Френк Расел Капра (англиски: Frank Russell Capra, италијански: Francesco Rosario Capra; Бизаквино, Сицилија, 18 мај 1897Ла Кинта, 3 септември 1991 година) — американски филмски режисер, сценарист и продуцент од италијанско потекло.

Животопис

уреди

Основни податоци

уреди

Френк Расел Капра е роден на 18 мај  1897 година, во местото Бизаквино во Сицилија (Италија) како Франческо Розарио Капра. Неговото семејство емигрирало во 1903 година во Америка. Живеел во Лос Анџелес, Калифорнија , каде што дипломирал и станал инженер на хемијата.[1] Учествувал во Првата светска војна, во 1920-тите години. Станал американски граѓанин и зел име, Френк Расел Капра. Двапати бил во брак. Неговата прва сопруга била Хелен Хауел, од која зе развел во 1927 година.  Втора негова сопруга била Лу Капра, со која тој имал четири деца. Умрел на 3 септември 1991 година, на 95 години.

Филмска кариера

уреди

Тој не можел да најде работа во својата специјалност и почнал да пишува сценарија. Голем успех постигнал со филмот „Трамп, Трамп, Трамп“ од 1926 година. До 1929 режирал само неми филмови. Првиот звучен филм, кој тој го режирал е „Аферата на Донован“ (1929) за студиото „Колумбија“. Последниот филм кој тој го режиирал е „Шешир полн со чуда“ (1961). Исто така, тој пишувал и сценарија и работел како продуцент.

Филмографија

уреди

Наводи

уреди
  1. "Distinguished Alumni Award: 1966 Recipients" Архивирано на 16 јули 2011 г.. Caltech Alumni Association. 18. 12. 2010.

Надворешни врски

уреди

(англиски)