Разме Кумбароски

Разме Кумбароскимакедонски поет, романописец, есеист и преведувач.[1]

ЖивотописУреди

Кумбароски е роден на 29 март 1944 година во Струга. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Во 1980 година магистрирал на Факултетот за политички науки во Загреб. Заедно со Д. Дурацовска е основач на мултимедијалното списание за литература и уметност „Форма“. Работи како секретар на меѓународната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“. Член на ДПМ од 1987 година. Автор е на книгите: Зинда (поезија, 1982), Воден премин (поезија, 1984), Мусандра (поезија, 1988), Манастир (поезија, 1994), Троја (поезија, 1998), Мириси кораби злато (роман, 1999).


НаводиУреди

  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 134 - 135.