Светски ден на здравјето

Светски ден на здравјето — ден посветен на подигање на свеста за здравјето на луѓето ширум светот кој се одбележува на 7 април секоја година, под покровителство на Светската здравствена организација (СЗО).

Светски ден на здравјето
Светски ден на здравјето
Го празнува(ат)сите земји-членки на Светската здравствена организција
Датум7 април

Историја

уреди

Во 1948 г. СЗО го одржала своето I Здравствено собрание, на кое е решено 7 април секоја година да се одбележува како ден на здравјето, почнувајќи од 1950 г. Овој ден е датумот кога е основана СЗО и таа пригода се смета за прилика да се привлече меѓународно внимание на здравствените проблеми со кои се соочува светот.[1] Светската здравствена организација приредува меѓународни, регионални и месни натани со извесна тематика која е важна за таа година.

Пригодни активности

уреди

На денот земаат учество владите на државите и невладините организации што се занимаваат со здравствена проблематика (особено јавното здравје), приредувајќи настани и активности, јавните гласила.

Светскиот ден на здравјето е еден од осумте здравствени денови во годината на СЗО, заедно со Светски ден на борбата против туберкулоза, Светската недела на имунизацијата, Светскиот ден на борбата против маларијата, Светскиот ден на непушењето, Светскиот ден на крводарителите, Светскиот ден на борбата против хепатитот и Светскиот ден на борбата против СИДА.[2]

Теми на светските денови на здравјето

уреди

  • 2015: Безбедност на храната
  • 2014: Преносителски болести: мал убод, голема закана
  • 2013: Здраво срцев ритам, Здрав крвен притисок
  • 2012: Доброто здравје им дава живот на годините
  • 2011: Отпорност на противмикробни средства: ако денес не делуваме, утре нема да се излечиме
  • 2010: Урбанизацијата и здравјето: да ги направиме градовите поздрави
  • 2009: Да спасиме животи, Да ги направиме болниците побезбедни во вонредни состојби
  • 2008: Да го заштитиме здравјето од несаканите последици од климатските промени
  • 2007: Меѓународна здравствена безбедносот
  • 2006: Соработка за здравје
  • 2005: Да посветиме внимание на секоја мајка и секое дете

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Светски ден на здравјето — Светска здравствена организација (СЗО) посет. 16 март 2011 г.
  2. World Health Organization: Кампањи на СЗО Архивирано на 22 април 2016 г. (англиски)

Надворешни врски

уреди