Марија Тјудор (кралица на Франција)

кралица на Франција

Марија Тјудор (англиски: Mary Tudor; 18 март 1496 - 25 јуни 1533) — англиска принцеза и кралица на Франција како сопруга на кралот Луј XII.

Марија Тјудор
Кралица на Франција
На позиција9 октомври 1514 – 1 јануари 1515
Крунисување5 ноември 1514
SpouseЛуј XII
Чарлс Брендон
ДецаХенри Брендон († 1522)
Френсис Брендон
Елеонора
Хенри Брендон
ДинастијаДинастија Тјудор
ТаткоХенри VII
МајкаЕлизабета Јоршка

Родена е во Ричмондската палата во Лондона како петто дете на англискиот крал Хенри VII и неговата сопруга Елизабета Јоршка. Таа била исклучително блиска со нејзиниот брат Хенри VIII, кој станал кум на нејзината прва ќерка. Во 1507 година таа била ветена за кастиљскиот крал Карло V, идниот император на Светото Римско Царство. Но поради политички причини, тој брак не бил склучен. Наместо ова, епископот Томас Вулзи го уредил бракот помеѓу Марија која имала тогаш 18 години, и францускиот крал Луј XII кој имал 52 години. Официјалната церемонија се случила на 9 октомври 1514 година. Заедно со Марија, како дел од кралската придружба во Франција пристигнала и Ана Болејн, идната сопруга на нејзиниот брат Хенри. Но по само три месеци од свадбата, францускиот крал починал.

По неговата смрт, кралот Хенри VIII испратил свои луѓе за да ја донесат повторно Марија во Англија. Помеѓу луѓето кои биле испратени бил и Чарлс Брендон, војвода од Суфолк, во која Марија била вљубена уште како дете. Пред да биде омажена за францускиот крал, Марија имала љубовна врска со Чарлс Брендон, па тој бил принуден од страна на англискиот крал дека нема да и предложи брак. Но и покрај тоа, тој се оженил тајно со Марија на 3 март 1515 г/ во Франција. Ова, според законите, довело да тој биде осуден на погубување. Но, главно поради интервенцијата на Томас Вулзи и молбата на Марија да тој не биде убиен, кралот Хенри го помилувал.

Во крајна сметка, кралот се согласил околу нивниот брак и официјално на 13 мај 1515 година тие се ожениле во дворецот Гринич. Од нивниот брак се родиле три деца: Хенри Брендон, Лејди Френсис Брендон, мајка на Лејди Џејн Греј, и Лејди Елеонор Брендон.

Во англискиот двор, Марија продолжила да ја користи титулата кралица на Франција. Таа продолжила да живее со својот сопруг во Суфолк. Но односите помеѓу Марија и нејзиниот брат се влошиле кога таа не дала поддршка за разводот на нејзиниот брат со Катерина Арагонска

Починала во 1533 година.