Постојна
Постојна (словенечки: Postojna; германски: Adelsberg; италијански: Postumia) — град во Општина Постојна, 35 километри од Трст, во југозападна Словенија. Градот е центар на општината Постојна. Областа е дел од историскиот регион Нотрањска. Населбата сега е вклучена во Приморско-нотрањскиот статистички регион.[1]
Постојна Postojna | ||
---|---|---|
Местоположба во Словенија. | ||
Координати: 45°46′33.1″N 14°12′49.2″E / 45.775861° СГШ; 14.213667° ИГД | ||
Држава | Словенија | |
Традиционален регион | Нотрањска | |
Статистички регион | Приморско-нотрањски | |
Општина | Постојна | |
Површина | ||
• Вкупна | 33,29 км2 (12,85 ми2) | |
Надм. вис. | 556,4 м | |
Население (2020) | ||
• Вкупно | 9.605 | |
• Густина | 290/км2 (750/ми2) | |
Час. појас | UTC+1 | |
Пошт. бр. | 6230 | |
Повик. бр. | 05 | |
Рег. таб. | PO |
Историја
уредиПознато е дека областа била населена уште од палеолитската ера поради откривањето на пештерска населба во близина на градот Постојна наречена карпесто засолниште Бетал (словенечки: Betalov spodmol). Градот лежи на реката Пивка. Во пишаните извори населбата првпат се споменува во 13 век, а во 1432 година станала околија. За град е прогласен во 1909 година.
Од доцниот среден век, тој бил дел од Војводството Крањска, а со тоа и дел од Хабсбуршката Монархија. Помеѓу 1918 и 1943 година беше под италијанска власт, (номинално до 1947 година) и беше дел од провинцијата Трст, под италијанското име Постумија.[2]
Цркви
уредиПарохиската црква во градот е посветена на Свети Стефан и припаѓа на Коперската епархија. Во градското подрачје на Постојна, на оваа парохија припаѓаат и црквата посветена на пророкот Даниел во селото Залог и параклисот посветен на Свети Лазар на градските гробишта.[3]
Знаменитости
уредиЕдна од главните туристички атракции на Словенија, Постојнска Јама, се наоѓа во близина на градот.
Клима
уредиКлиматски податоци за Postojna | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Прос. висока °C (°F) | 2 (36) |
4 (40) |
8 (47) |
13 (55) |
18 (64) |
22 (71) |
24 (76) |
24 (75) |
20 (68) |
14 (57) |
7 (45) |
4 (39) |
13 (56) |
Прос. ниска °C (°F) | −5 (23) |
−4 (25) |
−1 (30) |
3 (37) |
7 (44) |
10 (50) |
11 (52) |
11 (52) |
8 (47) |
4 (40) |
1 (34) |
−2 (28) |
4 (39) |
Прос. врнежи мм (ин) | 107 (4.2) |
86 (3.4) |
140 (5.5) |
135 (5.3) |
196 (7.7) |
155 (6.1) |
130 (5) |
155 (6.1) |
188 (7.4) |
208 (8.2) |
208 (8.2) |
130 (5) |
1.831 (72,1) |
Извор: Weatherbase[4] |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Postojna municipal site (словенечки)
- ↑ „Image: 487px-Venezia_Giulia.jpg, (487 × 599 px)“. upload.wikimedia.org. Посетено на September 2, 2015.
- ↑ Koper, Škofija. „Škofija Koper“. Škofija Koper (словенечки). Посетено на 2021-11-30.
- ↑ „Weatherbase: Historical Weather for Postojna, Slovenia“. Weatherbase. 2011. Retrieved on November 24, 2011.