Абдул Меџид I (османски турски: عبد المجيد اول ; турски: Abdülmecid; роден на 23 април 1823 година[4] — починал на 25 јуни 1861 година во Цариград) — 31-виот Султан на Отоманското Царство кој владеел во периодот од 1839 до 1861 година, наследувајќи го својот татко Махмуд ІІ. Тој бил син на Махмуд ІІ и Безмијалем султан. Водел неуспешни војни со Русија. Тој бил наследен од својот брат Абдул Азис[5]. Подоцна султани станале и неговите синови Мурат V, Абдул Хамид II, Мехмед V и Мехмед VI, последните владетели на Отоманското Царство.

Абдул Меџид I
عبد المجيد اول
Отомански калиф
Амир ел-муминин
Чувар на Двете Свети Џамии
Султан на Отоманското Царство
Кајсери-Рум
Хан
Слика од Абдул Меџид во музејот Пера
31-ви Отомански султан (Падишах)
На престол2 јули 1839 – 25 јуни 1861
ПретходникМахмуд II
НаследникАбдул Азис
Роден(а)25 април 1823[1][2]
Цариград, Отоманско Царство
Починал(а)25 јуни 1861(1861-06-25) (возр. 38)
Цариград, Отоманско Царство
Почивалиште
ПридружничкиСерветсеза кадин
Тиримужган кадин
Дуздидил кадин
Шевкефза кадин
Зејнифелек ханим
Ѓулџемал кадин
Вердиџенан кадин
Пересту кадин
Nükhetsezâ Hanım
Махитаб кадин
Несрин ханим
Нергизев ханим
Безмијара кадин
Наландил ханим
Џејланјар ханим
Серфираз ханим
Шајесте ханим
Навекмисал ханим
Ѓулусту ханим
Децапогледни подолу
Полно име
Абдул Меџид бин Махмуд [3]
ДинастијаОсманлиска династија
ТаткоМахмуд II
МајкаБезмијалем султан
Вероисповедислам
ТургаАбдул Меџид I عبد المجيد اول's signature

Во текот на неговото владеење се зголемил подемот на националистичките движења во рамките на Отоманското Царство. Се обидел да изгради сојузи со главните сили од Западна Европа на чело со Велика Британија и Франција. На конгресот од Париз во 1856 година Османлиското Царство било официјално вклучено во европското семејство на народите. Еден од најголемите негови успеси било објавувањето на Танзиматот или реорганизација на османлиското општество. Абдул Меџид I направил многу обиди за да ја модернизира армијата, но не постигнал поголем успех. Во неговото владеење постигнал успех во Кримската војна против Русија. Починал од туберколоза на 25 јуни 1861 година.

Рани години

уреди

Абдул Меџит е роден во Бешикташ, Цариград[6][7]. Негова мајка била првата сопруга на неговиот татко во 1839 година, Безмијалем султан која најверојатно имала черкешко[8] или грузиско потекло[9][10][11].

Тој добил европско образование и одлично го владеел францускиот јазик. Во текот на неговото владеење тој морал да се бори против старите конзервативци кои биле против неговите реформи. Тој бил првиот султан кој слушал поплаки секој петок во неделата од страна на народот. По воведувањето на реформите започнал да ја обиколува империјата за да види како се спроведуваат.

Владеење

уреди
 
Долмабахче

Со наследувањето на престолот, Абдул Меџит ги наследил и слабостите на империјата. По смртта на неговиот татко пристигнала веста за поразот на Османлиите во Битката кај Незиб од страна на египетските бунтовници на чело со Мухамед Али Паша. Во ноември 1839 година султанот издал указ познат како Ѓулхански хатишериф, а во 1856 година следел и указот познат како Хатихумајун.

Танзимат, што значи реорганизација на Отоманското Царство, претставувал период на реформација кој започнал во 1839 година и завршил со Првата уставна ера во 1876 година. Овој период се одликува со различни обиди на османлиските власти за модернизација на земјата со цел земјата да обезбеди територијален интегритет против националните движења кои се појавиле кај немуслиманското население. Реформите ги опфаќале сите етнички групи во империјата со цел нетурското население да се интегрира во османлиското општество.

Танзиматот произлегол од реформистичките султани Махмуд II и Абдул Меџит I заедно со уште неколку европски образовни бирократи. Тие признале дека старите верски и воени институции повеќе не ги задоволувале потребите на империјата во современиот свет. Голем дел од реформите се засновале на успешните европски практики како и под силно влијание на кодексот на Наполеон. Промените вклучувале универзална регрутација, образование, институционални и правни реформи и систематски обиди за елиминирање на корупцијата, обединување на сите различни народи кои живеат во Отоманската имерија, муслимани и немуслимани, Турци и Грци, Ерменци и Евреи итн. За таа цел исламскиот закон бил ставен настрана во корист на секуларниот закон. Целта на воведувањето на новите реформи била борбата против бавното опаѓање на империјата кое довело преку намалување на нејзините граници во споредба на европските големи сили. Со ослободувањето на милетскиот систем властите се надевале дека ќе бидат во можност за поголема контрола над нивните граѓани. Освен тоа, властите се плашеле од можната интервенција на европските сили во внатрешните работи на земјата. Внатрешно за да ги зацврсти односите од разните верски народи, империјата прогласила верска слобода за сите граѓани од сите религии.

Реформи

уреди

На 3 ноември 1839 година султанот Абдул Меџит издал органски статут за целата империја наречен Хати шериф (султански едикт) кој бил проследен со серија од едикти на султанот во истата година.

  • гаранција за обезбедување на граѓаните целосна безбедност за нивните животи, чести и имоти
  • воведување на првите банкноти
  • отворање на првите пошти во империјата (1840)
  • реорганизација на системот за финансирање (1840)
  • реорганизација на законите (1840)
  • воспоставување на прототип на османлискиот парламент (1841)
  • реорганизација на армијата и начинот на регрутирање, како и времетраењето на воената служба (1843-1844)
  • донесување на отоманска државна химна и национално знаме (1844)
  • прв национален попис на населението (1844)
  • први национални лични карти (1844)
  • основање на министерство за образование (1847)
  • укинување на ропството и тргвијата со робови (1847)
  • основање на првите модерни универзитети, академии, училишта (1848)
  • основање на министерство за здравство (1850)
  • основање на Академија на науките (1851)
  • основање на првите патнички фериброти (1851)
  • основање на модерна општина Истанбул и Совет на градот (1854)
  • целосна правна безбедност на граѓаните од сите религии (1856)
  • право на немуслиманските народи да служат војска (1856)
  • основање на првата телеграфска мрежа (1847-1855) и железничка мрежа (1856)
  • замена на занаетчиството со отворање на нови фабрики
  • основање на Отоманска Централна банка и берза (1856)
  • основање на Факултет за економски и политички науки (1859)
  • основање на Галатасарај Лисеси

Исто така во негово време за првпат бил забранет турбанот а бил воведен фесот (вид на капа).

Семјуел Морз својот првпатент за телеграф го добил во 1847 година во стариот Беглербеговски дворец (новиот бил изграден во периодот од 1861 до 1865 на исто место) во Цариград, а султанот лично го тестирал новиот изум.[12].

Во периодот на неговото владеење била изградена Долмабахче палатата која станала официјална резиденција на империјата. Изградбата на истата започнала во 1842, а завршила до 1856 година целосно. Трошоците кои биле потрошени за изградбата на Долмабахче биле околу 5 милиони лири, кое одговарало на приближно 1/4 од годишните даноци. Финансирањето на објектот се одвивало преку печатење на книжни пари. Според некои извори, се говори дека тогашниот министер за финансии му соопштил на султанот дека изградбата на палатата чини околу 3,500 пиастра, но всушност тоа била сумата која била неопходна за печатењето на парите. Самата изградба довела да империјата се доближи до банкрот и да стане финансиски зависна од надворешни извори односно земји. Долмабахче е првиот дворец кој бил изграден во европски стил.

Наводи

уреди
  1. „Abdulmecid I“. Encyclopædia Britannica (online. изд.). Encyclopædia Britannica Inc. Посетено на December 27, 2019.
  2. There are sources that state his birth date as 23 April.
  3. Garo Kürkman, (1991), Osmanlılarda Ölçü Ve Tartılar, p. 61
  4. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Меџит “. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 3. Text "series " ignored (help)
  5. Chambers Biographical Dictionary, ISBN 0-550-18022-2, page 3
  6. The Encyclopædia Britannica, Vol.7, Edited by Hugh Chisholm, (1911), 3; Constantinople, the capital of the Turkish Empire...
  7. Britannica, Istanbul Архивирано на 18 декември 2007 г.:When the Republic of Turkey was founded in 1923, the capital was moved to Ankara, and Istanbul was officially renamed Istanbul in 1930.
  8. Slavery in the Ottoman Empire, Putnam's Monthly, vol. V, June 1855, No. 30, p. 615
  9. „Bezmi Alem Valide Sultan, Gürcistan Dostluk Derneği“. Архивирано од изворникот на 2013-11-02. Посетено на 2013-01-18.
  10. „Bezmiâlem Valide Sultan, Bezmiâlem Vakıf Üniversitesi Tıp Fakültesi Hastanesi“. Архивирано од изворникот на 2012-06-06. Посетено на 2013-01-18.
  11. The Private World of Ottoman Women by Godfrey Goodwin, 2007, p.157
  12. „Istanbul City Guide: Beylerbeyi Palace“. Архивирано од изворникот на 2007-10-10. Посетено на 2013-01-18.

Надворешни врски

уреди
Абдул Меџид I
Роден(а): 23 април 1823 Починал(а): 25 јуни 1861
Владејачки титули
Претходник
Махмуд II
Султан на Отоманското Царство
2 јули 1839 – 25 јуни 1861
Наследник
Абдул Азис
Духовни титули
Претходник
Махмуд II
Калиф
2 јули 1839 – 25 јуни 1861
Наследник
Абдул Азис