Владимир Борисович Крамник (руски: Влади́мир Бори́сович Кра́мник) (роден на 25 јуни 1975) е руски шаховски велемајстор. Тој бил класичен светски првак во шах од 2000 до 2006 и неоспорен светски првак од 2006 до 2007.

Владимир Крамник
Целосно имеВладимир Борисович Крамник
Земја Русија
Роден25 јуни 1975
Туапсе, СССР
Титулавелемајстор
Светски првак2000–2006 (класичен)
2006-2007 (неоспорен)
ФИДЕ-рејтинг2777
(бр. 8 на рејтинг-списокот на ФИДЕ во јули 2014)
Најв. рејтинг2811 (мај 2013)[1]

Во октомври 2000, тој го победил Гари Каспаров во мечот одигран во Лондон и станал класичен светски првак. Во 2004, Крамник успешно ја одбранил титулата против предизвикувачот Петар Леко во меч којшто завршил нерешено, а се одиграл во Брисаго, Швајцарија.

Во октомври 2006, Крамник како класичен светски првак го победил светскиот првак според ФИДЕ, Веселин Топалов, во меч за обединување на титулата. Како резултат на тоа, Крамник станал првиот неоспорен светски првак во шах, обединувајќи ги титулата според ФИДЕ и класичните титули, откако Каспаров и Шорт ја направиле поделбата во 1993.

Во 2007, Крамник ја загубил титулата од Вишванатан Ананд, кој победил на турнирот на светското првенство пред Крамник. Тој го предизвикал Ананд во 2008, но загубил.

Животопис

уреди

Владимир Крамник се родил во градот Туапсе, на брегот на Црното Море. Неговиот татко бил Борис Соколов, но тој го земал презимето на неговиот очув, кога неговата мајка се премажила. Како дете, Владимир Крамник учел шах во школата на Михаил Ботвиник. Неговиот прв резултат за паметење од голем турнир бил златниот медал, кој го освоил како резерва во руската шаховска репрезентација на шаховската олимпијада во 1992 во Манила. Неговиот избор за да биде дел од тимот довело до неколку контроверзи во Русија во тоа време., бидејќи Владимир имал само 16 години и не бил велемајстор, но неговиот избор го поддржувал Гари Каспаров.[2] Тој добил 8 партии, одигрувајќи едно реми и без да загуби партија.

Следната година, Крамник играл на многу силниот турнир во Линарес. Тој завршил петти, победувајќи го тогаш третиот во светот Василиј Иванчук. Тој продолжил со серијата на добри резултати, но морал да чека до 1995 за беговата прва победа на еден големк турнир со нормални контроли, кога победил на силниот турнир во Дортмунд, завршувајќи без да загуби партија. Крамник продолжил со добрите резултати, вклучувајќи ги осумте победи во Дортмунд од 1995 до 2007. Тој е втѕориот од вкупно четворицата шахисти, кои имале рејтинг над 2800 (прв по Каспшаров).

Стил на игра

уреди

Гари Каспаров го опишал стилот на игра на Крамник како поучен и истраен, донекаде сличен на оној на Анатолиј Карпов.[3] Тој е еден од најцврстите противници, кој може да се победи, губејќи партија по одиграни над 100, што довело до мечот против Каспаров со 80 последователни партии без пораз.[4][5] Каспаров беше немоќен против Крамник во нивниот меч за светски првак во 2000, главно поради големата и солидна разновидност на отворања со црни фигури, кој го демонстрираше Крамник, изненадувачки играјќи ја Берлинската одбрана во Шпанска партија, што му помогна да го неутрализира Каспаровиот потег 1.е4.

Резултати на светските првенства

уреди

Светско првенство 2000

уреди

Во 1998, Крамник играше против Алексеј Широв на турнирот на кандидатите, така што победникот од тој меч го предизвика Гари Каспаров за титулата класичен светски првак во шах. Крамник го загуби мечот (-2+0=7). И покрај тоа не беше пронајден голем спонзор за мечот Каспарив-Широв. Во 2000, спонзорството замечот Каспаров-Крамник беше обезбедено. Ова беше контроверзно, правејќи го Крамник првиот шахист по 1935 да игра за светски првак без претходни квалификации.

Во 2000, Крамник одигра 16 партии против Гари Каспаров во Лондон за титулата класичен светски првак во шах. Крамник беше опишан како аутсајдер, но неговата примена на Берлинската одбрана на Каспаровата Шпанска партија имаше голем ефект. Со бели фигури, Крамник вршеше силен притисок на Каспаров, победувајчи го втората и десеттата партија и превидувајќи ја победата во четвртата и шестата. Каспаров се бореше, согласувајќи се на кратки реми партии со бели фигури во деветтата и тринаесеттата партија. Крамник го доби мечот со резултат 8.5 - 6.5, без загубена партија (овва се случи по вторпат во историјата, светскиот првак да не загуби партија во мечот за светски првак). Со овој настан беше обележан првиот пораз на Каспаров во еден меч за светски првак.

По Лондон

уреди

Владимир Крамник - Deep Fritz

уреди

Во октомври 2002, Крамник учествуваше на Бренс во Бахреин, осмиот меч против компјутерот Deep Fritz во Бахреин. Крамник започна добро, водејќи со 3 - 1 по воведните четири партии. И покрајк тоа, во петтата партија in game five, Крамник направи нешто што беше опишано како најголема грешка во неговата кариера (грешка која може да се спореди со неговиот пораз против Deep Fritz 10 во 2006), губејќи коњ во типична реми-позиција. Тој брзо се предаде. Тој исто така ја загуби и шестата партија, правејќи спектакуларна жртва, иако најточните анализи покажуваат дека со правилна игра, тој би можел да извлече реми. Последните две партии завршија реми, па мечот заврши со резултат 4-4.

abcdefgh
8
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Завршната позиција

Ова е шестата партија од мечот:

1.d4 Sf6 2.c4 e6 3.Sf3 b6 4.g3 La6 5.b3 Lb4+ 6.Ld2 Le7 7.Lg2 c6 8.Lc3 d5 9.Se5 Sfd7 10.Sxd7 Sxd7 11.Sd2 0-0 12.0-0 Tc8 13.a4 Lf6 14.e4 c5 15.exd5 cxd4 16.Lb4 Te8 17.Se4 exd5 18.Sd6 dxc4 19.Sxf7!? Kxf7 20.Ld5+ Kg6 21.Dg4+ Lg5 22.Le4+ Txe4 23.Dxe4+ Kh6 24.h4 Lf6 25.Ld2+ g5 26.hxg5+ Lxg5 27.Dh4+ (27.De6+ Sf6 28.f4 Lh4!!) 27...Kg6 28.De4+ Kg7 29.Lxg5 Dxg5 30.Tfe1 cxb3 31.Dxd4+ Sf6 32.a5 Dd5 33.Dxd5 Sxd5 34.axb6 axb6 0-1 (35.Txa6? b2)

Во февруари 2004, Крамник победи на шаховскиот турнир во Линарес, за првпат сам (во 2000, тој победи, но на делба на првата позиција со Каспаров), завршувајќи непобеден со резултат +2, пред Гари Каспаров, најдопбриот шахист во светот во тоа време.

Одбрана на титулата во 2004

уреди

Од 25 септември 2004 до 18 октомври 2004, Крамник ја одбрани титулата класичен светски пшрвак во шах против Петар Леко во Брисаго, Швајцарија, одигрувајќи реми во последната партија. Во четиринаесеттата партија, позицијата беше во корист на Леко, додека Крамник ја победи последната партија, со што изедначи на 7 - 7 и ја одбрани титулата светски првак во шах.[6] Наградата изнесуваше 1 милион швајцарски франци. Поради нерешениот резултата, наградта беше поделене меѓу двајцата шахисти.

Мечот за обединување на титулата во 2006

уреди

Кога Гари Каспаров се одвои од ФИДЕ, по мечот за светски првак во 1993 против Најџел Шорт, тој направи расцеп во шахот во светот. Како одговор, ФИДЕ го санкционираше мечот меѓу Анатолиј Карпов и Јан Тиман за светското првенство според ФИДЕ, којшто го доби Карпов. Всушност, светот виде два светски „прваци“: „класичен“ светски првак; и светски првак според ФИДЕ.

Кога Крамник го победи Каспаров и ја наследи титулата на Каспаров, тој со тоа повлече неколку контроверзи, бидејќи беше одредено да игра за светски првак, откако го загуби квалификацискиот меч против Алексеј Широв.

На следното светско првенство во шах според ФИДЕ (Светско првенство во шах 2005), Крамник одби да учествува, но влијаеше победникот на турнирот да игра со него во меч за обединување на титулата светски првак во шах. По турнирот, преговорите за обединување започнаа меѓу Крамник и новиот светски првак според ФИДЕ - Веселин Топалов од Бугарија.

abcdefgh
8
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
На дијаграмот е втората партија од мечот за обединување на титулата светски првак во шах, кога Топалов испушти победа преку 32. Qg6+.

Во април 2006, ФИДЕ соопшти дека ќе се одржи меч за обединување на титулата меѓу Крамник и Топалов — светското првенство во шах 2006. Мечот се одигра во Елиста, Калмикија. По првите четири партии, Крамник поведе со 3-1 (од максимален број на 12 партии). По четвртата партија, Топпалов протестираше дека Крамник го користи тоалетот многу често, навестувајќи дека Крамник подготвувал нешто што е надвор од правилата. Топалов изјави дека ќе одбие да продолжи во соочувањето со Крамник во останатите партии. Комитетот за жалби одлучи тоалетите на шахистите да бидат затворени, па тие беа принудени да користат заеднички тоалет, придружувани од еден арбитар.

Крамник одби да ја одигра петта партија, па како резултат на тоа, бодот го доби Топалов со што намали на 3 - 2. Крамник тврдеше дека комитетот за жалби е незаинтересиран и побара истиот да биде сменет. Како услов да го продолжи мечот, Крамник бараше останатите партии да се одиграат според условите наведени во договорот, коишто наложуваа дискретност во употребата на бањата.

Контроверзите резултираа со големи објави од страна на Chessbase и другите издавачи на информации. Рамнотежата на навивачите беше нарушен во корист на Крамник.[7] Многу познати шаховски имиња, како Гари Каспаров, Џон Нан, Јасер Сеираван и Базел Кок го поддржаа Крамник.[8][9][10] The Russian and Bulgarian Chess Federations supported their respective players.[11] Однесувањето на Крамник за време на мечот му донесе голема поддршка во глобалната шаховска заедница.

По 12 регуларни партии, мечот беше изедначен (6-6), иако Крамник продолжи да бара да се игра и партијата од петтиот меч, која ја загуби без игра. На 13 октомври 2006,, резултатот од контроверзната петта партија изгуби на значење, откако Крамник победи во брзопотезните партии со резултат 2.5-1.5, со што ја обедини титулата светски првак во шах.

Турнирот за светски првак во шах во Мексико во 2007

уреди

Кога Крамник го доби мечот за обединување на титулата, тој исто така го победи Топалов на светското првенство во шах во 2007. Иако мотивот од неговата „класична“ титула и обединетата титула светски првак во шах е дека треба да се игра меч за светски првак, тој изјави дека за светски првак ќе го признае победникот на турнирот како светски првак.[12]

На турнирот, одржан во септември 2007, Крамник заврши изедначен на втората опозиција. На турнирот победи Вишванатан Ананд, со што стана светски првак во шах.

Мечот во 2008

уреди

На Крамник му се даде прилика во повторен меч да го предизвика Ананд и да ја врати титулата светски првак во шах во своја корист. Мечот се одигра во Бон. Крамник беше жртва на добрата подготовка на Ананд и загуби три од првите шест партии (две со бели фигури). Крамник ја подобри својата игра, и иако победи во 29. потег од десеттата партија,[13] не можеше да ги добие и останатите и го загуби мечот со резултат 6.5 - 4.5 (3 победи на Ананд, една на Крамник и 7 реми партии).

Мечот против Deep Fritz

уреди
abcdefgh
8
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Ова е позиција од втората партија од мечот меѓу Крамник и Deep Fritz, кога Крамник направи спекаткуларна грешка, играјќи 31...De3??, по што следуваше 32.Dh7#.

Крамник одигра меч од шест партии против компјутерскиот програм Deep Fritz во Бон од 25 ноември до 5 декември 2006, во кој загуби со реултат 2-4 (2 пораза и 2 реми партии). Тој доби 500,000 евра за играњето и ќе добиеше уште 500,000 евра за секоја добиена партија. Верзијата 10 на Deep Fritz имаше два Intel Core 2 Duo процесора. Ктамник дби копија од програмот во неговите подготовки во средината на октомври, но главната верзија содржеше и книга на отворања.[14] Со исклучок на оваа ограничена книга, програмот не можеше да се менува за време на мечот. TЗавршниците кои ги играше програмот беа ограничени на 5 фигури,[15]

На 25 ноември, првата партија заврши реми по 47 одиграни потези.[16] Голем број на коментатори изјавија дека Крамник испуштил шанса да победи.[17] Два дена подоцна, втората партија заврши со победа на Deep Fritz, кога Крамник направи нешто што беше наречено „грешка на столетието“ од страна на Жужа Полгар, кога пропушти да се одбрани од мат во еден поте, кој му се закануваше.[18] (see also Deep Fritz vs. Vladimir Kramnik blunder). Третата, четвртата и петтата партија завршија реми. Во последната партија Fritz со бели фигури импреивно го победи светскиот првак во шах[19], победувајќи во мечот.

Приватен живот и здравје

уреди

Крамник беше дијагнозиран со слаба форма на артриртис, наречена анкилозен спондилитис. Тоа му причинуваше голема физичка вознемиреност за време на партиите. Во јануари 2006, Крамник соопшти дека нема да настапи на шаховскиот турнир во Вајк ан Зее за да може да побара лекување за неговиот артритис.[20] Тој се врати од лекување во јуни 2006, настапувајќи на Шаховската олимпијада. Тој оствари резултат од +4, обезбедувајќи највисок оценет рејтинг (2847) од вкупниот број на 1307 шахисти.

На 31 декември 2006, тој се омажи со француската новинарка Мари-Лаур Жермон.[21]

Нема шпекулации дека интересот во шахот меѓу човкот и компјутерот резултира со гордост, со мечот во Бон, но и се претходните мечеви, во кои играле Каспаров, Крамник, Адамс и различни шаховски програми. Според професорот Монти Њуборн од универзитетот за научно програмерство МекЖил, за пример „науката е создадена“.[22]

Успеси на меѓународните турнири и мечеви

уреди
  • 1990 Првенство на Русија, Кујбишев (класичен шах) I
  • 1991 Светско првенство (до 18), Guarapuav (класичен шах) I
  • 1992 Халкидик (класичен шах) 7.5/11 I
  • 1993 Белград (класичен шах) 6/9 II
  • 1993 Меѓународен турнир во Бил (класичен шах) 8.5/13 II
  • 1994 Overall result PCA Intel Grand Prix'94 I
  • 1995 Дортмунд (класичен шах) 7/9 I
  • 1995 Horgen (класичен шах)) 7/10 I-II
  • 1995 Белград (класичен шах) 8/11 I-II
  • 1996 Монако 16/22 I
  • 1996 Dos Hermanas (класичан шах) 6/9 I-II
  • 1996 Дортмунд (класичан шах) 7/9 I-II
  • 1997 Dos Hermanas (класичен шах) 6/9 I-II
  • 1997 Дортмунд (класичен шах) 6.5/9 I
  • 1997 Тилбург (класичан шах) 8/11 I-III
  • 1998 Вај ан Зее (класичен шах) 8.5/13 I-II
  • 1998 Дортмунд (класичен шах) 6/9 I-III
  • 1998 Монако (шах на слепо и брзопотезен шах) 15/22 I
  • 1999 Монако (шах на слепо и брзопотезен шах) 14.5/22 I
  • 2000 Линарес (класичен шах) 6/10 I-II
  • 2000 Дортмунд (класичен шах) 6/9 I-II
  • 2000 Меч за светски првак во шах (класичен шах): Крамник - Каспаров 8½:6½
  • 2001 Меч Крамник - Леко (рапид шах) 7:5
  • 2001 Меч на меморијалот за Ботвиник: Крамник - Каспаров (класичан шах) 2:2
  • 2001 Меч на меморијалот за Ботвиник: Крамник - Каспаров (брзоптезен шах) 3:3
  • 2001 Монако (шах на слепо и брзопотезен шах) 15/22 I-II
  • 2001 Меч Крамник - Ананд (рапид шах) 5:5
  • 2001 Дортмунд (класичен шах, поббедник по шести пат!) 6½/10 I-II
  • 2002 Меч „Напреден шах“ (со примена на компјутер) Крамник - Ананд (Леон) 3½:2½
  • 2003 Линарес (класичен шах) 7.0/12 I-II
  • 2003 Дортмунд (класичан шах) 5.5/10 II-III
  • 2003 Cap d'Agde (Француска)
  • 2003 Рапид светско шаховско првенство 8½/13 II
  • 2004 Handicap Simul (класичан шах)
  • 2004 Крамник против националног тима Немачке 2½:1½
  • 2004 Линарес (класичен шах) 7.0/12 I
  • 2004 Монако 14½/22 I-II
  • 2006 Златен меддал на олимпијадата во Торино со најдобар оценет рејтинг (2847) 7/10
  • 2006 Дортмунд (класичен шах) 4½/7 I
  • 2006 Меч за обединување на титулата: Крамник - Топалов 6:6 (2½:1½ доигравање)
  • 2007 Вај ан Зее (класичен шах) 8/13 IV
  • 2007 Монако (шах на слепо и брзопотезен шах) 15½/22 I
  • 2007 Дортмунд (класичан шах) 5/7 I

Наводи

уреди
  1. Top 100 Players January 2013 - Archive, ФИДЕ.
  2. Vladimir Kramnik and Iakov Damsky, Kramnik: My Life and Games (London: Everyman Chess, 2000), pp. 21-22.
  3. Garry Kasparov, My Great Predecessors, vol 1 (London: Everyman, 2003), p септември
  4. Raymond Keene and Don Morris, The Brain Games World Chess Championship (London: Everman Chess, 2000), p. 42.
  5. Bob Ciaffone, "World Championship Chess Match," Michigan Chess Magazine (2001) http://www.michess.org/webzine_200102/worldchampionship.shtml Архивирано на 29 септември 2007 г..
  6. „Classical World Chess Championship 2004“. Архивирано од изворникот на 2004-09-23. Посетено на 2006-10-14.
  7. „ChessBase.com - Chess News - World Championship Crisis – what our readers think“. Chessbase.com. Посетено на 2008-11-04.
  8. „ChessBase.com - Chess News - Bessel Kok on the World Championship crisis“. Chessbase.com. Посетено на 2008-11-04.
  9. „ChessBase.com - Chess News - John Nunn: 'It's about imposing your will on the opponent'. Chessbase.com. Посетено на 2008-11-04.
  10. „ChessBase.com - Chess News - Seirawan: highly-charged situation calls for a compromise“. Chessbase.com. Посетено на 2008-11-04.
  11. „ChessBase.com - Chess News - Elista 2006: Match to continue with game six“. Chessbase.com. Посетено на 2008-11-04.
  12. Vladimir Kramnik on the world of chess (Part 2), Chessbase, 1-Jun-2007
  13. Kramnik with 29 move victory against Anand Архивирано на 2 март 2009 г., game analysis by GM Dimitrov
  14. The last man vs machine match?, translated from Spiegel Online, 23 ноември 2006
  15. Official rules of the match Kramnik vs. Fritz, from Susan Polgar's blog.
  16. (руски) Echo.MSK.ru
  17. Seirawan on Kramnik vs Deep Fritz game one
  18. Blunder of the century
  19. Kramnik vs Deep Fritz: Computer wins match by 4:2, Chessbase News, 6 декември 2006
  20. „ChessBase.com - Chess News - Kramnik drops out of Wijk Super-Tournament“. Chessbase.com. Посетено на 2008-11-04.
  21. „chessbase.com“. Посетено на 2007-01-25.
  22. Dylan Loeb Mcclain (Published: 5 декември 2006). „Once Again, Machine Beats Human Champion at Chess - New York Times“. Nytimes.com. Посетено на 2008-11-04. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски

уреди