Joy Division
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Џој Дивижн (англиски: Joy Division) бил англискa рок-група, еден од најпознатите претставници на пост-панк музиката. групата е формирана во 1976 година во Салфорд, Манчестер. Првично именувана како Варшава (Warsaw), групата се состоела од Ијан Куртис (Ian Curtis) - вокал и повремено гитара, Бернард Самнер (Bernard Sumner) - гитара клавијатура, Питер Хук (Peter Hook) - бас гитара и придружен вокал и Стефан Морис (Stephen Morris) - тапани.
Формирање
уредиНа 20 јули 1976 година, Самнер и Хук (кои биле пријатели уште од единаесетгодишна возраст) одделно присуствувале на вториот концерт на Секс Пистолс (Sex pistols) во Манчестер, во салата "Lesser free trade". Следниот ден, Хук позајмил од мајка му 35 фунти и ја купил својата прва бас-гитара. Самер подоцна изјавил дека Секс Пистолс го уништиле митот на поп-звездата, т.е. митот за музичар кој е некаков бог кој мора да се обожува. Инспирирани од нивната изведба, Самер и Хук формирале група со нивниот пријател Тери Мејсон (Terry Mason), кој исто така присуствувал на концертот. Самнер купил гитара, а Мејсон купил комплет тапани. Тие го поканиле другарот од училиштето Мартин Грести (Martin Gresty) да им се придружи како вокал, но тој ги одбил по добивањето работа во локалната фабрика. Оттука, тие поставиле оглас за пејач во продавницата "Вирџин Рекордс "(Virgin Records). Ијан Куртис, кој веќе ја запознал тројката среќавајки ги на претходните свирки, се јавил на огласот и бил примен без аудиција. Подоцна, Самнер рекол: „Знаев дека е во ред да започне и врз тоа ја основавме целата група. Ако ни се допаднеше некој, го земавме“. Менаџерот на Базкокс (Buzzcocks) Ричард Бун и одачот на групата Пит Шели (Pete Shalley) предложиле групата да се вика "Стиф Китенс" (The Stiff Kittens) и како такви биле запишани за нивниот прв јавен настап, но сепак, кратко пред свирката, групата го избрала името „Варшава“ според истоимената песна од Дејвид Боуви (David Bowie).
„Варшава“ ја отсвириле својата прва свирка на 29 мај 1977 година како предгрупа на „Базкокс“, „Пенетрејшн“ (Penetration) и Џон Купер Кларк (John Cooper Clarke) во салата "Electric Circus". Групата го свртела вниманието на пошироката публика благодарение на критиките за свирката, напишани од музичките новинари Паул Морли (Paul Morley) од "Њу Мјузикал Експрес" (NME) и Ијан Вуд (Ian Wood) од Саундс (Sounds). Таа вечер, на тапани свирел Тони Табак (Tony Tabac) кој се приклучил кон групата два дена претходно. Мејсон станал менаџер на групата и во јуни 1977 го заменил Табак со Стив Бродердејл (Steve Brotherdale), кој исто така свирел во панк-групата „Паник“ (Panic). За време на неговото свирење во „Варшава“, Бродердејл се обидел да го натера Куртис да ја напушти групата и да им се придружи на „Паник“, па дури го натерал и да се јави на аудиција за групата. Во јули 1977, „Варшава“ снимила пет демо-снимки во студиото „Pennine Sound“, во Олдам. Поради агресивниот карактер на Бродердејл, тој бил отпуштен по демо-сесиите.
Во август 1977 година, групата објавила оглас во музичката продавница кој гласел: "Бараме тапанар". Стефан Морис, кој учел во училиштето кое го посетувал и Куртис, бил единствениот кој се јавил на огласот. Дебора Куртис (Deborah Curtis), жената на Ијан, изјавила дека Морис „одговара совршено“ со останатите момци и со неговото влегување „Варшава“ станале „комплетно семејство“. За да ја избегнат забуната со лондонската панк-група „Варшавски Пакт“ (Warsaw Pact), на почетокот од 1978 година, групата се преименувала во „Џој Дивижн“, позајмувајќи го името од едно проститутско крило на Нацистичкиот концентрационен логор, спомнато во новелата „Куќата на куклите“ од 1955 година. Во декември 1978 година, групата ја снимила нивната прва деби-плоча, „An Ideal for Living“ во студиото „Pennine Sound“ и на Нова година, во Ливерпул ја отсвириле нивната последна свирка под името „Варшава“. На 25 јануари 1978 година, во диското "Пип" во Манчестер, на картите повторно го пишувало името „Варшава“ колку да обезбедат публика, но тогаш, групата ја отсвирила својата прва свирка под името „Џој Дивижн“.
Први издавања
уредиRCA Records им понудиле на Joy Division да направат песната за N.F. Porter „Keep on Keepin’ On, а како за возврат им било дозволено одреден период да снимаат во професионалното студио Манчестер. Joy Division го поминаа крајот на март и април 1978 година пишувајќи и снимајќи пробен материјал. За време на концертот Стиф/Чизик во клубот Рафтерс во Манчестер, на 14 април, групата го привлекла вниманието на Тони Вилсон и Роб Гретон. Куртис го прекорил Вилсон поради тоа што не ги вметнал во неговото шоу So It Goes, на веќе сега неговиот непостојечки телевизиски канал Гранада. Вилсон како одговор на тоа кажал дека тие ќе бидат следниот бенд кој ќе се појави на телевизија. Гретон, резидент диџеј, бил толку многу имресиониран од бендот со што ги убедил Joy Division да им стане менаџер. За Гретон, со неговата истрајна решителност, се сметало дека е главен виновник за големиот успех на бендот. Тој придонел со неговите деловни вештини, кои и баш Joy Division не ги поседувале многу, за подобра креативна основа. Joy Division ја поминале првата недела од мај 1978 година снимајќи во студиото Arrow во Манчестер. Бендот бил незадоволен од продуцентот на Grapevine Records, Џон Андерсон, и од неговото инсистирање за додавање на синтисајзер за да ја омекнат музиката, така што го замолиле да го отпишат од договорот, кој бил неодамна потпишан со RCA.
Joy Division првото деби го имале во јуни 1978 година. Самиот бенд ја издал плочата „An Ideal for living“, а две недели подоцна една нивна песна, „At a Later Date“, била вметната во компилацискиот албум Short Circuit: Live at the Electric Circus (кој бил снимен во живо во октомври 1977 година). На прегледот од музичкиот весник Melody Maker, Крис Брејзер рекол дека „ја имаат онаа познато грубо-врежана природа на домашно продуцирани снимки, но тие не се свирачи на плех музика-за седум месеци имаат голем број на добри идеи и до сега можеби станале прилично забавен бенд“. На омотот од An Ideal for Living, на корицата имало цртеж од член на Хитлеровата младина и заедно со името на бендот, предизвикало шпекулации за нивните политички ориентации. Додека Хук и Самнер подоцна признале дека некое време биле заинтригирани од фашизмот, Морис инсистирал на тоа дека опсесијата со нацистичката фантазија е резултат на желбата за задржување на спомените од Втората светска војна и жртвите на нивните родители, баби и дедовци. Кажал дека обвиненијата на нео-нацистичките симпатизери едвај и ги испровоцирале кажувајќи „продолжете со тоа што го правите, бидејќи ние сме таков вид на луѓе“.
Во септември 1978 година, Joy Division го имале својот прв телевизиски настап на локалните вести на шоуто Granada Reports, чиј водител бил Тони Вилсон. Истиот месец подоцна, Joy Division придонел со двете песни снимени со продуцентот Мартин Ханет, за дуплата компилација-7“ на плочата A Factory Sample, првото издавање на дискографската куќа на Тони Вилсон, Factory Records. Наскоро Joy Division се приклучиле кон распоредот на Factory Records, откупувајќи дел од својот договор со „RCA“. Роб Гретон станал партнер на куќата за да ги застапува интересите на бендот. На 27 декември, Ијан Куртис за првпат ја имал неговата препознатлива епилептичарска епизода. За време на возењето накај дома, Куртис имал напад и бил однесен во болница. И покрај неговата болест , Joy Division продолжиле со нивната кариера и напредок. На 13 јануари 1979 година во изданието од списанието NME, Куртис се појавил на насловната страница само заради настојувањето на музичкиот новинар Пол Морли. Истиот месец, бендот ја снимил нивната прва радио сесија за BBC Radio 1, со диџејот Џон Пил. Според Дебора Куртис „Болеста на Ијан беше нешто за кое што моравме да се приспособиме, иако беше ставен помеѓу тие две значајни белези“.
Непознати задоволства
уредиВо април 1979 година, бендот го започна нивниот прв деби-албум Unknown Pleasures во студиото Strawberry , во Стокпорт. Продуцентот Мартин Ханет имаше значаен придонес за конечниот звук. На почеток, бендот не го сакаше „просторниот и атмосферски звук“ на албумот, кој не го рефлектирал нивниот жив поагресивен звук. Хук, во 2006 година изјавил „Тоа дефинитивно не излезе како што сакав....Но, сега гледам дека Мартин завршил добра работа.....Нема дилема околу тоа дека Мартин Ханет го создаде звукот на „Joy Division“. Омотот на албумот беше дизајниран од Питер Савил, човекот којшто продолжил да работи на понатамошните издавања на „Joy Division“.Unknown Pleasures беше издаден во јуни и по првичниот тираж, се распродадоа 10,000 копии. Тони Вилсон изјавил дека релативниот успех на албумот го претворил „инди“ правецот во прав, вистински бизнис и „револуционерна сила“ која што оперирала надвор од дискографскиот систем. Писателот Џон Севиџ, разгледувајќи го албумот за Melody Maker, Unknown Pleasures го нарече „непроѕирна манифестација“ и изјави дека „напуштањето“ на XX век е многу тешко; повеќето луѓе сакаат да се вратат во минатото и да жалат за него. Оф леле. Joy Division барем поставија правец во сегашноста со кондензациски траги за иднината – најверојатно не може да се побара повеќе. Навистина, Unknown Pleasures може да е еден од најдобрите, бели, англиски, деби-плочи на годината“.
Joy Division настапија повторно на ТВ Гранада во јули 1979 година, а нивниот прв настап на национално ниво го имаа во септември на ТВ-програмот BBC2, во шоуто Something Else. Во ноември беше издаден нивниот сингл "Transmission". Како резултат на растечкиот успех на Joy Division произлезе прекарот, кој беше посветен на нив, „Култ без име“ и беше стереотипизиран како „напнати млади луѓе облечени во сиви капути“.
Албумот Closer и самоубиството на Куртис
уредиВо јануари 1980 година, Joy Division тргнаа на турнеја низ Европа. Иако турнејата беше напорна, Куртис преживеа само два гранд мал напади (вид епилепсија, кај која кратко пред нападот се појавуваат аура и необични сензации) во рок од два месеца пред завршниот датум. Во март во лондонското студио Britannia Row заедно со Мартин Ханет, повторно како продуцент, бендот го снимија нивниот втор албум, Closer. Исто така во март, беа издадени синглот Licht und Blindheit ( вклучувајќи ги и песните Dead Souls и Atmosphere ) во малата француска дискографска куќа Sordid Sentimental.
Заради недостаток на сон и долготрајна нестабилна епилепсија, нападите на Куртис веќе не можеле да се контролираат. Куртис често имал напади за време на настапите, нешто што го правело да се чувствува засрамено и депримирано. Додека бендот бил загрижен за неговиот пејач, публиката мислела дека неговото однесување било дел од нивниот настап. На 7 април, Куртис имал обид за самоубиство со фенобарбитантско предозирање. Следната вечер, Joy Division требале да свират во Дерби халата, во Бјури. Со закрепнувањето на Куртис, било решено бендот да отсвири комбиниран сет заедно со Алан Хемпстал од Crispy Ambulance и Симон Топинг од A Certain Ratio, како вокали за првите неколку песни. Куртис се појавил на сцена само за дел од настапот. Кога се вратил Топинг да го заврши сетот на Куртис, некои во публиката почнале да фрлаат со шишиња накај бината. Гретон скокнал во толпата и насанал хаос. Неколку свирки во април биле откажани заради болеста на Куртис, но и покрај тоа тој месец бендот снимил спот за промоција на синглот Love Will Tear Us Apart. На 2 мај, бендот ја имал последната свирка во Универзитетот од Бирмингем во халата High.
Во мај 1980 година, „ Joy Division“ требаше да ја започнат нивната прва турнеја низ Америка. Додека Куртис изразувал желба за мал одмор за да посети некои познаници, тој ја лажирал својата возбуда во врска со турнејата. Не сакал да ги разочара своите другари од бендот како и дискографската куќа Factory Records. Во тоа време, односите на Куртис со жена му, Дебора Куртис ( парот се венчал уште во 1975 година како тинејџери), се распаѓале. Факторите што придонеле за тоа биле неговото нарушено здравје, нејзиното отсуство од неговиот живот со бендот и неговата врска со една млада белгијка , чие име било Аник Хоноре. Се сретнале на турнејата низ Европа. Вечерта, пред „ Joy Division“ да ја започнат турнејата низ Америка, Куртис се вратил во неговиот дом во Маклесфилд за да разговара со жена му, која веќе не била со него. Ја замолил да се откаже од разводот; подоцна ,тој и кажал да го остави на само во куќата, додека го чека утринскиот воз за Манчестер. Рано наутро, 18 мај 1980 година, Куртис се обесил во кујната; кога се вратила на пладне, Дебора Куртис била таа која го нашла неговото тело. Во 2005 година Тони Висон изјавил: „ Мислам дека сите ние згрешивме што не помисливме дека ќе се случи неговото самоубиство… Сите ние комплетно ја потценивме опасноста на ситуацијата. Не ја сфативме сериозно. Ете колку сме глупави“.
Последици
уредиСамоубиството на Куртис „направено за моментален мит“, беа зборовите на музичкиот критичар Сајмон Рејнолдс. Џон Севиџ, во куртисовата посрмтница во Melody Maker, напиша: „ Сега никој нема да го памети неговото дело со „ Joy Division“ додека беше жив. Ќе се перцепира како трагично а не храбро“. Во јуни 1980 година, беше издаден посмртниот сингл Love Will Tear Us Apart, кој го достигна 13-тото место од британската топ-список на синглови. Во јули 1980 година, конечно излезе Closer, пробивајќи се на 6-тото место од британската топ-список на албуми. Критичарот на NME, Чарлс Шаар Муреј напишал: „Closer е величествен спомен (колку за „ Joy Division“ толку и за Ијан Куртис) каков што секој посмртно популарен музичар треба да го има.
Членовите на „ Joy Division“ направиле пакт долго време пред смртта на Куртис, дека ако некој член си замине, останатите ќе го сменат името на групата. Со тек на време, тие се преименувале во New Order (Нов Поредок). Бендот се преродил како трочлен, со помош на вокалните способности на Самнер. Подоцна, групата ја регрутираше девојката на Морис, Џилиан Гилберт, за да ја пополни дупката од клавијатурист и втора гитарист. Во 1981, првиот сингл на New Order со име Ceremony (Церемонија), беа вметнати две песни напишани од Ијан Куртис. Додека на почетокот, групата се бореше да ја избегне сенката на Joy Division, New Order достигнаа прилично поголем комерцијален успех, за разлика од нивниот претходен бенд.
Останатиот материјал на Joy Division беше издаден по нивното пропаѓање. Во 1981 година беше издаден албумот Still (Сè уште) кој е компилација од песни во живо и ретки снимки. Во 1988 година, Factory ја објави компилацијата Substance, која ги содржи сингловите што не се излезени. Друга компилација, Permanent (Постојан) , беше објавена во 1995 година од дискографската куќа London Records, која се стекна со каталогот на Joy Division, по банкротот на Factory Records во 1992 година. Компилацискиот албум The best of Joy Division (Најдоброто од Џој Дивижн), беше издаден во 2008 година.
Музички стил
уредиНа Joy Division им беше потребно време за да го развијат нивниот звук. Како Warsaw, бендот свиреше некарактеристично променет хард рок-панк. Критичарот Сајмон Рејнолдс изјави: „Оригиналноста на Joy Division навистина стана забележлива со сè поголемото успорување на песните“. Музиката на групата имаше „оскуден“ квалитет. Во описот на Рејнолд: „Басот на Питер Хук ја понесуваше мелодијата, гитарата на Бернард Самнер оставаше празнини наместо да го пополни звукот на групата со збиени рифови, а пак тапаните на Стив Морис изгледаа како да кружат на ивица од кратер“. Во 1994 година, Самнер го опиша карактеристичниот звук на бендот како: „Се испадна спонтано, природно. Јас сум повеќе за ритам и акорди, а Хуки за мелодија. Тој порано басот го свиреше со повисок тон, бидејќи сакав гитарата да ми звучи дисторзирано, а засилувачот, којшто тогаш го имав, работепе само кога гласот е појачан до крај. Кога Хуки свиреше пониско, тој самиот не можеше да се слушне. Стив има свој стил кој е различен од стилот на останатите тапанари. За мене, тапанарот во бендот е како часовник, но Стив не може да биде часовник, бидејќи е пасивен. Тој го следеше ритамот на бендот, нешто што не направи посебни. Повремено, Ијан Куртис пееше да пее со низок, баритон глас. Тоа често доведуваше до споредби со Џим Морисон од The Doors (еден од најомилените бендови на Куртис)“.
Самнер беше како неофицијалниот музички директор на бендот, улога која ја извршуваше и во New Order. Додека Самнер беше главниот гитарист на групата, Куртис свиреше на гитара само на неколку снимени песни и за време на неколку шоуа. Куртис мразел да свири на гитара, но бендот инсистирал на тоа. Самнер изјавил: „Тој свиреше на прилично бизарен начин, а тоа нам ни беше интересно, бидејќи никој друг не би свирел како Ијан“. За време на снимањата за Closer , Самнер почнал да користи само-вградени синтисајзери, а Хук за повеќе мелодија користел бас со шест жици.
Продуцентот Мартин Ханет „се посветил себеси на доловување и засилување на морничавата просторност на Joy Division“. Ханет мислел дека панк-рокот е звучно конзервативен, заради неговото одбивање да ја искористи технологијата на студиото за создавање на звучен простор. Наместо тоа, продуцентот целел кон тоа да на снимките од групата создаде звук кој повеќе се шири. Ханет рекол: „ Joy Division се како подарок за еден продуцент, бидејќи тие немаа поим. Не се расправаа“. Ханет сакал чиста и јасна „звучна поделба“ не само за поединечните инструменти, туку и за поединечните делови од тапанарската опрема на Морис. Морис рекол: „За песните за коишто мислеше дека се потенцијални синглови, тој ме тераше да свирам на секој тапан посебно за да избегнам „крварење“ на звукот.
Стихови
уредиЕдинствениот текстописец на групата бил Ијан Куртис. Кога ќе го „прифателе“ тој почнувал да пишува трескавично. Потоа ја слушал музиката на бендот (нешто што често било аранжирано од страна на Самнер) и ги користел стиховите таму каде што било најсоодветно. Зборовите и сликите како „студ, притисок, темнина, криза, неуспех, колапс, губење контрола“ често се повторувале во неговите песни. Во 1979 година, новинарот на NME Пол Рамбали напишал: „Темите од музиката на Joy Division се полни со јад, болка, а понекогаш и длабока тага. Музичарот Робер Палмер во списанието Musician напишал дека текстовите на Вилијам С. Бароуз и Ј.Г. Балард очигледно имале влијание на Куртис, а Морис спомнал дека пејачот често го читал и Т.С. Елиот.
Бендот не сакал да ги објасни стиховите на новинарите, ниту да ги испечати. Куртис изјавил за списанието Printed Noise:„ Всушност немаме некоја порака. Стиховите се отворени за толкување. Тие се повеќедимензионални. Во нив можете да видите сè што сакате“. Во 1987 година, во интервјуто направено од музичкото списание Option (избор), Морис коментирал: „Мислевме дека песните се еден вид на сочувство и расположителни а не депресивни. Но секој си има право на свое мислење“. Според Дебора Куртис, со самото појавување на албумот Closer многумина, кои биле блиски со пејачот, сфатиле дека неговите намери и чувства биле таму, вметнати во стиховите. Преживеаните членови не бендот во ретроспективно жалење не ги видоа предупредувачките знаци во стиховите на Куртис. „Ова ќе звучи ужасно, но само по смртта на Ијан, ние седнавме да ги ислушаме стиховите“-изјави Морис во 2007 година. „Ќе се приметиш самиот себеси како размислуваш ’О Боже, го промашив ова’. Ги гледав стховите на Ијан и мислев колку бил тој паметен, да се стави на местото на некој друг. Никогаш не поверував дека тој пишувал за себеси. Гледајќи наназад, како можев да бидам толку проклето глупав? Секако дека ги пишувал за себе. Но не никогаш го прашав ’Еј, што ти е ?’ Сега морам да живеам со тоа“.
Настапи во живо
уредиВо контраст на звукот на нивните студиски снимки, Joy Division за време на нивните настапи во живо, свиреле типично гласно и агресивно. Бендот не бил задоволен со тоа што Ханет им го измиксал Unknown Pleasures, што довело до намалување на зајадливоста на нивниот звук. Според Самнер: „Музиката беше толку гласна и тешка, па почувствувавме дека Мартин ја намалил, особено кај деловите со гитарите“. На концерт, групата малку комуницирала со публиката. Пол Морли напишал: „За време на сетот на Joy Division, од песните, ако имаш среќа, можеш да чуеш само два три збора како Здраво и Збогум. Без почеток, без промоција“. Куртис, додека пеел често го изведувал танцот кој го нарекле „танцот на мртвата мува“, кога рацете на пејачот ќе почнеле да „летаат“ во полукружно, хипнотизирачко вртење. Сајмон Рејнолдс забележал дека стилот на играњето на Куртис го потсетувало на падавичарски движења и дека пред да му дијагностираат епилепсија, тој почнал да игра на таков начин. Заради неговата состојба, настапите во живо станувале голем проблем. Самнер подоцна рекол: „Немавме осветлување, но понекогаш некој ритам од тапаните правеше да се случува нешто со него. На момент, ќе беше во транс, а потоа тотално ќе се изгуби и ќе почнеше да се движи падавично. Моравме да ги прекинуваме настапите и да го однесеме во соблекувалната каде што си ги ’вадеше’ очите плачејќи, заради таа ужасна работа што му се случила“.
Наследство
уредиПокрај нивната кратка кариера и култен статус, Joy Division извршиле огромно влијание. Џон Буш од списанието Allmusic објавил дека Joy Division станале првиот бенд во пост-панк движењето со нагласување на расположението и изразувањето а не на гневот и енергијата, посочувајќи го почетокот на меланхоличната алтернативна музика од 80-тите години.
Магливиот и темен звук на бендот, кој Мартин Ханет во 1979 година го опиша како „музика за танцување со готски призвуци“, го навестил појавувањето на готскиот рок жанр. Додека во музиката од 1970-тите години поимот „готик“ бил опишан како „атмосфера на пропастот“, наскоро тој бил применет во специфични бендови како Bauhaus , кој бил проследен со појавувањето на Joy Division. Слични музички елементи на раните готик-рок бендови како „високо пискави пост-Joy Division бас линии кој ја узурпирале улогата на мелодијата“ и „ вокали кои биле скоро оперски и тевтонски или длабоки, како на Џим Морисон и Ијан Куртис“.Joy Division имале влијание на бендови од типот на U2 и како и на изведувачите на пост-панк будењето The Cure Interpol, Bloc Party и Editors. Фронтменот на U2 , Боно, изјави дека неговата група ги обожавала Joy Division. Пејачот изјави за автобиографијата од нивниот бенд: „Ќе биде тешко да се најде потемно место од она што е во музиката од Joy Division. Нивното име, нивните стихови и нивниот пејач беа како голем црн облак кој може да се пронајде на небото. Сепак, го почувствував присуството на Господ, или светлото, или причината...причината за да се постои. Со Joy Division и од нивниот пејач можете да почувствувате убавина која е искрена и искреност која е убава. Нивната цел беше потрага по двете“.
Изведувачите кои имаат вметнато и електронски елементи, како Moby и гитаристот на Red Hot Chili Peppers Џон Фрусканте, да оддале својата почит кон музиката на Joy Division и на влијанието кое било присутно во нивниот материјал. Во 2005 година, Joy Division заедно со New Order биле воведени во британската музичка хала на славни. Издадени се два биографски филма коишто ги драматизираат Joy Division. Во 2002 година, 24 Hour Party People (24 часа забава),еден вид на фикција, го претстави подемот и падот на Factory Records , кој ги вклучува и членовите на Joy Division како споредни улоги. Тони Вилсон, за филмот рече дека „се е вистина, се е невистина. Не е некаков документарен филм“, инсистирајќи на тоа дека кога се снимал филмот, кога било можно, го ставал митот пред вистината. Филмот од 2007 година Control (Контрола), со режија на Антон Корбијн, е биографијата на Ијан Куртис (Сем Рајли) и се заснова на биографската книга за починатиот сопруг на Дебора Куртис, Touching from a Distance (Допирајќи од далечина). Control ја имаше својата меѓународна премиера на отворањето на четвртата режисерска ноќ во 2007 година на Канскиот филмски фестива, каде што беше добро примен од страна на критичарите. Таа година Грант Џи го режираше документарниот филм за бендот, едноставно наречен Joy Division.