Приморска бановина

Приморската бановина — административно територијална единица (бановина) во рамките на Кралството Југославија од 1929 до 1939 годдина, кога со договорот помеѓу Цветковиќ и Мачек се споила со Савската бановина и други помали територии, создавајќи ја Хрватската бановина. Се наоѓала на западниот дел на земјата, земајќи го поголемиот дел од приморјето. Главниот град бил Сплит. Денес на таа територија се наоѓаат Хрватска и Босна и Херцеговина.

Primorska Banovina
Приморска бановина
Бановина на Кралството Југославија
1929–1939 Податотека:Merchant flag of the Independent State of Croatia.svg).svg
Местоположба на Приморска бановина
Местоположба на Приморска бановина
Приморската бановина (црвено) во рамките на
Кралството Југославија (светложолто)
Главен град Сплит
Историја
 -  Основана 3 октомври 1929
 -  Укината 1939
Денес во Хрватска, Босна и Херцеговина

На чело на бановината бил бан, именуван од кралот, по предлог од Министерскиот совет, со мандат од 4 години. Оваа бановина зафаќала површина од 19563 км2.