Шарл VIII
Шарл VIII (роден на 30 јуни 1470 во дворецот Амбоаз - починал на 7 април 1498 во дворецот Амбоаз) бил крал на Франција од династијата Валоа, гроф од Бретања и војвода од Прованса. Тој бил единствениот преживеан од петте сина на кралот Луј XI. Не оставил наследник, којшто ќе го наследел, па со тоа тој бил последниот крал од главната линија на династијата Валоа. Неговото владеење се одликува со инвазијата на Италија, пшто било причина за започнувањето на Италијанските војни.
|