Вера Циривири-Трена
Вера Циривири - Трена (Прилеп, 1920 - Штип, 15 јули 1944) — македонска партизанка, учесник во НОБ.
Вера Циривири Трена | ||
Родена | 1920 Прилеп, Кралство СХС (денес Македонија) | |
---|---|---|
Починала | 15 јули 1944 Штип |
Биографиja
уредиНа 15 години, поради болест оди на лекување во Белград и токму таму започнува нејзината политичката кариера. Во тоа време, шивачкиот дуќан на Коста Циривири, нејзиниот татко, во Белград било познато свратилиште на револуционери, уметници, поети и студенти од Македонија, меѓу кои најредовни посетители биле: Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Борка Талески, Кузман Јосифоски-Питу, Кочо Рацин и други, кои имале големо влијание во нејзините политички убедувања.
Вера во тоа време иако многу млада, учествувала во студентските протести. Во периодот додека живеела во Белград, Вера со мајка ѝ многу често патувале до Прилеп и назад. На тие патувања, всушност, тие од Белград носеле материјали, летоци и сè што било потребно за формирање месни комитети.
Во 1940 година станала член на Комунистичката партија на Југославија, а истата година на Илинден, таа била еден од организаторите на манифестацијата, која по повод националниот празник ја организирале младите македонски патриоти.
За време на окупацијата Вера Циривири била меѓу првите што се приклучува во НОБ. Таа важела за многу добар инструктор со одлични организаторски способности, па поради тоа партијата постојано и доверувала задачи да отвора месни комитети и да испраќа борци на фронтот. Во повеќе места Вера се претставувала како Трена, некаде како Светлана, некаде како Ленче. Бугарските окупаторски власти давале 20.000 лева за да ја фатат жива. По партиска задача заминала за Штип, каде што во ноќта на 15 јули 1944 година, од бугарската полиција била блокирана куќата во која се наоѓала. Вера боса почнала да бега кон соседните куќи, но никој не и одговорил на молбите да се скрие. Во моментот кога го прескокнувала ѕидот на оградата од некоја куќа, паднала погодена од полициските агенти, кои ја гонеле. За да не се предаде жива во рацете на непријателот, Вера се самоубила. Вера Циривири-Трена до денес не е прогласена за народен херој.
Во нејзина чест
уредиВо нејзина чест се именувани основните училишта:
- ОУ "Вера Циривири Трена" во населбата Карпош во Скопје.
- ОУ "Вера Циривири Трена" во Дебреште.
Во нејзина чест и детската градинка во Штип го носи нејзиното име.
Надворешни врски
уреди- Раско Лозаноски „Шеесет години од трагичната смрт на Вера Циривири-Трена“[мртва врска], „Утрински Весник“
- Биографија на old.prilep Архивирано на 24 јуни 2016 г.