ФК Блекбурн Роверс

ФК Блекбурн Роверс е англиски фудбалски клуб од Блекбурн, грофовијата Ланкашир. Моментално се натпреварува во Чемпионшип, второто ниво на англискиот фудбал.

Блекбурн Роверс
Целосно имеФудбалски Клуб Блекбурн Роверс
ДржаваАнглија Англија
ПрекарРиверсајдерс
Основан1875; пред 148 години (1875)
ЛокацијаБлекбурн, Англија
СтадионИвуд Парк
Капацитет31,367
СопственикV H Group
МенаџерДанска Јон Дал Томасон
ЛигаЧемпионшип Чемпионшип
2021–22Чемпионшип, 8. место
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Тековна сезона

Клубот е основан во 1875 година, а во 1888 станува еден од основачите на Фудбалската лига на Англија. Најголемите успеси клубот ги постигнал кон крајот на 19-тиот и во првите 30 години од 20-тиот век, кога освоиле шест ФА Купа 1884, 1885, 1886, 1890, 1891, 1928 и двапати биле шампиони на Англија во сезоните 1911–1912 и 1913–1914. Потоа следувале не толку добри времиња за клубот; тие испаднале за првпат во клупската историја во 1936 година, иако се вратиле во врвната лига како шампиони во Втората дивизија во сезоната 1938-1939 година. После новото испаѓање во 1948 година, Роверс повторно обезбедиле промоција во сезоната 1957-1958, само за испаднат повторно во 1966 година и пак во 1971 година, но последниот пат не од Првата туку од Втората дивизија. Натпреварувајќи се во Третата дивизија, тие ја освоиле титулата во сезоната 1974-1975 и избориле уште една промоција во сезоната 1979-1980 откако претрпеле испаѓање претходната година.

После цела деценија играње во Втората дивизија, Блекбурн успеал да избори промоција во елитата на Англија, која сега била новоформираната Премиер лига, во сезоната 1991-1992. Во сезоната 1994-1995, под водството на менаџерот Кени Далглиш, Роверс ја освоиле својата трета и за сега последна шампионска титула. Сепак, тоа не бил последниот позначаен успех на клубот, бидејќи во 2002 година тие го освоиле Лига купот со победа над Тотенхем. Со исклучок на само две (1999-2000 и 2000-2001), Роверс играле во сите сезони на Премиер лигата од основањето до сезоната 2011-2012, која е нивната последна во највисокото ниво на англискиот фудбал. Во 2017 година тие испаднале одново во третото ниво, но се вратиле во Чемпионшип веќе следната година.

Својте домашни натпревари Блекбурн ги игра на стадионот Ивуд Парк уште од 1890 година. Традиционалната опрема им е во сина и бела боја, а најголем ривал им е екипата на Барнли. Мотото на клубот е „Arte et Labore“, што преведено од латински значи „Со вештина и напорна работа“.

Успеси

уреди

Надворешни врски

уреди