Џемиет
Џемиет (српскохрватски: Џемијет, турски: Cemiyet) била политичка организација на муслиманите од Вардарска Македонија, Косово и дел од Санџак. Во неа членувале претежно Турци и Албанци за зачувување на нивните верски и национални интереси. Основач и водач бил Неџиб Драга, а по неговата смрт, неговиот брат Ферид Драга. На парламентарните избори (1920) добила 8, во 1923 г. 14, а во 1925 г. не добила ниту еден пратенички мандат. Го поддржала и гласала за Видовденскиот устав.
Џемиет | |
---|---|
Претседател | Неџип Драга Ферхат Драга |
Основана | 1918 |
Политика на Југославија Политички партии Избори |