Етнологија

(Пренасочено од Етнолог)

Етнологија (или народознание) — наука што ги проучува настанокот и развитокот на народите и нивната вкупна материјална и духовна култура[1]. Зборот етнологија за првпат се спомнува во 1787 година, а зборот етнографија потекнува од 1810 година. Овие два изрази имале прилично различни значења од оние кои денес им се придаваат. Исто така, треба да се напомне дека на појавата на етнолошката мисла и претходи настанувањето на специфичните терминологии. Доколку се проследи историјата на сознанието за човекот, од гледиштето кое нè интересира, може да се забележи дека првичните интересирања биле кон егзотичните, архаични (или како што тогаш ги нарекувале, примитивни) општества.

Наводи

уреди
  1. „етнологија“ — Лексикон на македонскиот јазик