Караѓорѓевиќи
Караѓорѓевиќ се српска кралска династија која владеела со Србија (а потоа и со кралствата СХС и Југославија). Нејзин владетелски претходник е династијата Обреновиќ. Караѓорѓевиќи се крвно поврзани со првата српска влатеделска династија - Немањиќите.
Династија Караѓорѓевиќ | |
---|---|
Земја | Србија, Југославија |
Прпадност | Српска |
Основана | 1804 |
Основач | Караѓорѓе Петровиќ |
Тековен владетел | Александар II Караѓорѓевиќ |
Последен владетел | Петар II Караѓорѓевиќ |
Титули | Принц на Србија, Крал на Србија, Крал на Србите, Хрватите и Словенците, Крал на Југославија |
Имот | Србија и Југославија |
Распад | 1945 |
Родословие
уредиСлика | ТитулаИме | Владеење | Белешки |
---|---|---|---|
Вожд Караѓорѓе Петровиќ |
15 февруари 1804 – 21 септември 1813 | Водач на Првото српско востание. Востанието било задушено. | |
Кнез на Србија Александар |
14 септември 1842 – 23 декември 1858 | Абдицирал. Династијата Обреновиќ се вратила на власт. | |
Крал на Србија; Крал на Србите, Хрватите и Словенците Петар I |
15 јуни 1903 – 16 август 1921 | Во егзил од ноември 1915 поради Српската кампања. Бил прогласен за крал на Србите, Хрватите и Словенците на 1 декември 1918. | |
Крал на Србите, Хрватите и Словенците; Крал на Југославија Александар I |
16 август 1921 – 9 октомври 1934 | Ја променил титулата во “крал на Југославија“ во 1929. Убиен во Марсеј. | |
Кнез-намесник на Југославија Павле |
9 октомври 1934 – 27 март 1941 | Кнез-намесник за Петар II. | |
Крал на Југославија Петар II |
9 октомври 1934 – 29 ноември 1945 | Кнезот Павле бил намесник до пучот на 27 март 1941; во егзил од 17 април 1941, а монархијата била укината на 29 ноември 1945. |
Надворешни врски
уреди- Официјална страница на кралската фамилија Караѓорѓевиќ
- Стари фотографии од Караѓорѓевиќи Архивирано на 11 ноември 2007 г.