Вилијам Боне

француски велосипедист

Вилијам Боне (француски: William Bonnet; р. 25 јуни 1982 во Сен Дулшар) — француски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Групама-ФДЖ.[1] На Тур де Франс 2015, Боне паднал со голема брзина на третата етапа. Доживеал повеќекратни фрактури и бил однесен во Париз на операција и бил ставен во вештачка кома пред да биде направена некоја невролошка штета.

Вилијам Боне
Боне на Гран при де Дене 2015
Лични податоци
Цело имеВилијам Боне
Роден25 јуни 1982(1982-06-25)(41 г.)
Сен Дулшар,  Франција
Висина1,85 м
Маса78 кг
Податоци за клубот
Мом. клубГрупама-ФДЖ
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Професионални клубови
2002–2005
2006–2008
2009–2010
2011–
Обер 93
Кредит Агрикол
Ббокс Буиг Телеком
ФДЖ
Последна промена
20 јануари 2019

Достигнувања уреди

2000
 , Светско првенство под 19 години
2005
1. Етапа 1 Париз-Корез
2006
3. ГП де Валони
5. ГП Фурмие
9. Париз-Брисел
2007
12. Четири дена Динкерк
2. Етапа 1
13. Ватенфал Класик
2010
1. Етапа 2 Париз-Ница
10. Трка околу Фландрија
2011
6. Е3 Харелбеке
2016
8. Светско друмско првенство

Распоред на резултатите на големите трки уреди

Голема трка 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
  Џиро 111 СО СО СО СО
  Тур 109 102 128 СО СО СО 127
  Вуелта 109 111 152

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи уреди

  1. „FDJ.fr (FDJ) — ФРА“. Светска турнеја на UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. Посетено на 2 јануари 2014.

Надворешни врски уреди