Отвори го главното мени

ФК Фулам е професионален фудбалски клуб од Фулам, Лондон, Англија. Моментално се натпреварува во Премиер лигата, највисоката лига по ранг во англискиот фудбал.

Фулам
Fulham FC (shield).png
Целосно имеФудбалски клуб Фулам
ДржаваАнглија Англија
ПрекарКотиџерс
Основан1879
Бои          бела и црна
СтадионКрејвен Котиџ
Лондон, Англија
Капацитет25,700
СопственикПакистан Шахид Кан
ПретседателПакистан Шахид Кан
МенаџерАнглија Скот Паркер
ЛигаПремиер лига Премиер лига
2018–19Премиер лига, 19. место (испаѓање)
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
фinco
Резервни бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

Клубот е основан во 1879 година и претставува најстариот професионален фудбалски клуб од Лондон кој заиграл во фудбалската лига.[1] Досега, клубот има поминато 26 сезони во највисокото ниво на англискиот фудбал, а поголемиот дел од нив во два периоди во текот на 1960-тите и 2000-тите години. Во текот на 1990-тите клубот играл во четвртата англиска дивизија, меѓутоа веќе на почетокот на новиот милениум експресно се вратиле во првата лига. За тоа бил најзаслужен египетскиот милионер Мохамед Ал-Фајед кој го преземал Фулам во најлошиот период од клупската историја (1994-1997) и успеал да спречи финансиска пропаст, за веќе во наредните четири години клубот да забележи четири последователни промоции во периодот од 1997 до 2001 година и да влезе во Премиер лигата. Во сезоната 2002-2003, Фулам дебитирал во европските натпреварувања каде го освоиле Интертото купот (победувајќи ја по двата финални натпревари Болоња со вкупен резултат 5-3) и така се избориле за настап во Купот на УЕФА. Во ова натпреварување поминале два круга, меѓутоа во третиот ги сопрела екипата на Херта. Во својата историја Фулам одиграл две важни финалиња: првото во 1975 година во ФА купот каде загубиле од Вест Хем Јунајтед со 2-0 и во 2010 кога загубиле од Атлетико Мадрид со 2-1 по продолженија во УЕФА Лига Европа.[2]

Својте домашни натпревари ги игра на стадионот Крејвен Котиџ, кој е со капацитет од 25,700 седечки места. Боите на клубот се белата и црната, а најчесто играат во бели дресови и црни шорцеви. Најголем ривал им е екипата на Челси.

ИсторијаУреди

Фулам е основан во 1879 година како Фулам Сент Ендрјус Чрч Сандеј Скул ФК[3], од страна на верниците од црквата на Стар Роуд (Западен Кенсингтон). Во 1887 година клубот го освоил Западнолондонскиот аматерски куп, a во 1983 година ја освоил Западнолондонската лига.[4] Првиот дрес на клубот бил во црвена боја со бели шорцеви и чорапи. Откако промениле неколку терени на кој играле, во 1986 фудбалерите на Фулам се преселиле на Крејвен Котиџ, теренот кој и ден денес е нивниот домашен стадион. Првиот натпревар на овој стадион го одиграле против екипата на Минерва. Во моментов, Фулам е еден од најстарите клубови во јужна Англија кој игра на професионално ниво.

Професионалниот статус клубот го добил на 12 декември 1898 година, а истата година влегле во Втората Дивизија на Јужната лига. Во сезоната 1902-1903, избориле промоција во Првата Дивизија на Јужната лига.

ИграчиУреди

ТренериУреди

 
Рој Хоџсон, менаџер на Фулам во периодот 2007-2010
 
Скот Паркер, моментален тренер на Фулам
Име Од До
  Хари Бредшо 1904 1909
  Фил Келсо 1909 1924
  Енди Дукат 1924 1926
  Џо Бредшо 1926 1929
  Нед Лидел 1929 1931
  Џими МекИнтајер 1931 1934
  Џими Хоган 1934 1935
  Џек Пирт 1935 1948
  Френк Озборн 1948 1949
  Бил Доџин ср. 1949 1953
  Френк Озборн 1953 1956
  Даг Ливингстон 1956 1958
  Бедфорд Џизард 1958 1964
  Вик Бакингам 1965 1968
  Боби Робсон 1968 1968
  Бил Доџин јр. 1969 1972
  Алек Сток 1972 1976
  Боби Кембел 1976 1980
  Малком МекДоналд 1980 1984
  Реј Харфорд 1984 1986
  Реј Луингтон 1986 1990
  Алан Дикс 1990 1991
  Дон Макеј 1991 1994
  Ијан Бранфут 1994 1996
  Мики Адамс 1996 1997
  Реј Вилкинс 1997 1998
  Кевин Киген 1998 1999
  Пол Брејсвел 1999 2000
  Жан Тигана 2000 2003
  Крис Колман 2003 2007
  Лори Санчез 2007 2007
  Рој Хоџсон 2007 2010
  Марк Хјуз 2010 2011
  Мартин Јол 2011 2013
  Рене Меленстен 2013 2014
  Феликс Магат 2014 2014
  Кит Сајмонс 2014 2015
  Славиша Јокановиќ 2015 2018
  Клаудио Раниери 2018 2019
  Скот Паркер 2019

Титули и успесиУреди

останати успеси

НаводиУреди

  1. 1879 according to the club history Архивирано 13 November 2013 во Wayback Machine. on the official website and 1886/7 „Archived copy“. Архивирано од изворникот на 18 October 2009. конс. 27 July 2009.  according to 'How a church's cricket and football club became Fulham Football Club' – Morgan Phillips 2007.
  2. „2009/10: Atlético crown historic campaign –“. UEFA.com. 17 June 2010. Архивирано од изворникот на 1 January 2012. конс. 17 February 2012. 
  3. http://www.standrewsfulham.com/articles/football.html
  4. * http://www.lbhf.gov.uk/Directory/News/Blogs/Sir_Leslie_Bowker.asp
  5. „First team – Player profiles“. Fulham F.C. Архивирано од изворникот на 8 September 2018. конс. 9 September 2018. 
  6. „Captain's message“. Fulham F.C. 21 June 2018. Архивирано од изворникот на 29 July 2018. конс. 29 July 2018. 

Надворешни врскиУреди