ФК Норич Сити
ФК Норич Сити е англиски професионален фудбалски клуб со седиште во Норич, Норфолк. Во сезоната 2011-12, Норич Сити повторно играа во Премиер лигата по шестгодишно отсуство, откако завршија како вицешампиони во Чемпионшип лигата во сезоната 2010-11 во англискиот фудбал и освоија директна промоција.
ФК Норич Сити | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Фудбалски клуб Норич Сити | |||
Држава | Англија | |||
Прекар | Канаринците | |||
Основан | јуни 17, 1902 | |||
Стадион | Кероу Роуд Норич, Англија | |||
Капацитет | 27,906 | |||
Претседател | Дела Смит Мајкл Вин-Џонс | |||
Менаџер | Даниел Фарке | |||
Лига | Премиер лига | |||
2018–19 | Чемпионшип лига, 1-ви (промоција) | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
Клубот бил основан во 1902.. Тие својата прва промоција ја освоија во Првата Дивизија во 1972 година, и имаат играно вкупно 21 сезона во елитниот фудбал, со најдолг континуиран период од девет сезони по ред. Норич го имаат освоено Лига купот двапати, во 1962. и 1985.. Тие беа основачки членови на Премиер Лигата во 1992-1993, и завршија на третото место во истата сезона. Тие играа во својте први три сезони во новоформираната лига, а еднаш достигнаа и до 3-тиот круг на УЕФА купот. Во сезоната 2004-05 тимот се враќа за една сезона во Премиер лигата.
Од 1935., Норич ги игра својте домашни натпревари на стадионот Кероу Роуд и имаат долгогодишни и жестоки соперништва со соседите од Источна Англија, Ипсвич Таун, со кои тие го играат Источно Англиското дерби, досега одиграно 138 пати. Песната на навивачите "On The Ball, City" се смета дека е една од најстарите фудбалски песни во светот.
Моментални играчи
уреди
|
|