Трајче Попов
Трајче Попов (Велес, 15 јули 1923 - Скопје, 30 март 2007) — македонски филмски режисер, снимател и сценарист. Автор е на над 100 документарци, а негово антологиско дело е „Свадбата на Шарпланинецот“.
Трајче Попов | ||
Роден | 15 јули 1923 Велес, денешна Македонија | |
---|---|---|
Починал | 30 март 2007 Скопје, Македонија | (возр. 83)|
Националност | Македонец | |
Познат | по режијата на: Македонска крвава свадба Пресуда | |
Занимање | режисер | |
Деца | Столе Попов |
Со гимназиско образование се стекнува во родниот град, а 1945 година во Скопје завршува курс за новинари, по што станува дописник на Новинската агенција Танјуг за Велешкиот округ. Во текот на 1946 година во Белград го завршува курсот за самостојни сниматели и режисери што го организира Комитетот за кинематографија на ФНРЈ и станува дописник на филмскиот журнал на „Звезда филм“. Во овој период, па сè до 1948 година, Попов е регистратор на скапоцена документарна граѓа од терените на Македонија, Грција, Албанија и Бугарија. Од овој период се и неговите први документарни филмови: „Жито за народот“ (1947), „Низ Пиринска Македонија“ (1948), „Првиот конгрес на КПМ“ (1949) и „Братска помош“ (1950).
Има реализирано преку сто документарни филмови со различна тематска определба, кои ја одбележуваат спецификата на македонското поднебје. Меѓу нив особено се издвојуваат: „Бели мугри“ (1952), „Свадбата на Шарпланинецот“ (1970) и „Ликвидатор“ (1983), за коишто има добиено и вредни награди и признанија, меѓу кои се и наградите 11 Октомври и 13 Ноември.
Попов има снимено и два играни филма - „Македонска крвава свадба“ и „Пресуда“.
Починал во својата 84 година од животот, погребан на градските гробишта „Бутел“ во Скопје.
Надворешни врски
уреди- Трајче Попов на Семрежната филмска база на податоци (англиски)