Моравска бановина
Моравска бановина беше покраина (бановина) во склоп на Кралството Југославија во периодот 1929-1941. Се состоеше од делови на денешна Централна Србија и мал дел на Косово и беше именувана по реката Морава. Главен град беше Ниш.
Моравска бановина | |||||
Бановина на Кралство Југославија | |||||
| |||||
Локација во Кралството Југославија | |||||
Главен град | Ниш | ||||
Историја | |||||
- | Основана | 1929 | |||
- | Укината | 1941 | |||
Денес во | Србија |
Граници
уредиСпоред Уставот на Кралството Југославија од 1931 година,
- Моравска бановина се граничи со Романија и Бугарија на север, областа Лужница на југ. Од оваа гледна точка јужната граница на бановината се простира до областите Лужница, Ниш, Добриќ, Прокупље, Косаница, реката Лаб и Вучитрн. Се спојува со Зетска бановина на местото каде граничат трите области: Вучитрн, Грачаница и Дреница.