Пабло Уртасун

друмски велосипедист

Пабло Уртасун Перез (шпански: Pablo Urtasun Pérez; р. 29 март 1980 во Урдијаин, Навара) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континенталнма екипа ПиноРоад.[1] Во 2013, Уртасун ја забележал својата прва победа во сезоната со претекнување на неговите ривали на првата етапа на Вуелта а Кастиља и Леон.[2]

Пабло Уртасун
Уртасун на Тур Даун Андер 2009.
Лични податоци
Цело имеПабло Уртасун Перез
Роден29 март 1980 (1980-03-29) (40 г.)
Урдијаин, Шпанија
Висина1,77 м
Маса69 кг
Податоци за клубот
Мом. клубПиноРоад
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспринтер
Аматерски клубови
2003 Тим ЦСЦ (стажант)
Професионални клубови
2005–2006
2007–2008
2009–2013
2014–
Каику
Либерти Сегурос Континентал
Еускалтел-Еускади
ПиноРоад
Последна промена
10 јануари 2015

Уртасун се приклучил на екипата ПиноРоад за сезоната 2014, откако неговата претходна екипа, Еускалтел-Еускади[3], се распаднала на крајот на сезоната 2013.[1]

ДостигнувањаУреди

2004
1. Етапа 3 Вуелта а Навара
2006
1. Етапа 1 Волта ао Алентежо
2. Краен пласман Трка околу Рајнска област-Пфалц
2007
1. Етапа 3 Вуелта а Ла Риоха
2008
1. Етапа 5 Вуелта а Астурија
5. ГП де Лодио
2009
3. Пруеба Вилјафранка де Ордизија
2010
1. Етапа 1 Вуелта а Астурија
2012
1. Етапа 7 Трка околу Британија
2. Вуелта а Ла Риоха
3. Краен пласман Вуелта а Кастиља и Леон
2013
Вуелта а Еспања Награда за борбеноста на етапа 3
2. Класика Примавера
4. Краен пласман Вуелта а Кастиља и Леон
1. Етапа 1

Распоред на резултатите на Гранд ТурУреди

Гранд Тур 2010 2011 2012 2013 2014
  Џиро СО
  Тур 148 134
  Вуелта 100 122

СО = се откажал

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 „Ороз и Уртасун се приклучуваат на новата екипа во Чиле“. Cyclingnews.com. Future plc. 30 ноември 2013. Посетено на 25 декември 2013.
  2. Питер Хајмас (12 април 2013). „Уртасун победи на воведната етапа на Вуелта а Кастиља и Леон“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 13 април 2013.
  3. „Еускалтел-Еускади (EUS) – ESP“. Светска турнеја UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. Посетено на 5 јануари 2013.

Надворешни врскиУреди