Меѓимурска жупанија

(Пренасочено од Меѓимурје)

Меѓимурје (Меѓимурска жупанија) е жупанија на крајниот север на Хрватска. Центар на жупанијата е Чаковец.

Меѓимурска жупанија
Međimurska županija
Жупанија
Добредојдовте во Меѓимурската жупанија испишано на табла на хрватски јазик
Добредојдовте во Меѓимурската жупанија испишано на табла на хрватски јазик
Знаме на Меѓимурска жупанијаАмблем на Меѓимурска жупанија
Амблем
Меѓимурската жупанија (портокалова боја) во Хрватска (жолта боја)
Меѓимурската жупанија (портокалова боја)
во Хрватска (жолта боја)
Координати: 46°27′58″N 16°24′50″E / 46.466° СГШ; 16.414° ИГД / 46.466; 16.414
ДржаваХрватска
Површина
 • Вкупна730 км2 (280 ми2)
Население (2001)
 • Вкупно118.426
 • Густина160/км2 (420/ми2)
Повик. бр.040[1]
ISO 3166-2:HRHR-20
Главен градЧаковец
ЖупанИвица Перхоч
Мреж. местоwww.medjimurska-zupanija.hr

Географија

уреди

Жупанијата се граничи со Унгарија и Словенија, додека пак е многу блиску и со границата на Австрија. Западниот дел допира на падините на Алпите, додека пак централниот и источниот дел на низината (Панонска низина). Жупанијата се наоѓа помеѓу две реки, Драва на југ и Мура на север и исток, до устието на Драва (кон границата со Унгарија). Таа е најсеверната жупанија во Хрватска, која според одликите на природната средина се дели на два дела: Горо Меѓимурје, кое е ритчесто и поретко населено, и Долно Меѓимурје, кое е низинско и понаселено.[2]

Население

уреди

Меѓимурската жупанија е најгусто населен дел на Хрватска. На подрачје од 729,5 км2 (72,956 ha), во 126 населени места живеат 126,500 жители што претставува густина на населеност од 164,2 жители на км2. Хрватите сочинуваат 96% од населението во оваа жупанија, додека пак останатите (Унгарци, Словенци и Роми) сочинуваат 4% од населението.

година на попис 2001 1991 1981 1971 1961 1953 1948 1931 1921 1910 1900 1890 1880 1869 1857
бр. на жители 118,426 119,866 116,825 115,660 112,073 112,551 110,686 99,346 92,760 88,623 79,808 73,728 66,638 61,397 55,412

Извор

уреди
  • ЦД-ром: "Насеља и становништво РХ од 1857-2001. године", Издание на Државниот завод за статистика при Република Хрватска, Загреб, 2005.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Međimurje | Međimurska županija | Županijske službe i ustanove | Međimurska županija | službe i ustanove
  2. Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009.