Европско првенство во фудбал 2016
Европското првенство во фудбал 2016 (УЕФА Евро 2016) — 15-тото Европско фудбалско првенство. Натпреварувањето се одржало од 10 јуни до 10 јули 2016 година, а домаќинот Франција бил избран на 28 мај 2010 година. На ова првенство по првпат бројот на учесници бил проширен од 16 на 24 репрезентации.
Европско првенство во фудбал 2016 Европско првенство во фудбал 2016 | |
---|---|
Општо за првенството | |
Домаќин(и) | Франција |
градови | 10 |
стадиони | 10 |
Период на одржување | 10 јуни — 10 јули 2016 |
Број на учесници | 24 |
Распределба на медалите | |
Шампион | Португалија |
Второ место | Франција |
Трето место | Германија Велс |
Статистички податоци за првенството | |
Посетеност | 2.427.303 (47.594 по натпревар) |
Одиграно натпревари | 51 |
Дадено голови | 108 (2.12 по натпревар) |
Најдобар стрелец | Антоан Гризман (6 гола) |
Најдобар играч | Антоан Гризман[1] |
← 2012 2020 →
|
Првенството го освоила Португалија, која во финалето го победила домаќинот Франција по продолженија.
Изборот на домаќин
уредиПред истекот на рокот на 9 март 2009 година за избор на домаќин на Европското првенство во фудбал 2016, кандитатура за домаќини поднеле Франција, Турција и Италија како и Норвешка и Шведска кои пријавиле заедничка кандидатура.[2] Во декември истата година Норвешка и Шведска ја повлекле својата кандитатура.[3]
Одлуката за домаќин на Европското првенство била донесена на 28 мај 2010.[4]
- Резултати од гласањето
Држава | Рунда[5] | |
---|---|---|
1. (бодови) | 2. (гласови) | |
Франција | 43 | 7 |
Турција | 38 | 6 |
Италија | 23 | – |
Вкупно | 104 | 13 |
Квалификции
уредиГрупа А | Група Б | Група Ц |
---|---|---|
Чешка | Белгија | Шпанија |
Исланд | Велс | Словачка |
Турција | БиХ | Украина |
Холандија | Израел | Белорусија |
Казахстан | Кипар | Луксембург |
Латвија | Андора | Македонија |
Група Д | Група Е | Група Ф |
Германија | Англија | Северна Ирска |
Полска | Швајцарија | Романија |
Ирска | Словенија | Унгарија |
Шкотска | Естонија | Финска |
Грузија | Литванија | Фарски Острови |
Гибралтар | Сан Марино | Грција |
Група Г | Група Х | Група И |
Австрија | Италија | Португалија |
Русија | Хрватска | Албанија |
Шведска | Норвешка | Данска |
Црна Гора | Бугарија | Србија |
Лихтенштајн | Азербејџан | Ерменија |
Молдавија | Малта |
Со проширувањето на 24 екипи, среднорангираните репрезентации имале поголема шанса да се квалификуваат за завршницата на Европското првенство. Дотогашниот квалификациски формат од 9 групи со по шест и пет репрезентации останал ист, а екипите се поделени по групи според коефициентот на УЕФА. Вкупно 53 репрезентации пробале да се изборат за 23-те места кој воделе во завршницата на првенството и така да му се приклучат на домаќинот Франција, која била единствената репрезентација која се пласирала директно без да игра квалификации. Репрезентацијата на Гибралтар за првпат настапила во квалификациите за Европско првенство, откако официјално во 2013 година била призната како членка на УЕФА.
Квалификациските групи биле извлечени на 23 февруари 2014 во Ница.[6] По завршувањето на натпреварувањето по групи, првопласираните и второпласираните репрезентации од секоја група се пласирале директно на завршниот турнир, заедно со најдобрата третопласирана репрезентација (не земајќи во обѕир натпреварите со одиграни со репрезентациите кои биле на 6 место во групите), која на крајот била Турција. Останатите репрезентации кои завршиле на трето место во групите играле бараж-двобои, при што четирите победници исто така се квалификувале за првенството.[7][8][9]
Квалификувани репрезентации
уредиВкупно 13 од 16 репрезентации (вклучувајќи го и домаќинот Франција) кои настапиле на првенството во 2012 успеале да се квалификуваат и за овој турнир. Меѓу нив е и Англија, која станала само шестата репрезентација со максимално остварување во квалификациите (10 победи во 10 натпревари);[10] бранителот на титулата Шпанија; и светскиот првак Германија, која се квалификувала за своето 12-то едноподруго европско првенство.[11] Романија, Турција, Австрија и Швајцарија се вратиле во завршницата на европските првенства откако го пропуштиле првенството во 2012, со тоа што Австријците се квалификувале само за своето второ европско првенство, после она во 2008 кога биле домаќини.[12] Меѓу репрезентациите кој се вратиле на првенството по подолго време се вбројува Белгија, која се пласирала на Евро по првпат кога биле домаќини на првенството во 2000 и Унгарија која настапила по првпат после 44 години и првенството во 1972 и 30 години после нивниот последен настап на некое големо натпреварување (Светското првенство 1986 во Мексико).
Пет репрезентации се квалификувале на своето прво Европско првенство во фудбал: Албанија, Исланд, Северна Ирска, Словачка и Велс.[12] Освен тоа, репрезентациите на Албанија и Исланд никогаш претходно не играле на ниту едно големо натпреварување.[12] Исто така, Австрија и Украина по првпат успешно се квалификувале за едно ЕП, со оглед на тоа дека претходно настапувале само како домаќини во (2008 и 2012). Шкотска била единствената британска нација која не успеала да се квалификува за завршницата,[13] а вредно за споменување е и разочарувачкото последно место во квалификациската група за шампионот од 2004 Грција. Исто така, уште два поранешни победници не се квалификувале: победникот од 1988, Холандија и шампионот од 1992, Данска; Холанѓаните не се квалификувале за првпат од првенството 1984 (исто така одржано во Франција) и само 16 месеци по освојувањето на третото место на Светското првенство 2014 во Бразил[14], а за Данците ова е второ пропуштено првенство во последните 32 години откако во дополнителните квалификации биле поразени од Шведска.
Екипа | Начин на квалификување | Дата на квалификување | Претходни првенства1 2 |
---|---|---|---|
Франција | Како домаќин | (8) (1960, 1984, 1992, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012) | |
Англија | Победник во групата Е | (8) (1968, 1980, 1988, 1992, 1996, 2000, 2004, 2012) | |
Чешка | Победник во групата А | (5) (1996, 2000, 2004, 2008, 2012) | |
Исланд | Второпласирани во групата А | (0) (дебитант) | |
Австрија | Победник во групата Г | (1) (2008) | |
Северна Ирска | Победник во групата Ф | (0) (дебитант) | |
Португалија | Победник во групата И | (6) (1984, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012) | |
Шпанија | Победник во групата Ц | (9) (1964, 1980, 1984, 1988, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012) | |
Швајцарија | Второпласирани во групата Е | (3) (1996, 2004, 2008) | |
Италија | Победник во групата Х | (8) (1968, 1980, 1988, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012) | |
Белгија | Победник во групата Б | (4) (1972, 1980, 1984, 2000) | |
Велс | Второпласирани во групата Б | (0) (дебитант) | |
Романија | Второпласирани во групата Ф | (4) (1984, 1996, 2000, 2008) | |
Албанија | Второпласирани во групата И | (0) (дебитант) | |
Германија | Победник во групата Д | (11) (1972, 1976, 1980, 1984, 1988, 1992, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012) | |
Полска | Второпласирани во групата Д | (2) (2008, 2012) | |
Русија | Второпласирани во групата Г | (4) (1996, 2004, 2008, 2012) | |
Словачка | Второпласирани во групата Ц | (0) (дебитант) | |
Хрватска | Второпласирани во групата Х | (4) (1996, 2004, 2008, 2012) | |
Турција | Најдобра третопласирана екипа | (3) (1996, 2000, 2008) | |
Унгарија | Победник во баражот | (2) (1964, 1972) | |
Ирска | Победник во баражот | (2) (1988, 2012) | |
Шведска | Победник во баражот | (5) (1992, 2000, 2004, 2008, 2012) | |
Украина | Победник во баражот | (1) (2012) |
- 1 Задебелениот текст го означува шампионот на тоа првенство.
- 2 Закосениот текст го означува домаќинот на тоа првенство.
Стадиони
уредиВо почетокот, дванаесет стадиони биле претставени во кандидатурата на Франција која е избрана на 28 мај 2010 за домаќин на Европското првенство. До мај 2011, тој број се смалил на девет. Меѓутоа, во јуни било предложено бројот на стадионите да се прошири на единаесет.[15] Сепак, Фудбалскиот сојуз на Франција одбрал девет стадиони за одигрување на натпреварите на првенството.
Изборот за првите седум стадиони бил неприкосновен - националниот стадион во Франција, Стад де Франс, четирите новоизградени стадиони во Лил, Лион, Ница и Бордо, како и стадионите во Париз и Марсеј. Последните две преостанати места, откако Стразбур се откажал од финансиски причини,[16] избрани биле Ленс и Нанси во првиот круг на гласање, наместо Сент-Етјен и Тулуза кои биле оставени како алтернатива.
Во јуни 2011 година, бројот на стадионите бил зголемен на единаесет поради новиот формат на турнирот кој вклучува 24 екипи, наместо дотогашните 16.[17][18] Одлуката значела дека градовите резерви, Тулуза и Сент-Етјен, се придружиле на пописот градови домаќини. Меѓутоа, во декември 2011 година, градот Нанси најавил повлекување од турнирот, поради неуспешниот обид за реновирање на стадионот, што значело дека првенството ќе се игра на десет стадиони.[19]
Стад де ла Божоар во Нант и Стад де ла Мосон во Монпелје (стадиони кој биле користени за време на Светското првенство 1998) не биле избрани. Конечниот список од десет стадиони бил потврден од извршниот комитет на УЕФА на 25 јанауари 2013 година.[20]
- ^1 – Градот бил домаќин на Светското првенство 1938
- ^2 – Градот бил домаќин на Светското првенство 1998
- ^3 – Градот бил домаќин на Европското првенство 1960
- ^4 – Градот бил домаќин на Европското првенство 1984
- ^5 – Градот бил домаќин на ФИФА КК 2003
- ^6 – Капацитетите на стадионите се приближни.
Формат на натпреварување
уредиЗа да се опфати проширувањето од 16 на 24 репрезентации, променет е форматот на натпреварување кој се користел на претходното првенство со додавање на уште две дополнителни групи во групната фаза на натпреварување, како и еден додатен круг во нокаут-фазата. Во шесте групи (A до Ф) се наоѓаат по четири репрезентации, со тоа што двете првопласирани од секоја група поминуваат понатаму во нокаут фазата. Исто така, ним ќе им се приклучат и четирите најдобри третопласирани селекции. Ваквиот начин на натпреварување е веќе применуван на Светските првенства 1986, 1990 и 1994 со исклучок на играње на натпревар за трето место. Ваквиот формат на натпреварување носи одигрување на вкупно 51 натпревар за разлика од претходниот турнир на кој е одигран 31 натпревар, кои се играле во период од 31 ден.[21]
Состави
уредиРезултати
уредиПравила на натпреварувањето
уредиДоколку две или повеќе екипи имаат ист број на бодови по завршувањето на групната фаза на натпреварување, ќе се применуваат следниве критериуми:[22]
- Поголем број на освоени бодови во одиграните натпревари измеѓу екипите кој се во прашање;
- Подобра гол-разлика која произлегува од одиграните натпревари помеѓу екипите кој се во прашање;
- Поголем број на постигнати двобои во одиграните натпревари помеѓу екипите кој се во прашање;
- Ако и понатаму, и после применувањето на критериумите од 1 до 3, екипите се изедначени, критериумите од 1 до 3 ќе се повторат исклучиво за натпреварите помеѓу екипите кои се во прашање како би се утврдила конечната ранг листа. Ако оваа постапка не доведе до одлука, тогаш ќе се применуваат критериумите од 5 до 9:
- Подобра гол-разлика вклучувајќи ги сите натпревари во групата;
- Поголем број постигнати голови вклучувајќи ги сите натпревари во групата;
- Ако само две екипи имаат ист број на бодови, а тие се изедначени според критериумите 1-6 откако ќе се сретнат во последното коло од групната фаза, нивното рангирање ќе се одреди со изведување на пенали. (Овој критериум не се користи ако повеќе од две екипи имаат ист број на бодови.)
- „Фер-плеј“ однесувањето (1 бод за еден жолт картон, 3 бода за црвен картон како последица на два жолти картони, 3 бода за директен црвен картон, 4 бода за жолт картон по кој следи директен црвен картон);
- Позиција на Ранг списокот на УЕФА.
Четирите најдобри третопласирани екипи се одредуваат според следните критериуми:[22]
- Поголем број освоени бодови;
- Подобра гол-разлика;
- Поголем број на постигнати голови;
- „Фер-плеј“;
- Позиција на Ранг списокот на УЕФА.
Групна фаза
уредиРаспоредот на натпреварување во групната фаза УЕФА го објавила на 25 април 2014 година.[23][24] Времето на одигрување на натпреварите е прикажано по месно време, CEST (UTC+2). Победниците на групите, второпласираните екипи и четирите најдобри третопласирани екипи ќе обезбедат учество во нокаут-фазата на турнирот.
Група A
уредиПоз. | Репрезентација | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Франција | 7 | 3 | 2 | 1 | 0 | 4 | 1 | +3 |
2. | Швајцарија | 5 | 3 | 1 | 2 | 0 | 2 | 1 | +1 |
3. | Албанија | 3 | 3 | 1 | 0 | 2 | 1 | 3 | -2 |
4. | Романија | 1 | 3 | 0 | 1 | 2 | 2 | 4 | -2 |
10 јуни 2016 | Франција | 2-1 | Романија | Сен Дени |
---|---|---|---|---|
21:00 |
Жиру 57' Паје 89' |
Извештај | Станку 65' (пен) | Стадион: Стад де Франс Гледачи: 75.113[25] Судија: Виктор Кашаи |
11 јуни 2016 | Албанија | 0-1 | Швајцарија | Ленс |
---|---|---|---|---|
15:00 |
Извештај | Шер 5' | Стадион: Стад Болар-Делелис Гледачи: 33,805[26] Судија: Карлос Веласко Карбалјо |
15 јуни 2016 | Романија | 1-1 | Швајцарија | Париз |
---|---|---|---|---|
18:00 |
Станку 18' (пен) | Извештај | Мехмеди 57' | Стадион: Парк на принцовите Гледачи: 43,576[27] Судија: Сергеј Карасев |
15 јуни 2016 | Франција | 2-0 | Албанија | Марсеј |
---|---|---|---|---|
21:00 |
Гризман 90' Паје 90+6' |
Извештај | Стадион: Велодром Гледачи: 63,670[28] Судија: Вили Колум |
19 јуни 2016 | Швајцарија | 0-0 | Франција | Лил |
---|---|---|---|---|
21:00 |
Извештај | Стадион: Стад Пјер-Моруа Гледачи: 45,616[29] Судија: Дамир Скомина |
15 јуни 2016 | Романија | 0-1 | Албанија | Лион |
---|---|---|---|---|
21:00 |
Извештај | Садику 43' | Стадион: Лумиер Гледачи: 49,752[30] Судија: Павел Краловец |
Група Б
уредиПоз. | Репрезентација | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Велс | 6 | 3 | 2 | 0 | 1 | 6 | 3 | +3 |
2. | Англија | 5 | 3 | 1 | 2 | 0 | 3 | 2 | +1 |
3. | Словачка | 4 | 3 | 1 | 1 | 1 | 3 | 3 | 0 |
4. | Русија | 1 | 3 | 0 | 1 | 2 | 2 | 6 | -4 |
11 јуни 2016 | Велс | 2-1 | Словачка | Бордо |
---|---|---|---|---|
18:00 |
Бејл 10' Робсон-Кану 81' |
Извештај | Дуда 61' | Стадион: Нов стадион во Бордо Гледачи: 37,831[31] Судија: Свеин Одвар Моен |
11 јуни 2016 | Англија | 1-1 | Русија | Марсеј |
---|---|---|---|---|
21:00 |
Дајер 73' | Извештај | В. Березуцки 90+2' | Стадион: Велодром Гледачи: 62,343[32] Судија: Никола Рицоли |
15 јуни 2016 | Русија | 1-2 | Словачка | Лил |
---|---|---|---|---|
18:00 |
Глушаков 80' | Извештај | Вајс 32' Хамшик 45' |
Стадион: Стад Пјер-Моруа Гледачи: 38,989[33] Судија: Дамир Скомина |
16 јуни 2016 | Англија | 2-1 | Велс | Ленс |
---|---|---|---|---|
15:00 |
Варди 56' Стариџ 90+2' |
Извештај | Бејл 42' | Стадион: Стадион Болар-Делилис Гледачи: 34,033[34] Судија: Феликс Брих |
20 јуни 2016 | Словачка | 0-0 | Англија | Сент-Етјен |
---|---|---|---|---|
21:00 |
Извештај | Стадион: Стад Жофроа-Гишар Гледачи: 39,051[35] Судија: Карлос Веласко Карбалјо |
20 јуни 2016 | Русија | 0-3 | Велс | Тулуза |
---|---|---|---|---|
21:00 |
Извештај | Рамзи 11' Тејлор 20' Бејл 67' |
Стадион: Стадион Мунисипал Гледачи: 28,840[36] Судија: Јонас Ериксон |
Група Ц
уредиПоз. | Репрезентација | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Германија | 7 | 3 | 2 | 1 | 0 | 3 | 0 | +3 |
2. | Полска | 7 | 3 | 2 | 1 | 0 | 2 | 0 | +2 |
3. | Северна Ирска | 3 | 3 | 1 | 0 | 2 | 2 | 2 | 0 |
4. | Украина | 0 | 3 | 0 | 0 | 3 | 0 | 5 | -5 |
12 јуни 2016 | Полска | 1-0 | Северна Ирска | Ница |
---|---|---|---|---|
18:00 |
Милик 51' | Извештај | Стадион: Алијанц Ривиера Гледачи: 33,742[37] Судија: Овидиу Хатеган |
12 јуни 2016 | Германија | 2-0 | Украина | Лил |
---|---|---|---|---|
21:00 |
Мустафи 57' Швајнштајгер 90+2' |
Извештај | Стадион: Стад Пјер-Мороа Гледачи: 43,035[38] Судија: Мартин Аткинсон |
16 јуни 2016 | Украина | 0-2 | Северна Ирска | Лион |
---|---|---|---|---|
18:00 |
Извештај | МекОули 49' Мек Гин 90+6' |
Стадион: Лумиер Гледачи: 51,043[39] Судија: Павел Краловец |
16 јуни 2016 | Германија | 0-0 | Полска | Сен Дени |
---|---|---|---|---|
21:00 |
Извештај | Стадион: Стад де Франс Гледачи: 73,648[40] Судија: Бјорн Куиперс |
21 јуни 2016 | Украина | 0-1 | Полска | Марсеј |
---|---|---|---|---|
18:00 |
Извештај | Блашчиковски 54' | Стадион: Велодром Гледачи: 58,874[41] Судија: Свеин Одвар Моен |
20 јуни 2016 | Северна Ирска | 0-1 | Германија | Париз |
---|---|---|---|---|
18:00 |
Извештај | Гомес 30' | Стадион: Парк на принцовите Гледачи: 44,125[42] Судија: Клеман Тирпен |
Група Д
уредиПоз. | Репрезентација | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Хрватска | 7 | 3 | 2 | 1 | 0 | 5 | 3 | +2 |
2. | Шпанија | 6 | 3 | 2 | 0 | 1 | 5 | 2 | +3 |
3. | Турција | 3 | 3 | 1 | 0 | 2 | 2 | 4 | -2 |
4. | Чешка | 1 | 3 | 0 | 1 | 2 | 2 | 5 | -3 |
12 јуни 2016 | Турција | 0-1 | Хрватска | Париз |
---|---|---|---|---|
15:00 |
Извештај | Модриќ 41' | Стадион: Парк на принцовите Гледачи: 43,842[43] Судија: Јонас Ериксон |
13 јуни 2016 | Шпанија | 1-0 | Чешка | Тулуза |
---|---|---|---|---|
15:00 |
Пике 87' | Извештај | Стадион: Стадион Мунисипал Гледачи: 29,400 Судија: Шимон Марсинијак |
17 јуни 2016 | Чешка | 2-2 | Хрватска | Сент-Етјен |
---|---|---|---|---|
18:00 |
Шкода 76' Нецид 89' (пен) |
Извештај | Перишиќ 37' Ракитиќ 59' |
Стадион: Стад Жофроа-Гишар Гледачи: 38,376[44] Судија: Марк Клатенбург |
17 јуни 2016 | Шпанија | 3-0 | Турција | Ница |
---|---|---|---|---|
21:00 |
Мората 34', 48' Нолито 37' |
Извештај | Стадион: Алијанц Ривиера Гледачи: 33,409[45] Судија: Милорад Мажиќ |
21 јуни 2016 | Хрватска | 2-1 | Шпанија | Бордо |
---|---|---|---|---|
21:00 |
Н. Калиниќ 45' Перишиќ 87' |
Извештај | Мората 7' | Стадион: Нов стадион во Бордо Гледачи: 37,245[46] Судија: Бјорн Кајперс |
21 јуни 2016 | Чешка | 0-2 | Турција | Ленс |
---|---|---|---|---|
21:00 |
Извештај | Јилмаз 10' Туфан 65' |
Стадион: Стад Болар-Делелис Гледачи: 32,836[47] Судија: Вилијам Колум |
Група E
уредиПоз. | Репрезентација | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Италија | 6 | 3 | 2 | 0 | 1 | 3 | 1 | +2 |
2. | Белгија | 6 | 3 | 2 | 0 | 1 | 4 | 2 | +2 |
3. | Ирска | 3 | 3 | 1 | 1 | 1 | 2 | 4 | -2 |
4. | Шведска | 1 | 3 | 0 | 1 | 2 | 1 | 3 | -2 |
13 јуни 2016 | Ирска | 1-1 | Шведска | Сен Дени |
---|---|---|---|---|
18:00 |
Хулахан 48' | Извештај | Кларк 71' (а.) | Стадион: Стад де Франс Гледачи: 73,419[48] Судија: Милорад Мажиќ |
13 јуни 2016 | Белгија | 0-2 | Италија | Лион |
---|---|---|---|---|
21:00 |
Извештај | Џакерини 32' Пеле 90+3' |
Стадион: Лумиер Гледачи: 55,408[49] Судија: Марк Клатенбург |
17 јуни 2016 | Италија | 1-0 | Шведска | Тулуза |
---|---|---|---|---|
15:00 |
Едер 88' | Извештај | Стадион: Стадион Мунисипал Гледачи: 29,600[50] Судија: Виктор Кашаи |
18 јуни 2016 | Белгија | 3-0 | Ирска | Бордо |
---|---|---|---|---|
15:00 |
Р. Лукаку 48', 70' Витсел 61' |
Извештај | Стадион: Нов стадион во Бордо Гледачи: 39,493[51] Судија: Џунејт Чакир |
22 јуни 2016 | Шведска | 0-1 | Белгија | Ница |
---|---|---|---|---|
21:00 |
Извештај | Наинголан 84' | Стадион: Алијанц Ривиера Гледачи: 34,011[52] Судија: Феликс Брих |
22 јуни 2016 | Италија | 0-1 | Ирска | Лил |
---|---|---|---|---|
21:00 |
Извештај | Брејди 85' | Стадион: Стад Пјер-Моруа Гледачи: 44,268[53] Судија: Овидиу Хацеган |
Група Ф
уредиПоз. | Репрезентација | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Унгарија | 5 | 3 | 1 | 2 | 0 | 6 | 4 | +2 |
2. | Исланд | 5 | 3 | 1 | 2 | 0 | 4 | 3 | +1 |
3. | Португалија | 3 | 3 | 0 | 3 | 0 | 4 | 4 | 0 |
4. | Австрија | 1 | 3 | 0 | 1 | 2 | 1 | 4 | -3 |
14 јуни 2016 | Австрија | 0-2 | Унгарија | Бордо |
---|---|---|---|---|
18:00 |
Извештај | Салаи 62' Штибер 87' |
Стадион: Нов стадион во Бордо Гледачи: 34,424[54] Судија: Клеман Турпан |
14 јуни 2016 | Португалија | 1-1 | Исланд | Сент-Етјен |
---|---|---|---|---|
21:00 |
Нани 31' | Извештај | Б. Бјарнасон 50' | Стадион: Стад Жофроа-Гишар Гледачи: 38,742[55] Судија: Џунејт Чакир |
18 јуни 2016 | Исланд | 1-1 | Унгарија | Марсеј |
---|---|---|---|---|
15:00 |
Г. Сигурдсон 40' (пен) | Извештај | Севарсон 88' (а.) | Стадион: Велодром Гледачи: 60,842[56] Судија: Сергеј Карасев |
18 јуни 2016 | Португалија | 0-0 | Австрија | Париз |
---|---|---|---|---|
21:00 |
Извештај | Стадион: Парк на принцовите Гледачи: 44,291[57] Судија: Никола Рицоли |
22 јуни 2016 | Исланд | 2-1 | Австрија | Сен Дени |
---|---|---|---|---|
18:00 |
Бодварсон 18' Траустасон 90+4' |
Извештај | Шепф 60' | Стадион: Стад де Франс Гледачи: 68,714[58] Судија: Шимон Марцињак |
22 јуни 2016 | Унгарија | 3-3 | Португалија | Лион |
---|---|---|---|---|
18:00 |
Гера 19' Џуџак 47', 55' |
Извештај | Нани 42' Роналдо 50', 62' |
Стадион: Лумиер Гледачи: 55,514[59] Судија: Мартин Аткинсон |
Поредок на третопласираните екипи во групите
уредиПоз. | Група | Репрезентација | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Б | Словачка | 4 | 3 | 1 | 1 | 1 | 3 | 3 | 0 |
2. | Е | Ирска | 4 | 3 | 1 | 1 | 1 | 2 | 4 | -2 |
3. | Ф | Португалија | 3 | 3 | 0 | 3 | 0 | 4 | 4 | 0 |
4. | Ц | Северна Ирска | 3 | 3 | 1 | 0 | 2 | 2 | 2 | 0 |
5. | Д | Турција | 3 | 3 | 1 | 0 | 2 | 2 | 4 | -2 |
6. | А | Албанија | 3 | 3 | 1 | 0 | 2 | 1 | 3 | -2 |
Нокаут фаза
уредиОсминафинале | Четвртфинале | Полуфинале | Финале | |||||||||||
25 јуни – Сент-Етјен | ||||||||||||||
Швајцарија | 1 (4) | |||||||||||||
30 јуни – Марсеј | ||||||||||||||
Полска (п) | 1 (5) | |||||||||||||
Полска | 1 (3) | |||||||||||||
25 јуни – Ленс | ||||||||||||||
Португалија (п) | 1 (5) | |||||||||||||
Хрватска | 0 | |||||||||||||
6 јули – Лион | ||||||||||||||
Португалија (прод.) | 1 | |||||||||||||
Португалија | 2 | |||||||||||||
25 јуни – Париз | ||||||||||||||
Велс | 0 | |||||||||||||
Велс | 1 | |||||||||||||
1 јули – Лил | ||||||||||||||
Северна Ирска | 0 | |||||||||||||
Велс | 3 | |||||||||||||
26 јуни – Тулуза | ||||||||||||||
Белгија | 1 | |||||||||||||
Унгарија | 0 | |||||||||||||
10 јули – Сен Дени | ||||||||||||||
Белгија | 4 | |||||||||||||
Португалија (прод.) | 1 | |||||||||||||
26 јуни – Лил | ||||||||||||||
Франција | 0 | |||||||||||||
Германија | 3 | |||||||||||||
2 јули – Бордо | ||||||||||||||
Словачка | 0 | |||||||||||||
Германија (п) | 1 (6) | |||||||||||||
27 јуни – Сен Дени | ||||||||||||||
Италија | 1 (5) | |||||||||||||
Италија | 2 | |||||||||||||
7 јули – Велодорм | ||||||||||||||
Шпанија | 0 | |||||||||||||
Германија | 0 | |||||||||||||
26 јуни – Лион | ||||||||||||||
Франција | 2 | |||||||||||||
Франција | 2 | |||||||||||||
3 јули – Сен Дени | ||||||||||||||
Ирска | 1 | |||||||||||||
Франција | 5 | |||||||||||||
27 јуни – Ница | ||||||||||||||
Исланд | 2 | |||||||||||||
Англија | 1 | |||||||||||||
Исланд | 2 | |||||||||||||
Осминафинале
уреди25 јуни 2016 | Швајцарија | 1-1 (прод.) (4–5 пен.) |
Полска | Стад Жофроа-Гишар, Сент-Етјен |
---|---|---|---|---|
15:00 |
Шаќири 82' | Извештај | Блашчиковски 39' | Гледачи: 38,842[60] Судија: Марк Клатенбург |
Пенали | ||||
25 јуни 2016 | Велс | 1–0 | Северна Ирска | Парк на принцовите, Париз |
---|---|---|---|---|
18:00 |
МекОули 75' (а.) | Извештај | Гледачи: 44,342[61] Судија: Мартин Аткинсон |
25 јуни 2016 | Хрватска | 0–1 (прод.) | Португалија | Стад Болар-Делелис, Ленс |
---|---|---|---|---|
21:00 |
Извештај | Кварежма 117' | Гледачи: 33,523[62] Судија: Карлос Веласко Карбалјо |
26 јуни 2016 | Франција | 2–1 | Ирска | Стад де Лумиер, Лион |
---|---|---|---|---|
15:00 |
Гризман 58', 61' | Извештај | Брејди 2' (пен) | Гледачи: 56,279[63] Судија: Никола Рицоли |
26 јуни 2016 | Германија | 3–0 | Словачка | Стадион Пјер-Моруа, Лил |
---|---|---|---|---|
18:00 |
Боатенг 8' Гомес 43' Дракслер 63' |
Извештај | Гледачи: 44,312[64] Судија: Шимон Марцињак |
26 јуни 2016 | Унгарија | 0–4 | Белгија | Стадион Мунисипал, Тулуза |
---|---|---|---|---|
21:00 |
Извештај | Алдервеирелд 10' Батшуаји 78' Азар 80' Караско 90+1' |
Гледачи: 28,921[65] Судија: Милорад Мажиќ |
27 јуни 2016 | Италија | 2–0 | Шпанија | Стад де Франс, Сен Дени |
---|---|---|---|---|
18:00 |
Кјелини 33' Пеле 90+1' |
Извештај | Гледачи: 76,165[66] Судија: Џунејт Чакир |
27 јуни 2016 | Англија | 1–2 | Исланд | Алијанц Ривиера, Ница |
---|---|---|---|---|
21:00 |
Руни 4' (пен) | Извештај | Р. Сигурдсон 6' Сигторсон 18' |
Гледачи: 33,901[67] Судија: Дамир Скомина |
Четвртфинале
уреди30 јуни 2016 | Полска | 1–1 (прод.) (3–5 пен.) |
Португалија | Стад Велодром, Марсеј |
---|---|---|---|---|
21:00 |
Левандовски 2' | Извештај | Санчес 33' | Гледачи: 62,940[68] Судија: Феликс Брих |
Пенали | ||||
1 јули 2016 | Велс | 3–1 | Белгија | Стад Пјер-Моруоа, Лил |
---|---|---|---|---|
21:00 |
Е. Вилијамс 31' Робсон-Кану 55' Воукс 86' |
Извештај | Наинголан 13' | Гледачи: 45,936[69] Судија: Дамир Скомина |
2 јули 2016 | Германија | 1–1 (прод.) (6–5 пен.) |
Италија | Нов стадион во Бордо, Бордо |
---|---|---|---|---|
21:00 |
Езил 65' | Извештај | Бонучи 78' (пен) | Гледачи: 38,764[70] Судија: Виктор Кашаи |
Пенали | ||||
3 јули 2016 | Франција | 5–2 | Исланд | Стад де Франс, Сен Дени |
---|---|---|---|---|
21:00 |
Жиру 12', 59' Погба 20' Паје 43' Гризман 45' |
Извештај | Сигторсон 56' Б. Бјарнасон 84' |
Гледачи: 76,833[71] Судија: Бјорн Кајперс |
Полуфинале
уреди6 јули 2016 | Португалија | 2–0 | Велс | Стад де Лумиер, Лион |
---|---|---|---|---|
21:00 |
Роналдо 50' Нани 53' |
Извештаj | Гледачи: 55,679[72] Судија: Јонас Ериксон |
7 јули 2016 | Германија | 0–2 | Франција | Стадион Велодром, Марсеј |
---|---|---|---|---|
21:00 |
Извештај | Гризман 45+2' (пен..), 72' | Гледачи: 64,078[73] Судија: Никола Рицоли |
Финале
уреди10 јули 2016 | Португалија | 1–0 (прод.) | Франција | Стад де Франс, Сен Дени |
---|---|---|---|---|
21:00 |
Едер 109' | Извештај | Гледачи: 75,868[74] Судија: Марк Клатенбург |
Победник
уредиПобедник на Европското првенство во фудбал 2016 Португалија 1. титула |
Награди
уреди- Најдобар играч: Антоан Гризман[1]
- Најдобар стрелец: Антоан Гризман (6 гола и 2 асистенции)[75]
- Најдобар асистент: Арон Рамзи и Еден Азар (двајцата по 4 асистенции)[76]
- Најдобар млад играч на турнирот: Ренато Санчес (18 години)[77]
- Гол на турнирот: Џердан Шаќири (против Полска)
Тим на турнирот
Позиција | Играч |
---|---|
Голман | Руи Патрисио |
Одбрана | Џошуа Кимих |
Жером Боатенг | |
Пепе | |
Рафаел Гереиро | |
Среден ред | Антоан Гризман |
Арон Рамзи | |
Џо Алан | |
Тони Крос | |
Димитри Паје | |
Напад | Кристијано Роналдо |
Симболи на првенството
уредиМаскота
уредиОфицијална маскота на првенството е „Супер Виктор“, дете-суперјунак, објавен на 18 ноември 2014.[78] Се работи за дете во националниот дрес на француската фудбалска репрезентација со црвена наметка, така што се присутни сите три бои на француското знаме. Познато е дека наметката, копачките и топката се неговите супермоќи. Маскотата за првпат се појавила на 18 ноември 2014 на натпреварот помеѓу Франција и Шведска на Стадионот Велодром во Марсеј. Нејзиното име е откриено на 30 ноември 2014 откако добила околу 50 000 гласови на официјалната страна на УЕФА, повеќе од другите две кандидатски имиња „Дриблу“ и „Гоаликс“.[79] Името се темели на идејата за обедување и упатува на супермоќите на детето кога ги пронашол волшебната наметка, копачки и топка.[80]
Лого и мото
уредиОфицијалниот логотип на првенството е објавен на 26 јуни 2013, за време на церемонијата “Павијон Камбон Капицин“ (Pavillon Cambon Capucines) во Париз.[81] Него го смислила португалската агенција Брандија Сентрал, која исто така и го создала визуелниот идентитет за претходните Европски фудбалски првенства. Дизајнот се темели на темата "прослава на уметноста на фудбалот". Логото го прикажува трофејот на Европското првенство со сина, бела и црвена боја на француското знаме, окружен со мешавина од облици и линии кои претставуваат различни уметнички движења и фудбалски елементи.[82]
На 17 октомври 2013 УЕФА го објавила официјалното мото на првенството: „Ле рандеву“ (Le Rendez-Vous). Кога бил запрашан за неговото значење, претседателот на Организацискиот одбор на ЕП 2016, Жак Ламбер, одговорил дека мотото „многу повеќе од потсетник на датуми (...) и игралишта“. Понатаму, објаснил дека „УЕФА праќа порака до сите фудбалски навивачи ширум светот и љубители на големи настани, покана за делење на емоции на еден елитен турнир.“[83]
Официјална топка
уредиОфицијална топка на првенството е „Убава игра“ (Beau Jeu) на Адидас, која била претставена на 12 ноември 2015 од поранешниот француски репрезентативец Зинедин Зидан.[84]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Antoine Griezmann named Player of the Tournament“. UEFA. 11 July 2016. Посетено на 12 July 2016.
- ↑ „Four candidates signal UEFA Euro 2016 interest“. UEFA.com. Union of European Football Associations. 11 март 2009. Архивирано од изворникот на 2019-01-07. Посетено на 13 декември 2015.
- ↑ „Regeringen säger nej till EM 2016-ansökan“. Swedish Football Association. 9 декември 2009. Посетено на 13 декември 2015.
- ↑ „France chosen to host Euro 2016“. UEFA.com. Union of European Football Associations. 28 мај 2010. Посетено на 13 декември 2015.
- ↑ „AFP: France win race to host Euro 2016“. theroar.com.au. Посетено на 13 декември 2015.
- ↑ „Hrvatska za Euro protiv Italije, Norveške, Bugarske, Azerbajdžana i Malte“. Sportske novosti. 12. октомври 2015. Архивирано од изворникот на 2016-03-06. Посетено на 23. veljače 2014. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „UEFA EURO 2016 qualifying format“. UEFA.com. (англиски)
- ↑ „UEFA EURO 2016 regulations published“. UEFA.com. 18. prosinca 2013. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Regulations of the UEFA European Football Championship 2014-16“ (PDF). UEFA.com.
- ↑ McNulty, Phil (12. октомври 2015). „Lithuania 0–3 England“. BBC Sport. Посетено на 16. октомври 2015. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) (англиски) - ↑ Grohmann, Karolus (12. октомври 2015). „Euro 2016 title is next on Germany's list – Schweinsteiger“. Reuters. Архивирано од изворникот на 2015-10-15. Посетено на 16. октомври 2015. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) (англиски) - ↑ 12,0 12,1 12,2 „Euro 2016: Qualifiers for the tournament in France“. BBC Sport. 13. октомври 2015. Посетено на 16. октомври 2015. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) (англиски) - ↑ Eccleshare, Charlie (12. октомври 2015). „Euro 2016: How will England, Wales, Northern Ireland and possibly Republic of Ireland fare in France?“. The Telegraph. Посетено на 16. октомври 2015. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) (англиски) - ↑ „Netherlands 2–3 Czech Republic“. BBC Sport. 13. октомври 2015. Посетено на 16. октомври 2015. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „France To Host Euro 2016 at Eleven Venues“. Supersport. Reuters. 16 јуни 2011. Посетено на 13 декември 2015.
- ↑ „Strasbourg se rétracte“. Sport24. 29 јули 2011. Посетено на 13 декември 2015.
- ↑ Bisson, Mark (17 јуни 2011). „France gets go-ahead to stage Euro 2016 in 11 host cities“. World Football Insider. Архивирано од изворникот на 2011-07-03. Посетено на 13 декември 2015.
- ↑ „France to host Euro 2016 at 11 venues“. Reuters. Dawn. 17 јуни 2011. Посетено на 13 декември 2015.
- ↑ „Nancy renonce à accueillir l'Euro 2016“. Agence France-Presse. Le Monde. 2 декември 2011. Посетено на 13 декември 2015.
- ↑ „Executive Committee confirms EURO 2016 venues“. UEFA.com. 25 јануари 2013.
- ↑ Ziegler, Martyn (28 март 2012). „Uefa admit expansion of European Championships to 24 teams 'not ideal'“. The Independent. London: Independent Print Limited. Посетено на 14 декември 2015.
- ↑ 22,0 22,1 „Regulations of the UEFA European Football Championship 2014-16“ (PDF). UEFA.com. Посетено на 14 декември 2015.
- ↑ „UEFA EURO 2016 match schedule announced“. UEFA.com. Посетено на 13 декември 2015.
- ↑ „UEFA Euro 2016 Match Schedule“ (PDF). UEFA.com. Посетено на 13 декември 2015.
- ↑ „Full Time Summary Group A – France v Romania“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 10 June 2016. Посетено на 10 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary Group A – Albania v Switzerland“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 11 June 2016. Посетено на 11 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Romania v Switzerland“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 15 June 2016. Посетено на 15 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – France v Albania“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 15 June 2016. Посетено на 15 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Switzerland v France“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 19 June 2016. Посетено на 19 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Romania v Albania“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 19 June 2016. Посетено на 19 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Wales v Slovakia“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 11 June 2016. Посетено на 11 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – England v Russia“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 11 June 2016. Посетено на 11 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Russia v Slovakia“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 15 June 2016. Посетено на 15 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – England v Wales“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 16 June 2016. Посетено на 16 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Slovakia v England“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 20 June 2016. Посетено на 20 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Russia v Wales“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 20 June 2016. Посетено на 20 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Poland v Northern Ireland“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 12 June 2016. Посетено на 12 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Germany v Ukraine“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 12 June 2016. Посетено на 12 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Ukraine v Northern Ireland“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 16 June 2016. Посетено на 16 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Germany v Poland“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 16 June 2016. Посетено на 16 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Ukraine v Poland“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 21 June 2016. Посетено на 21 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Northern Ireland v Germany“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 21 June 2016. Посетено на 21 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Turkey v Croatia“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 12 June 2016. Посетено на 12 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Czech Republic v Croatia“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 17 June 2016. Посетено на 17 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Spain v Turkey“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 17 June 2016. Посетено на 17 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Croatia v Spain“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 21 June 2016. Посетено на 21 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Czech Republic v Turkey“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 21 June 2016. Посетено на 21 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Republic of Ireland v Sweden“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 13 June 2016. Посетено на 13 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Belgium v Italy“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 13 June 2016. Посетено на 13 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Italy v Sweden“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 17 June 2016. Посетено на 17 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Belgium v Republic of Ireland“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 18 June 2016. Посетено на 18 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Sweden v Belgium“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 22 June 2016. Посетено на 22 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Italy v Republic of Ireland“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 22 June 2016. Посетено на 22 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Austria v Hungary“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 14 June 2016. Посетено на 14 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Portugal v Iceland“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 14 June 2016. Посетено на 14 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Iceland v Hungary“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 18 June 2016. Посетено на 18 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Portugal v Austria“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 18 June 2016. Посетено на 18 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Iceland v Austria“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 22 June 2016. Посетено на 22 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Hungary v Portugal“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 22 June 2016. Посетено на 22 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Switzerland v Poland“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 25 June 2016. Посетено на 25 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Wales v Northern Ireland“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 25 June 2016. Посетено на 25 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Croatia v Portugal“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 25 June 2016. Посетено на 25 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – France v Republic of Ireland“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 26 June 2016. Посетено на 26 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Germany v Slovakia“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 26 June 2016. Посетено на 26 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Hungary v Belgium“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 26 June 2016. Посетено на 26 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Italy v Spain“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 27 June 2016. Посетено на 27 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – England v Iceland“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 27 June 2016. Посетено на 27 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Poland v Portugal“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 30 June 2016. Посетено на 30 June 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Wales v Belgium“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 1 July 2016. Посетено на July 2016. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Full Time Summary – Germany v Italy“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 2 July 2016. Посетено на 2 July 2016.
- ↑ „Full Time Summary – France v Iceland“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 3 July 2016. Посетено на 3 July 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Portugal v Wales“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 6 July 2016. Посетено на 6 July 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Germany v France“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 7 July 2016. Посетено на 7 July 2016.
- ↑ „Full Time Summary – Portugal v France“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 10 July 2016. Посетено на 10 July 2016.
- ↑ „France forward Antoine Griezmann wins Golden Boot“. UEFA. 10 July 2016. Посетено на 11 July 2016.
- ↑ „2016 UEFA European Championship Statistics“. UEFA. Посетено на 25 October 2017.
- ↑ „Renato Sanches named Young Player of the Tournament“. UEFA. 10 July 2016. Посетено на 11 July 2016.
- ↑ „Introducing the UEFA EURO 2016 mascot“. UEFA.com. 18. studenog 2014. Архивирано од изворникот на 2014-11-19. Посетено на 2016-06-03. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) (англиски) - ↑ Maskota Архивирано на 19 јуни 2016 г., UEFA.com. Преземено 8 декември 2014.
- ↑ „EURO mascot name revealed as Super Victor“. UEFA.com. 30 ноември 2014. Посетено на 11 јуни 2015.
- ↑ „UEFA EURO 2016 logo Launch“ (PDF). UEFA.com. 26. lipnja 2013. Посетено на 28. lipnja 2013. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) (англиски) - ↑ „UEFA EURO 2016 logo unveiled“. UEFA.com. 26. lipnja 2013. Посетено на 28. lipnja 2013. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) (англиски) - ↑ „UEFA EURO 2016: 'Le Rendez-Vous'“. UEFA.com. 17. октомври 2013. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) (англиски) - ↑ „Zidane reveals Beau Jeu as official match ball“. UEFA.com. 12. studenog 2015. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) (англиски)
Надворешни врски
уреди„Европско првенство во фудбал 2016“ на Ризницата ? |