Ангел Гавровски
Ангел Гавровски (25 јуни 1942) — познат македонски сликар. [1]
Животопис
уредиГавровски е роден на 25 јуни 1942 година во тетовското село Жилче. Дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Белград во 1967 година. Член на ДЛУМ од 1968 година. Има излагано на три самостојни изложби и на многу групни изложби[1]. Како професор предава вечерен акт, пластична анатомија, декоративно писмо, предмети од областа на уникатниот и украсниот текстил, и предмети на ликовното и применетото сликарство. Бил професор по дизајн на Технолошкиот факултет на Универзитетот во Скопје. Тој е еден од ретките уметници кои останале доследни на конзерваторската и зографската сликарска традиција, но создава и слики и нови фрески во традиционална техника и во мозаик. Покрај самостојни и групни изложби учествува на преку триесет ликовни колонии во Македонија, Србија, Словенија, Бугарија и Турција. Добитник е на наградата на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (1975), и на наградата за цртеж (1999).
Наводи
уреди- ↑ „Традиционална изложба на графики во ДЛУМ“. Дневник. Архивирано од изворникот на 2012-07-28. Посетено на 2009-10-31.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |