Емануел Сведенборг

Емануел Сведенборг (швед. Emanuel Swedenborg), (роден како Емануел Сведберг; 8 февруари 1688[1]29 март 1772) — шведски научник, филозоф, мистик[2] и теолог.

Емануел Сведенборг
Miscellanea de rebus naturalibus, 1911
ПериодФилозофија на XVIII век
ПодрачјеЗападна филозофија
ШколаТеозофија, мистицизам
инспиратор на Сведенборгијанизмот

Сведенборг имал плодна кариера како пронаоѓач и научник. На педесет и шестгодишна возраст, ја започнал својата духовна фаза, во која имал чудни соништа и визии. Ова кулминирало со духовно будење, а самиот изјавил дека е одреден од Бога да ја напише небесната доктрина за реформа на христијанството. Тврдел дека Господ му ги отворил очите, и дека од тогаш слободно можел да оди во рајот и пеколот, и да разговара со ангели, демони, и други духови. Во последните 28 години од својот живот, напишал и објавил 18 теолошки трудови, од кои најпознато е делото „Рај и пекол“ (1758),[3] како и неколку непубликувани теолошки трудови.

Сведенборг го отфрлил општото објаснување за тројството како за три личности, за кое рекол дека не е учење што потекнува во раното христијанство. Наместо тоа, во своите теолошки записи објаснил дека Светото тројство е една личност, во еден Бог, Господ Исус Христос. Тој исто така ја отфрлил доктрината за спасение само преку вербата, сметајќи дека за спасение се потребни и вера и милосрдноста, а не едното без другото. Целта на вербата, според Сведенборг, е да го води човекот низ животот преку вистините, во кои спаѓа милосрдноста.

Сведенборг избвршил влијание врз повеќемина писатели, меѓу кои: Вилијам Блејк, Елизабет Барет Браунинг, Аугуст Стриндберг, Ралф Валдо Емерсон, Шарл Бодлер, Балзак, Вилијам Батлер Јејтс и Карл Јунг.

Но, еден од најистакнатите шведски автори, Јохан Хенрик Келгрен го нарекувал Сведенборг „будала“.[4] Во Шведска, во 1768 година се одржало судење за ерес против записите на Сведенборг, и против двајца кои ги промовирале неговите идеи. Со кралски декрет во 1770 година е прогласено дека делата на Сведенборг се „чиста заблуда“ и дека не треба да се учат, иако неговиот систем на теолошките мисли не е прегледан.[5]

Наводи

уреди
  1. 29 јануари според јулијанскиот календар. Според грегоријанскиот календар, тоа е 8 февруари
  2. Наречен е мистик во многу извори, вклучувајќи ја и интернет-верзијата на Енциклопедија Британика, Swedenborg, Emanuel, како и во „Енциклопедија на религиите“, издание од 1987.
  3. Bergquist, Preface (p. 15-16)
  4. Јохан Хенрик Келгрен и неговата често цитирана сатирична поема, насловена како Man äger ej snille för det man är galen („Не си генијален само затоа што си луд“) во 1787 г. Вид.: Jonsson, Inge, Swedenborg och Linné, in Delblanc & Lönnroth (1999).
  5. Jonsson, Inge, Swedenborg och Linné, in Delblanc & Lönnroth (1999), pp.453-463