Александар Банор Тети (Alexander Tettey, р. 4 април 1986) — норвешки фудбалер кој игра во средниот ред за англискиот премиерлигашки клуб Норич Сити.

Александар Тети
Alexander Tettey
Лични податоци
Роден на 4 април 1986(1986-04-04)(38 г.)
Роден во Акра, Гана
Висина &100000000000001800000001,80 м
Позиција Дефанзивен халф
Клупски податоци
Сегашен клуб Норич
Број 27
Младинска кариера
Буде/Глимт
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2003-2009 Розенборг 89 (12)
2005Скејд (позајмен) 5 (2)
2009-2012 Рен 60 (2)
2012- Норич Сити 24 (0)
Репрезентација
2007-  Норвешка 14 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Тети е роден во Гана, но се преселил во Норвешка кога бил млад. Тој претходно играл за Розенборг и Рен. Тети е репрезентативец на сениорската репрезентација на Норвешка од 2007 година, а претходно поминал низ три помлади категории на селекции: до 18, до 19 и до 21-на година.

Рани години уреди

Роден во Акра, Гана, Тети се преселил во Буде, Норвешка во 1999 година. Тој подоцна се преселил во Трондхејм, и започнал да игра фудбал за Колштад. По пристапувањето во младинскиот погон на Розенборг, Тети го направил своето деби за првиот тим во пријателски натпревар против Сундсвал во јануари 2003 година. Во септември 2003 година пак, тој станал активен член во првиот тим, со што влегол во историјата на клубот како еден од најмладите играчи кој дебитирале за првиот тим на Розенборг.[1]

Клупска кариера уреди

Розенборг уреди

Тети ја започнал својата кариера во Розенборг како централен играч од средниот ред, но под водство на тренерот Кнут Терум во 2007 година тој бил поставен нешто поназад како дефанзивен играч од средниот ред. Во сезоната 2008 тој бил назначен за заменик-капитен на Розенборг и кога легендата на клубот Роар Странд бил надвор од тимот Тети ја имал честа да биде капитен [2].

Рен уреди

За време на неговиот престој во Розенборг, Тети бил следен од францускиот клуб Рен, кој се обидувал да создаде тим од играчи кој имаат потенцијал за освојување на титулата.[3] На 31 јули 2009 година, тој потпишал четиригодишен договор со францускиот клуб.[4] Тети добил можност да го направи своето деби за клубот набргу потоа, но се повредил за време на својот прв натпревар за клубот. За време на неговиот престој во Рен тој постојано се соочуваал со повреди, но сепак успеал да собере 23 настапи за клубот. На 9 јануари 2011 година, Тети го постигна својот прв гол во дресот на Рен во натпревар од Францускиот куп. Тој ги постигнал првиот и петтиот гол за Рен, во нивната победа од 7-0 над Кан.[5]

Норич Сити уреди

На 24 август 2012 година, Тети му се приклучил на Норич Сити во Премиер лигата, потпишувајќи две-годишен договор за необјавена сума. Тој го направил своето деби за клубот во натпревар од Лига купот против Донкастер Роверс на 26 септември 2012 година, постигнувајќи го единствениот погодок во натпреварот. Тети го направил своето деби во Премиер лигата во поразот со 5-2 од Ливерпул, влегувајќи како замена на местото на Стив Морисон. Следната недела тој бил стартер против Челзи на Стемфорд Бриџ, но неговиот тим запишал уште еден убедлив пораз, 4-1. Неговиот трет настап бил од одлучувачко значење за победата на канаринците над Арсенал со 1-0 на Кароу Роуд. Ударот од дваесеттина метри на Тети бил едвај одбранет од страна на голманот на Арсенал Вито Маноне, по што на одбиената топка натрчал Грант Холт и го постигнал единствениот гол во натпреварот. На 18 февруари 2013, Тети се повредил на тренинг поради што пропуштил ги пропуштил натпреварите на Норич со Евертон дома и гостувањето на Олд Трафорд кај Манчестер Јунајтед.

Репрезентативна кариера уреди

Како натурализиран норвежанец, Тети играл во младите репрезентации на Норвешка за под-18, под-19 и под 21-на година. Тој го направил своето прво појавување во сениорската репрезентација на Норвешка во победата со 2-1 над Аргентина на 22 август 2007 година.

Титули уреди

  Розенборг уреди

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. http://www.rbkweb.no/spiller/tettey Александар Тети еден од најмладите играчи на Розенборг во историјата
  2. „Профил: 10 Александар Тети“. Архивирано од изворникот на 2008-12-16. Посетено на 2013-03-07.
  3. com / index.php? rb = 22 & id = AT5170 Рен заинтересиран за Александар Тети[мртва врска]
  4. / de/news/30170/tettey-nach-rennes.html Тети во Рен
  5. http://www.terre-de-foot.com / Рен-Кан 7-0