Јуси Веиканен

фински велосипедист

Јуси Веиканен (фински: Jussi Veikkanen; р. 29 март 1981) — поранешен фински професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал од 2002 до 2015 година. Веиканен ја започнал неговата кариера со екипата Меларенерџи и станал професионален велосипедист во 2005 со Франсес де же. Го освоил националното друмско првенство седум пати помеѓу 2003 и 2014 година.

Јуси Веиканен
Лични податоци
Цело имеЈуси Веиканен
Роден29 март 1981 (1981-03-29) (39 г.)
Рихимеки, Финска
Висина1,78 м
Маса66 кг
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачуниверзален возач
Професионални клубови
2002–2003
2005–2010
2011
2012–2015
Меларенерџи
Франсес де же
Омега Парма-Лото
ФДЖ-БигМет
Значајни победи
MaillotFin.PNG Национален друмски првак (2003, 2005, 2006, 2008, 2010, 2013, 2014)
Последна промена
12 јануари 2016

По долго бегство на втората на Тур де Франс 2009 ја добил посакуваната маичка во планинскиот пласман. Ја носел до шестата етапа, кога ја преземал Стефан Оже.

Потпишал за Омега Парма-Лото за сезоната 2011,[1] но повторно се вратил во ФДЖ-БигМет за сезоната 2012.[2]

Веиканен објавил пред Тур де Вандеја 2015 дека трката ќе биде негова последна како професионален возач и дека ќе остане со ФДЖ како член на екипата по повлекувањето од трките.[3]

ДостигнувањаУреди

2003
1.   Национално друмско првенство
2005
1.   Национално друмско првенство
2006
1.   Национално друмско првенство
1. Краен пласман Ла Тропикал Амиса Бонго
1. Етапа 1
1. Етапа 2 Тур ду Поату Шарент ет де ла Виен
2008
1.   Национално друмско првенство
1. Етапа 4 Рут ду Суд
1. Етапа 6 Трка околу Германија
2010
1.   Национално друмско првенство
1. Етапа 2 Медитеранска трка
2013
1.   Национално друмско првенство
10. Краен пласман Тур Даун Андер
2014
1.   Национално друмско првенство

Распоред на резултатите на Гранд ТурУреди

Гранд Тур 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015
  Џиро 70 44 50 119 146 109
  Тур 106
  Вуелта СО 135 СО СО

СО = се откажал; — = не учествувал

НаводиУреди

  1. http://www.cyclingnews.com/news/veikkanen-to-lotto
  2. „BigMat joins FDJ as co-sponsor in 2012“. Cycling News. Future Publishing Limited. 24 ноември 2011. Посетено на 2 јануари 2012.
  3. „News shorts: Zandio to retire at end of 2016, Veikkenan announces retirement“. Сyclingnews.com. 29 септември 2015. Посетено на 29 септември 2015.

Надворешни врскиУреди