Сојузници во Првата светска војна
Сојузни во Првата светска војна или Сили на Антанта — земјите кои се спротиствиле на Централните сили во Првата светска војна.[2]
Сојузници во Првата светска војна | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
1914–1918 | |||||||
Статус | Воен сојуз | ||||||
Историски период | Прва светска војна | ||||||
• Основана | 1914 | ||||||
• Распаѓање | 1918 | ||||||
|
Членови на првобитната Тројна Антанта од 1907 година биле Француската Република, Британското Царство и Руското Царство. Италија се повлекла од сојузот со Централните сили, тврдејќи дека Германија и Австроунгарија ја започнале војната без претходна консултација со сите сојузници и дека алијансата била само дефанзивна. Таа влегла во војната на страната на Антантата во 1915 година. Јапонија била уште еден важен член на сојузот. Белгија, Србија, Грција, Црна Гора и Романија[3] исто така биле членови на Антантата[4].
Договорот од Севр од 1920 година ги дефинирал главните сојузнички сили: Француска Република, Британското Царство, Италија и Јапонија. Сојузничките сили, освен главните сојузнички сили, биле: Ерменија, Белгија, Грција, Хеџаз, Полска, Португалија, Романија, СХС и Чехословачка[5].
Американското објавување на војна на Германија на 6 април 1917 година било поради прекршувањето на својата неутралност преку напаѓање на меѓународните бродови и Цимермановата телеграма испратена на Мексико[6]. САД објавил војна на Австроунгарија во декември 1917 година[7][8]. САД влегле во војната како „придружна сила“, а не како формален сојузник на Франција и Обединетото Кралство, со цел да се избегне „странско мешање“ во војната[9]. Иако Отоманското Царство и Бугарија ги прекинале односите со САД, тие не си објавиле војна еден на друг[10].
Доминионите и Крунисните колонии на Британија дале голем придонес за воените напори на сојузничките, но немале независни надворешни политики во Првата светска војна со Британскиот воен кабинет кој вршел оперативна контрола на силите на царството. Владите на Доминионите го контролирале регрутирањето. Од почетокот на 1917 година, Воениот кабинет бил заменет со царскиот кабинет, каде што имале застапеност Доминионите.
Наводи
уреди- ↑ Albania in the Twentieth Century, A History: Volume I: Albania and King Zog ... By Owen Pearson
- ↑ Мира Радојевиќ, Љубодраг Димиќ, Србија у Великом рати 1914 -1918, Слово љубве - Буквибукс, Скопје, 2018, стр. 133 - 136.
- ↑ Karel Schelle, The First World War and the Paris Peace Agreement, GRIN Verlag, 2009, p. 24
- ↑ „First World War.com - Feature Articles - The Causes of World War One“.
- ↑ „Section I, Articles 1 - 260 - World War I Document Archive“.
- ↑ „First World War.com - Primary Documents - U.S. Declaration of War with Germany, 2 April 1917“.
- ↑ Declarations of War and Authorizations for the Use of Military Force: Historical Background and Legal Implications Архивирано на 10 август 2006 г.
- ↑ H.J.Res.169: Declaration of War with Austria-Hungary, WWI, United States Senate
- ↑ Tucker&Roberts pp. 1232, 1264
- ↑ Tucker&Roberts p. 1559