<< мај >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04
05 06 07 08 09 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31
2024

18 мај — 138-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (139-и во престапна година). Остануваат 227 денови до крајот на годината.

Настани:

1925  Извршен е масакр во пиринското село Дабница врз месното население од страна на месните чети на ВМРО на Ванчо Михајлов.
1954  Стапи во сила Европската конвенција за човекови права.
1974  Индија изврши прва јадрена проба во пустината во Раџастан, со што стана шеста држава која изврши јадрен тест.
1977  Во Москва за време на Дванаесеттото генерално собрание на ИКОМ, 18 мај е прогласен за Меѓународен ден на музеите.
1980  Стотици илјади луѓе ја презедоа контролата над јужнокорејскиот град Квангџу, по немирите во кои единиците на воената хунта убија најмалку двесте продемократски демонстранти.

Родени:

1711  Руѓер Бошковиќфизичар, математичар, астроном, филозоф и дипломат.
1814  Михаил Бакунин — руски револуционер.
1872  Бертранд Расел — англиски филозоф.
1872  Јане Сандански — македонски револуционер, војвода и еден од раководителите на ТМОРО.
1897  Френк Капра — американски филмски режисер.
1899  Душан Недељковиќ — српски филозоф и етнолог.
1908  Карл Колдевеј — германски поларен истражувач.
1909  Фред Пери — англиски тенисер.
1911  Биг Џо Тарнер — американски блуз-пејач.
1914  Борис Христов — бугарски оперски пејач.
1919  Маргот Фонтејн — англиска балерина.
1920  Јован Павле IIримски папа.
1934  Петар Ширилов — македонски писател.
1935  Иван Доровски — македонски и чешки поет.
1938  Силвана Арменулиќ — југословенска фолк-пејачка.
1960  Јаник Ноа — француски тенисер.
1962  Сандра Крету — германска пејачка.
1971  Бред Фридел — американски фудбалер.
1978  Рикардо Карваљо — португалски фудбалер.
1978  Тор Хушовд — норвешки велосипедист.
1979  Благој Нацоски — македонски оперски пејач.
1980  Ана Угриновска — македонска кајакарка.
1984  Ники Терпстра — холандски велосипедист.
1986  Алексеј Жуканенко — руски кошаркар.
1986  Наталија Осиповаруска балерина.
1986  Кевин Андерсон — јужноафрикански тенисер.
1988  Кевин Реза — француски велосипедист.
1994  Клинт Капела — швајцарски кошаркар.

Починале:

526  Јован Iримски папа.
1799  Пјер Огистен Карон де Бомарше — француски писател.
1800  Александар Суворовруски кнез и генералисимус.
1908  Карл Колдевеј — германски поларен истражувач.
1980  Ијан Кертис — англиски рок-музичар, член на групата Џој дивижн (Joy Division).
2000  Домингос да Гуја — бразилски фудбалер.
2004  Елвин Џонс — американски џез-музичар.
2014  Добрица Ќосиќ — српски писател, академик и политичар.
2017  Крис Корнел — американски рок-музичар, член на групата Саундгарден (Soundgarden).
2020  Марко Елснер — словенечки и југословенски фудбалер.
2023  Хелмут Бергер — австриски глумец.

Празници:

Меѓународен ден на музеите