Југословенски динар
Југословенски динар (ISO 4217: YUD) била официјална валута во Кралството Југославија, Социјалистичка Федеративна Република Југославија и Сојузна Република Југославија. Еден динар се состоел од 100 пари.[1]
Југословенски динар | |||||
---|---|---|---|---|---|
динар / dinar (српскохрватски) | |||||
| |||||
ISO 4217 | |||||
Код | YUM | ||||
Составници | |||||
Подединица | |||||
1/100 | пара | ||||
Симбол | din. и дин. | ||||
Банкноти | 10, 20, 50, 100, 200, 1000, 5000 динари | ||||
Монети | 50 пара, 1, 2, 5 динари | ||||
Демографија | |||||
Воведена | 1920 | ||||
Корисник/ци | Кралство Југославија Социјалистичка Федеративна Република Југославија Сојузна Република Југославија | ||||
Инфоутијава ја прикажува последната состојба на валутата пред да биде укината. |
Деноминација
уредиПо Втората светска војна динарот бил деноминиран пет пати:
датум | деноминација | забелешка |
---|---|---|
1965. | 100 | нов динар |
1990. | 10.000 | "динар на Марковиќ" |
1992. | 10 | |
1993. | 1,000.000 | Сојузна Република Југославија |
1 јануари 1994. | 1.000,000.000 | Сојузна Република Југославија |
24 јануари 1994. | 10–13 милиони | 1 нов динар = 1 германска марка |
Замена
уредиПо распаѓањето на СФРЈ дошло до замена на динарот во новоформираните држави:
- Словенија го заменила со словенечки толар, а подоцна со евро
- Хрватска го заменила со хрватска куна
- Босна и Херцеговина го заменила со босанскохерцеговски динар, а подоцна со конвертибилна марка
- Македонија го заменила со македонски денар
- Србија го заменила со српски динар
- Црна Гора и Косово го замениле со евро
Банкноти
уредиБанкноти што ги издавала Министерството за финансии и Народната банка на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците и Народната банка на Југославија од 1919 година до почетокот на 90-тите години на XX век:
1919-1991 серии | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Слика | Вредност | Димензии | Боја | Лице | Позадина | Прво печатење | |||||||||
1 динар | портокалова | 1919 | |||||||||||||
10 динари | сина | 1920 | |||||||||||||
10 динари | портокалова | 1926 | |||||||||||||
100 динари | виолетово кафеава | 1929 | |||||||||||||
500 динари | зелена-црвена-сина | 1935 | |||||||||||||
1000 динари | кафеава | Жена со сноп жито | Јајце и статуа на жена | 1946 | |||||||||||
100 динари | црвена | Жена | Дубровник | 1955 | |||||||||||
500 динари | зелена | Жена со срп | жетва со комбајни | 1955 | |||||||||||
5 динари | 123 x 59 mm | зелена | Жена со срп | Индикација на вредноста | 1968 | ||||||||||
10 динари | 131 x 62 mm | кафеава | Ариф Хералиќ | 1968 | |||||||||||
20 динари | 139 x 65 mm | виолетова | Брод | 1974 | |||||||||||
50 динари | 140 x 66 mm | сина | Релјеф од Иван Мештровиќ во Парламентот на Србија во Белград | 1968 | |||||||||||
100 динари | 148 x 70 mm | црвена | Споменикот на мирот од Антун Аугустинчиќ (1900 – 1979) во Њујорк | 1965 | |||||||||||
500 динари | 156 x 74 mm | темнозелена | Статуа на Никола Тесла; | 1970 | |||||||||||
1000 динари | 164 x 78 mm | темносина | Жена со овошје | 1974 | |||||||||||
5000 динари | виолетово-сина | Јосип Броз Тито | Јајце и индикација на вредноста | 1985 | |||||||||||
20.000 динари | кафеава | Алија Сиротановиќ - рударски работник |
рударска машина за површински ископ | 1987 | |||||||||||
50.000 динари | зелена | девојка | Дубровник | 1988 | |||||||||||
100.000 динари | црвена | девојка | различни бројки и букви | 1989 | |||||||||||
500.000 динари | виолетово-сина | Споменик на Козара | 1989 | ||||||||||||
1.000.000 динари | светлокафеава | девојка | клас пченица | 1989 | |||||||||||
2.000.000 динари | кафеаво-зелена | Споменик на Козара | 1989 | ||||||||||||
10 динари | црвена | девојка | различни бројки и букви | 1990 | |||||||||||
50 динари | виолетова | Споменик на Козара | Споменик за Битката на Сутјеска | 1990 | |||||||||||
50 динари | виолетова | момче | цвеќиња | 1990 | |||||||||||
100 динари | кафеава | девојка | сноп пченица | 1990 | |||||||||||
100 динари | темнозелена | девојка | сноп пченица | 1991 | |||||||||||
200 динари | темнозелена и црвена | Споменик на Козара | Споменикот "Скршени крила" во Шумарице кај Крагуевац | 1990 | |||||||||||
500 динари | сина | момче | планина | 1990 | |||||||||||
500 динари | кафеава | момче | планина | 1991 | |||||||||||
1000 динари | портокалова | Никола Тесла | Трансформатор на Тесла | 1990 | |||||||||||
1000 динари | сина | Никола Тесла | Трансформатор на Тесла | 1991 | |||||||||||
5000 динари | виолетова | Иво Андриќ | Мостот на Дрина | 1991 |
Наводи
уреди- ↑ Yugoslavia, MONETARY SYSTEM Архивирано на 13 јули 2011 г. www.infotech2003.com