а подоцна неговиот тим продолжил понатаму славејќи победа по продолженија со 2-1.[31] Слично како и во купот, Витсел постигнал гол и на своето деби во Бундеслигата, погодувајќи со удар со глава во победата од 4-1 над РБ Лајпциг на 26 август.[32] Првата сезона со Борусија ја завршил со 43 настапи и 6 голови.

На 3 август 2019 година, Витсел го освоил својот прв трофеј во жолто-црниот дрес, Суперкупот на Германија, победувајќи го Бајерн Минхен со 2-0.

На 12 декември 2020, Витсел го одиграл 100-тиот натпревар за Борусија, во поразот на домашен терен со 1-5 од Штутгарт. На 9 јануари 2021, за време на натпреварот против Лајпциг, тој претрпел повреда на ахиловата тетива поради која морал да го пропушти остатокот од сезоната. Истата сезона, Борусија Дортмунд го освоила Купот на Геманија, но Витсел ги пропуштил повеќето од натпреварите на патот на неговата екипа до тој успех, вклучително и финалето, поради споменатата повреда.

За црно-жолтите одиграл вкупно 145 натпревари и постигнал 13 голови.

Атлетико Мадрид

уреди

На 7 јули 2022 година, Витсел потпишал едногодишен договор со Атлетико Мадрид, преку слободен трансфер по истекот на неговиот договор со Борусија Дортмунд.[33]

Репрезентативна кариера

уреди

Пред да го направи своето деби за сениорската репрезентација, Витсел играл за селекцијата под 21 година во 2007 година; забележал девет настапи, и помагнал репрезентацијата да стигне до полуфиналето на Европското првенство 2007.

На 26 март 2008 година, Витсел го направил своето за сениорите играјќи во пријателскиот натпревар на Белгија против Мароко. Натпреварот завршил со пораз на неговата земја од 1–4, но единствениот гол за Белгија го постигнал токму Витсел.[34]

 
Витсел пред почетокот на натпреварот на неговата Белгија против Австрија во квалификациите за Европското првенство 2012

Својот прв гол во официјален натпревар, Витсел го постигнал ден пред да бидат навршени три години од неговиот гол против Мароко, погодувајќи ја мрежата на Австрија во шесттата минута од натпреварот во Виенаквалификациската група А во квалификациите за Европското првенство 2012; во второто полувреме, тој постигнал уште еден гол поставувајќи го конечниот резултат 2-0 за Белгија.[35] Сепак, белгиските надежи за пласман на завршниот турнир, згаснале на 11 октомври 2011 година; нивниот пораз во последното коло од Германија во комбинација со победата на Турција значеле дека двете споменати репрезентации ги окупирале првите две места во групата, единствени кои давале право на учество на првенството, директно и преку баражот.[36]

Откако играл во сите 10 натпревари од квалификациите за Светското првенство 2014, кој Белгија успешно ги завршила освојувајќи го првото место во групата А пред Хрватска и Србија, Витсел се нашол на списокот на селекторот Марк Вилмотс од 23 играчи повикани да отпатуваат на завршниот турнир во Бразил.[37] Своето мундијалско деби го направил на 17 јуни 2014, играјќи го целиот натпревар од групната фаза против Алжир во Бело Хоризонте, кој белгијците го добиле со 2-1 со пресврт во второто полувреме.[38] Откако Белгија ја минала групната фаза, Витсел играл и во другите два натпревари на неговата земја: во осминафиналната победа по продолженија над САД, како и во четвртфиналето против Аргентина, во кое поразот од 1-0 означил крај за патот на Белгија на бразилската мундијалска авантура.[39]

Две години подоцна, Витсел се нашол на списокот повикани играчи и за Европското првенство 2016 во Франција.[40] Тој ги одиграл сите пет натпревари на репрезентацијата, на патот до новото четвртфинале, во кое овојпат Red Devils изненадувачки биле сопрени од репрезентацијата на Велс, која била подобра со 3-1. За време на турнирот, Витсел постигнал и еден гол, при победата со 3-0 над Ирска во групната фаза.[41]

 
Витсел играјќи за Белгија на Светското првенство 2018

Витсел постигнал два гола во квалификациите за Светското првенство 2018, двата во убедливите победи над Гибралтар,[42] а потоа бил повикан од новиот селектор Роберто Мартинес за мундијалот во Русија.[43] Таму одиграл комплетно шест од седумтте натпревари на Белгија (не настапил само во последниот натпревар од групата против Англија, пред кој Белгија веќе го осигурала пласамнот во следната рунда), давајќи голем придонес за освојувањето на третото место на првенството, најдобриот резултат на Red Devils во историјата на репрезентацијата.

На 15 ноември 2018 година, за време на натпреварот од УЕФА Лигата на нации добиен со 2-0 против Исланд, тој стигнал до својот 100-ти настап за националниот тим.[44][45]

Под водството на Мартинес, Витсел подоцна настапил на Европското првенство 2020 и на Светското првенство 2022, забележувајќи го на второто својот последен настап за репрезентацијата, во ремито 0-0 против Хрватска, кое значело елиминација за Белгија уште во групната фаза. Иако Витсел за разлика од некој свој колеги официјално не најавил дека се повлекува од репрезентацијата, новиот селектор Доменико Тедеско, не го повикал Витсел за квалификациските натпревари на Белгија во март 2023, наведувајќи го како причина недостатокот на одиграни минути за неговиот клуб Атлетико Мадрид.[46] Последователно, на 12 мај 2023 година, Витсел го објавил своето повлекување од националниот тим на Инстаграм.[47]

За белгиската репрезентација одиграл 130 натпревари и постигнал 7 гола. Моментално, тој е втор на вечната листа со најмногу настапи за репрезентацијата, зад Јан Вертонген.

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Белгија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
26-3-2008 Брисел Белгија   1 – 4   Мароко Пријателска 1   46'
30-5-2008 Фиренца Италија   3 – 1   Белгија Пријателска -   70'
20-8-2008 Нирнберг Германија   2 – 0   Белгија Пријателска -   64'
6-9-2008 Лиеж Белгија   3 – 2   Естонија Квал. за СП 2010 -
10-9-2008 Истанбул Турција   1 – 1   Белгија Квал. за СП 2010 -   76'
11-10-2008 Брисел Белгија   2 – 0   Ерменија Квал. за СП 2010 -
15-10-2008 Брисел Белгија   1 – 2   Шпанија Квал. за СП 2010 -
11-2-2009 Генк Белгија   2 – 0   Словенија Пријателска -   77'
1-4-2009 Зеница Босна и Херцеговина   2 – 1   Белгија Квал. за СП 2010 -   61'
17-11-2009 Седан Белгија   2 – 0   Катар Пријателска 1   62'
3-3-2010 Брисел Белгија   0 – 1   Хрватска Пријателска -
11-8-2010 Турку Финска   1 – 0   Белгија Пријателска -   73'
7-9-2010 Истанбул Турција   3 – 2   Белгија Квал. за Евро 2012 -   76'
8-10-2010 Астана Казахстан   0 – 2   Белгија Квал. за Евро 2012 -
12-10-2010 Брисел Белгија   4 – 4   Австрија Квал. за Евро 2012 -
9-2-2011 Гент Белгија   1 – 1   Финска Пријателска 1
25-3-2011 Виена Австрија   0 – 2   Белгија Квал. за Евро 2012 2
29-3-2011 Брисел Белгија   4 – 1   Азербејџан Квал. за Евро 2012 -
3-6-2011 Брисел Белгија   1 – 1   Турција Квал. за Евро 2012 -
10-8-2011 Цеље Словенија   0 – 0   Белгија Пријателска -   59'
2-9-2011 Баку Азербејџан   1 – 1   Белгија Квал. за Евро 2012 -
6-9-2011 Брисел Белгија   1 – 0   САД Пријателска -
7-10-2011 Брисел Белгија   4 – 1   Казахстан Квал. за Евро 2012 -
11-10-2011 Диселдорф Германија   3 – 1   Белгија Квал. за Евро 2012 -   84'
11-11-2011 Лиеж Белгија   2 – 1   Романија Пријателска -
15-11-2011 Сен-Дени Франција   0 – 0   Белгија Пријателска -
29-2-2012 Ираклион Грција   1 – 1   Белгија Пријателска -   58'
25-5-2012 Брисел Белгија   2 – 2   Црна Гора Пријателска -   69'
2-6-2012 Лондон Англија   1 – 0   Белгија Пријателска -
15-8-2012 Брисел Белгија   4 – 2   Холандија Пријателска -
7-9-2012 Кардиф Велс   0 – 2   Белгија Квал. за СП 2014 -
11-9-2012 Брисел Белгија   1 – 1   Хрватска Квал. за СП 2014 -
12-10-2012 Белград Србија   0 – 3   Белгија Квал. за СП 2014 -   53'
16-10-2012 Брисел Белгија   2 – 0   Шкотска Квал. за СП 2014 -   46'
14-11-2012 Букурешт Романија   2 – 1   Белгија Пријателска -
6-2-2013 Бриж Белгија   2 – 1   Словачка Пријателска -   86'
22-3-2013 Скопје Македонија   0 – 2   Белгија Квал. за СП 2014 -
26-3-2013 Брисел Белгија   1 – 0   Македонија Квал. за СП 2014 -
7-6-2013 Брисел Белгија   2 – 1   Србија Квал. за СП 2014 -
14-8-2013 Брисел Белгија   0 – 0   Франција Пријателска -
6-9-2013 Глазгов Шкотска   0 – 2   Белгија Квал. за СП 2014 -
11-10-2013 Загреб Хрватска   1 – 2   Белгија Квал. за СП 2014 -
15-10-2013 Брисел Белгија   1 – 1   Велс Квал. за СП 2014 -
14-11-2013 Брисел Белгија   0 – 2   Колумбија Пријателска -
19-11-2013 Брисел Белгија   2 – 3   Јапонија Пријателска -
5-3-2014 Брисел Белгија   2 – 2   Брег на Слоновата Коска Пријателска -   47'
26-5-2014 Генк Белгија   5 – 1   Луксембург Пријателска -   46'
1-6-2014 Солна Шведска   0 – 2   Белгија Пријателска -
7-6-2014 Брисел Белгија   1 – 0   Тунис Пријателска -   90+2'
17-6-2014 Бело Хоризонте Белгија   2 – 1   Алжир СП 2014 - Прва фаза -
22-6-2014 Рио де Жанеиро Белгија   1 – 0   Русија СП 2014 - Прва фаза -   54'
1-7-2014 Салвадор Белгија   2 – 1 прод.   САД СП 2014 - Осминафинале -
5-7-2014 Бразилија Аргентина   1 – 0   Белгија СП 2014 - Четвртфинале -
4-9-2014 Лиеж Белгија   2 – 0   Австралија Пријателска 1
12-11-2014 Брисел Белгија   3 – 1   Исланд Пријателска -
16-11-2014 Брисел Белгија   0 – 0   Велс Квал. за Евро 2016 -
28-3-2015 Брисел Белгија   5 – 0   Кипар Квал. за Евро 2016 -
31-3-2015 Ерусалим Израел   0 – 1   Белгија Квал. за Евро 2016 -
7-6-2015 Сен-Дени Франција   3 – 4   Белгија Пријателска -   81'
12-6-2015 Кардиф Велс   1 – 0   Белгија Квал. за Евро 2016 -
3-9-2015 Брисел Белгија   3 – 1   Босна и Херцеговина Квал. за Евро 2016 -
6-9-2015 Никозија Кипар   0 – 1   Белгија Квал. за Евро 2016 -
10-10-2015 Андора ла Веља Андора   1 – 4   Белгија Квал. за Евро 2016 -
13-10-2015 Брисел Белгија   3 – 1   Израел Квал. за Евро 2016 -   66'
13-11-2015 Брисел Белгија   3 – 1   Италија Пријателска -
29-3-2016 Леирија Португалија   2 – 1   Белгија Пријателска -  
28-5-2016 Женева Швајцарија   1 – 2   Белгија Пријателска -
1-6-2016 Брисел Белгија   1 – 1   Финска Пријателска -
5-6-2016 Брисел Белгија   3 – 2   Норвешка Пријателска -   57'
13-6-2016 Лион Белгија   0 – 2   Италија Евро 2016 - Прва фаза -
18-6-2016 Бордо Белгија   3 – 0   Ирска Евро 2016 - Прва фаза 1
22-6-2016 Ница Шведска   0 – 1   Белгија Евро 2016 - Прва фаза -   45+1'
26-6-2016 Тулуза Унгарија   0 – 4   Белгија Евро 2016 - Осминафинале -
1-7-2016 Вилнев д’Аск Велс   3 – 1   Белгија Евро 2016 - Четвртфинале -
1-9-2016 Брисел Белгија   0 – 2   Шпанија Пријателска -
6-9-2016 Никозија Кипар   0 – 3   Белгија Квал. за СП 2018 -
7-10-2016 Брисел Белгија   4 – 0   Босна и Херцеговина Квал. за СП 2018 -
10-10-2016 Фаро Гибралтар   0 – 6   Белгија Квал. за СП 2018 1
9-11-2016 Амстердам Холандија   1 – 1   Белгија Пријателска -
13-11-2016 Брисел Белгија   8 – 1   Естонија Квал. за СП 2018 -   88'
25-3-2017 Брисел Белгија   1 – 1   Грција Квал. за СП 2018 -   72'
28-3-2017 Сочи Русија   3 – 3   Белгија Пријателска -   66'
9-6-2017 Талин Естонија   0 – 2   Белгија Квал. за СП 2018 -
31-8-2017 Лиеж Белгија   9 – 0   Гибралтар Квал. за СП 2018 1   40'
10-10-2017 Брисел Белгија   4 – 0   Кипар Квал. за СП 2018 -
10-11-2017 Брисел Белгија   3 – 3   Мексико Пријателска -
14-11-2017 Бриж Белгија   1 – 0   Јапонија Пријателска -   84'
27-3-2018 Брисел Белгија   4 – 0   Саудиска Арабија Пријателска -
6-6-2018 Брисел Белгија   3 – 0   Египет Пријателска -   46'
11-6-2018 Брисел Белгија   4 – 1   Костарика Пријателска -
18-6-2018 Сочи Белгија   3 – 0   Панама СП 2018 - Прва фаза -   90'
23-6-2018 Москва Белгија   5 – 2   Тунис СП 2018 - Прва фаза -
2-7-2018 Ростов Белгија   3 – 2   Јапонија СП 2018 - Осминафинале -
6-7-2018 Казањ Бразил   1 – 2   Белгија СП 2018 - Четвртфинале -
10-7-2018 Санкт Петербург Франција   1 – 0   Белгија СП 2018 - Полуфинале -
14-7-2018 Санкт Петербург Белгија   2 – 0   Англија СП 2018 - за 3. место -   90+3'
11-9-2018 Рејкјавик Исланд   0 – 3   Белгија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -
12-10-2018 Брисел Белгија   2 – 1   Швајцарија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -
16-10-2018 Брисел Белгија   1 – 1   Холандија Пријателска -
15-11-2018 Брисел Белгија   2 – 0   Исланд УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза - [48]
18-11-2018 Луцерн Швајцарија   5 – 2   Белгија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -
8-6-2019 Брисел Белгија   3 – 0   Казахстан Квал. за Евро 2020 -
11-6-2019 Брисел Белгија   3 – 0   Шкотска Квал. за Евро 2020 -
13-10-2019 Астана Казахстан   0 – 2   Белгија Квал. за Евро 2020 -   82'
16-11-2019 Санкт Петербург Русија   1 – 4   Белгија Квал. за Евро 2020 -
5-9-2020 Копенхаген Данска   0 – 2   Белгија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза -
8-9-2020 Брисел Белгија   5 – 1   Исланд УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза 1
11-10-2020 Лондон Англија   2 – 1   Белгија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза -
14-10-2020 Рејкјавик Исланд   1 – 2   Белгија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза -   85'
15-11-2020 Левен Белгија   2 – 0   Англија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза -   44'
17-6-2021 Копенхаген Данска   1 – 2   Белгија Евро 2020 - Прва фаза -   59'
21-6-2021 Санкт Петербург Финска   0 – 2   Белгија Евро 2020 - Прва фаза -
27-6-2021 Севиља Белгија   1 – 0   Португалија Евро 2020 - Осминафинале -
2-7-2021 Минхен Белгија   1 – 2   Италија Евро 2020 - Четвртфинале -
2-9-2021 Талин Естонија   2 – 5   Белгија Квал. за СП 2022 1
5-9-2021 Брисел Белгија   3 – 0   Чешка Квал. за СП 2022 -   71'
7-10-2021 Торино Белгија   2 – 3   Франција УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Полуфинале -
10-10-2021 Торино Италија   2 – 1   Белгија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - за 3. место -   56'
13-11-2021 Брисел Белгија   3 – 1   Естонија Квал. за СП 2022 -
16-11-2021 Кардиф Велс   1 – 1   Белгија Квал. за СП 2022 -
3-6-2022 Брисел Белгија   1 – 4   Холандија УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза -   67'
8-6-2022 Брисел Белгија   6 – 1   Полска УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза 1   36'   84'
11-6-2022 Кардиф Велс   1 – 1   Белгија УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза -   90+3'
14-6-2022 Варшава Полска   0 – 1   Белгија УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза -   46'
22-9-2022 Брисел Белгија   2 – 1   Велс УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза -
25-9-2022 Амстердам Холандија   1 – 0   Белгија УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза -
18-11-2022 Ал Кувајт Белгија   1 – 2   Египет Пријателска -
23-11-2022 Ал Рајан Белгија   1 – 0   Канада СП 2022 - Прва фаза -
27-11-2022 Доха Белгија   0 – 2   Мароко СП 2022 - Прва фаза -
1-12-2022 Ал Рајан Хрватска   0 – 0   Белгија СП 2022 - Прва фаза -
Вкупно Настапи (2. место) 130 Голови 12

Статистика на кариерата

уреди

Клупска статистика

уреди

Статистиката е ажурирана на 16 април 2024.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2006-2007   Стандард Д1 16 2 КБ 5 1 КУ 1 0 - - - 22 3
2007-2008 Д1 33 7 КБ 6 1 КУ 3[49] 2[50] - - - 42 10
2008-2009 ПЛ 33+2[51] 7+1[51] КБ 0 0 ЛШ+КУ 2[52]+8 0+1 СБ 1 0 46 9
2009-2010 ПЛ 22+5[51] 5+1[51] КБ 1 1 ЛШ+ЛЕ 6+6 0+3 СБ 1 1 41 11
2010-2011 ПЛ 28+9[51] 7+3[51] КБ 6 2 - - - - - - 43 12
Вкупно Стандард Лиеж 132+16 28+5 18 5 26 6 2 1 194 45
2011-2012   Бенфика ПЛ 29 1 КП+ЛКП 2+4 0+2 ЛШ 14[53] 2[54] - - - 49 5
авг.-сеп. 2012 ПЛ 3 0 КП+ЛКП - - ЛШ - - - - - 3 0
Вкупно Бенфика 32 1 6 2 14 2 - - 52 5
сеп. 2012-2013   Зенит Санкт Петербург ПЛ 19 4 КР 3 0 ЛШ+ЛЕ 5+4 0+1 - - - 31 5
2013-2014 ПЛ 30 4 КР 1 0 ЛШ 11[53] 0 СР 1 0 43 4
2014-2015 ПЛ 28 4 КР 1 0 ЛШ+ЛЕ 7[53]+6 1+1 - - - 42 6
2015-2016 ПЛ 29 3 КР 4 2 ЛШ 7 1 СР 1 0 41 6
2016-јан. 2017 ПЛ 16 1 КР 1 0 ЛЕ 6 0 СР 0 0 23 1
Вкупно Зенит Санкт Петербург 122 16 10 2 46 4 2 0 180 22
2017   Тјанџин Кванџијан КСЛ 27 4 КК 2 0 - - - - - - 29 4
јан.-авг. 2018 КСЛ 9 1 КК 1 1 АЛШ 7+1[55] 0 - - - 18 2
Вкупно Тјанџин Кванџијан 36 5 3 1 8 0 - - 47 6
2018-2019   Борусија Дортмунд 33 4 КГ 3 1 ЛШ 7 1 - - - 43 6
2019-2020 28 4 КГ 3 0 ЛШ 7 0 SG 1 0 39 4
2020-2021 15 0 КГ 2 0 ЛШ 5 1 SG 0 0 22 1
2021-2022 28 2 КГ 3 0 ЛШ+ЛЕ 6+2 0 СГ 1 0 40 2
Вкупно Борусија Дортмунд 104 10 11 1 27 2 2 0 145 13
2022-2023   Атлетико Мадрид ПД 33 0 КШ 4 0 ЛШ 6 0 - - 43 0
2023-2024 ПД 30 2 КШ 5 0 ЛШ 10 0 СШ 1 0 46 2
Вкупно Атлетико Мадрид 63 2 9 0 16 0 1 0 89 2
Вкупно во кариерата 505 67 57 11 137 14 6 1 705 93

Репрезентативна статистика

уреди
Репрезентација Година Настапи Голови
  Белгија 2008 7 1
2009 3 1
2010 5 0
2011 11 3
2012 9 0
2013 10 0
2014 11 1
2015 9 0
2016 15 2
2017 7 1
2018 13 0
2019 5 0
2020 5 1
2021 10 1
2022 10 1
Вкупно 130 12

Титули

уреди
 
Витсел ја слави титулата освоена во руското првенство во 2015.
 
Витсел со бронзениот медал освоен со Белгија на Светското првенство 2018 во Русија.

Клупски

уреди

  Стандард Лиеж

уреди
2007–2008, 2008–2009
2010-2011
2008, 2009

  Бенфика

уреди
2011-2012

  Борусија Дортмунд

уреди
2020-2021
2019

Репрезентативни

уреди

  Белгија

уреди
  Трето место: 2018

Поединечни

уреди
2008
2012

Наводи

уреди
  1. „Mondial 2018 - France Belgique: Axel Witsel, l'autre Antillais endiablé“. franceinfo. franceinfo. 10 July 2018. Посетено на 11 July 2018.
  2. Dalmat, Syanie (10 July 2018). „Axel Witsel, le Belge qui aurait pu jouer pour la France“. L'Equipe. Посетено на 11 July 2018.
  3. „Axel Witsel en très charmante compagnie“. La Dernière Heure (француски). 23 October 2012. Архивирано од изворникот на 31 August 2017. Посетено на 23 April 2014.
  4. „Axel & Rafaella Witsel éblouissants lors de leur mariage religieux“. Sudinfo.be (француски). 13 June 2015. Архивирано од изворникот на 25 June 2016. Посетено на 31 August 2017.
  5. „Alex Witsel“. Transfermarkt.it. Посетено на 24 ноември 2012.
  6. „Witsel, il belga che studia Vieira e Sissoko“. Corrieredellosport.it. 19 мај 2009. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Посетено на 24 ноември 2012. Занемарен непознатиот параметар |dataarchivio= (се препорачува |archive-date=) (help); Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  7. „Celta Vigo-Standard Liegi 3-0“. 28 септември 2006. Посетено на 24 ноември 2012.
  8. „Witsel breekt been van Wasilewski in tackle“. Sporza. Архивирано од изворникот на 1 September 2009. Посетено на 31 August 2009.
  9. „Anderlecht-Standard faute d'Axel Witsel sur Wasilewski“. YouTube. Посетено на 31 August 2009.Предлошка:Dead YouTube link
  10. „Standard Liege Stars Defour & Witsel Receive Death Threats - Report - Goal.com“. 1 September 2009. Архивирано од изворникот на 16 January 2014. Посетено на 26 June 2016.
  11. „Stangata per Witsel: fuori 10 giornate“. 24 maggio 2009. Посетено на 24 ноември 2012. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  12. „Standard, 11 giornate di squalifica a Witsel per entrata killer“. 2 септември 2009. Посетено на 24 ноември 2012.
  13. „Standard Liegi, squalifica ridotta a Witsel“. 4 settembre 2009. Посетено на 24 ноември 2012. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  14. „Calcio: Belgio, squalifica ridotta a Witsel per l'intervento killer“. 4 септември 2009. Занемарен непознатиот параметар |accesso-date= (help); Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  15. „Standard Liegi-Westerlo 2-0“. 21 мај 2011. Посетено на 24 ноември 2012.
  16. „Milan, in Portogallo rivelano l'offerta per Witsel“. 12 мај 2012. Посетено на 24 ноември 2012.
  17. „Benfica 2–0 Sta. Clara“. LPFP. Архивирано од изворникот на 1 August 2013. Посетено на 3 December 2012.
  18. „Witsel foi o Man of The Match“. LPFP. 15 April 2012. Архивирано од изворникот на 14 July 2012. Посетено на 3 December 2012.
  19. Ето я и следващата трансферна бомба на Зенит Архивирано на 8 септември 2012 г.; Sportal, 3 септември 2012
  20. „Zenit 0 – 2 Terek Grozny“. ESPNFC. 14 September 2012. Архивирано од изворникот на 2013-01-24. Посетено на 2024-05-06.
  21. „Spartak Moscow 2 – 4 Zenit St Petersburg“. ESPNFC. 30 November 2012.
  22. „Familiar Zenit faces come back to haunt Benfica“. UEFA. 16 September 2014. Посетено на 17 July 2015.
  23. „Zenit ease to victory over ten-man Torino“. UEFA. 12 March 2015. Посетено на 17 July 2015.
  24. „Суперкубок России по футболу 2015, Финал“. RFPL (руски). 12 July 2015. Посетено на 17 July 2015.
  25. „Belgian ace Axel Witsel spurns Juventus to join China's Tianjin Quanjian“. scmp.com. 2017-01-04. Посетено на 2019-10-24.
  26. „Witsel will continue his career in China“ (руски). FC Zenit Saint Petersburg. 3 January 2017.
  27. „Alexandre Pato struggles as Tianjin Quanjian slump vs. Guangzhou R&F“. ESPN. 4 March 2017.
  28. „Witsel scores Quanjian's maiden CSL goal“. MSN. 11 March 2017.
  29. „Axel Witsel to join Borussia Dortmund from Tianjin Quanjian“. SkySports. Посетено на 7 August 2018.
  30. „Axel Witsel arrives at the BVB training camp“. Borussia Dortmund. Архивирано од изворникот на 2018-08-06. Посетено на 7 August 2018.
  31. „Axel Witsel saves Borussia Dortmund on debut in German Cup“. BBC Sport. Посетено на 21 August 2018.
  32. „Borussia Dortmund 4-1 RB Leipzig: As it happened!“. Bundesliga. Архивирано од изворникот на 2018-08-27. Посетено на 27 August 2018.
  33. „Club Atlético de Madrid - Witsel is now a Red & White player“. Club Atlético de Madrid (англиски). 6 July 2022. Посетено на 7 July 2022.
  34. „Axel Witsel marque, Stijn Stijnen se troue deux fois“. Le Soir (француски). 27 March 2008. Посетено на 4 December 2014.
  35. „Witsel bezorgt Rode Duivels zege van de hoop“. Sporza (холандски). 25 March 2011. Архивирано од изворникот на 2 September 2017. Посетено на 4 December 2014.
  36. Potter, Steffen (11 October 2011). „Germany stamp out Belgium's fire“. uefa.com. Union of European Football Associations. Посетено на 24 January 2018.
  37. „Adnan Januzaj included in Belgium's World Cup squad“. BBC Sport. 13 May 2014. Посетено на 15 May 2014.
  38. Chowdhury, Saj (17 June 2014). „Belgium 2–1 Algeria“. BBC Sport. Посетено на 17 June 2014.
  39. „Argentina vs. Belgium: Red Devils Fail to Punish Midfield Mismatch“. bleacherreport. 5 јули 2014. Посетено на 7 мај 2024.
  40. BelgianRedDevils [@@BelRedDevils] (31 May 2016). „.OFFICIAL ! Our final #Euro2016 squad list & numbers ! #TousenFrance“ (Tweet). Посетено на 24 January 2018 – преку Twitter.
  41. Lowe, Sid (18 June 2016). „Belgium get going as Romelu Lukaku punishes Republic of Ireland“. The Guardian. Посетено на 14 October 2016.
  42. Dorman, Matt (31 August 2017). „Belgium 9 Gibraltar 0: Trebles for Meunier and Lukaku as Hazard makes scoring return“. Goal.com. Посетено на 4 September 2018.
  43. „World Cup 2018: Belgium include Vincent Kompany but Christian Benteke misses out“. BBC Sport. 4 June 2018. Посетено на 4 September 2018.
  44. „Belgio, Witsel fa 100: 'Hazard esempio di calma' VIDEO“. Посетено на 18 ноември 2018.
  45. „Borussia Dortmund International Roundup: Witsel earns 100th cap, Sancho gets first assist“ (англиски). BVB Buzz. 16 ноември 2018. Посетено на 18 ноември 2018. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)[мртва врска]
  46. „Belgium coach Tedesco wields the axe for Euro qualifiers“. Reuters (англиски). 17 March 2023. Посетено на 17 March 2023.
  47. „Belgium midfielder Witsel retires from international football“. Reuters. 12 May 2023. Посетено на 12 May 2023.
  48. 100. настап
  49. 1 настап во второто квалификациско коло.
  50. Второ квалификациско коло.
  51. 51,0 51,1 51,2 51,3 51,4 51,5 Плејоф.
  52. Трето квалификациско коло.
  53. 53,0 53,1 53,2 4 настапи во квалификациските кола.
  54. Во плејоф.
  55. Во квалификациските кола

Надворешни врски

уреди