Јужна Србија (1919–1922)

Јужна Србија била провинција (покраина) на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците која постоела помеѓу 1919 и 1922 година. Ги опфатила модерните територии на Санџак (делови од Србија и Црна Гора), Косово и Северна Македонија. Терминот „Стара Србија“, историски се користел во српската политика, литература и наука за териториите на покраината. Терминот продолжи да се користи за Вардарска Бановина и Зета Бановина по нејзиното распаѓање.

Покраини на Кралството Срби, Хрвати и Словенци (1920-1922).

Историја

уреди

Покраината е основана во 1919 година, по создавањето на Југославија на 1 декември 1918 година. Србија во голема мера ги проширила своите граници за време на Балканските војни . Покраината била распадната во 1922 година и нејзините територии биле реорганизирани во Вардарска бановина и Зетска Бановина. Терминот тогаш колоквијално се користел за тие територии.[1]

Економија

уреди
 
10 акции во сребро издадена од Земјоделската банка на Јужна Србија за Македонија, Кралство Југославија.

Покраината Јужна Србија, како претежно планински регион, имала поволни услови за развој на сточарството како што е илустрирано со статистиката за зголемување на бројот на добиток.[2] Бројот на добиток надмина 13% од вкупниот број на цела Југославија.[2] Обновувањето на сточарството, кое било уништено во воените години, била примарна цел на Министерството за економија.[2]

Демографија

уреди

Во 1921 година, покраината имала 1,7 милиони жители.[3] По Првата светска војна во Вардарска Македонија и таканаречените западни предели, локалното македонско население не било признаено како посебна заедница и станало предмет на државната политика на Србизација .[4][5][6]

Наводи

уреди
  1. Čedomir Popov (2000). Istorija srpske državnosti: Srbija u Jugoslaviji. Srpska akademija nauka i umetnosti. стр. 163. Јужна Србија, која обухвата Вардарску и Зетску бановину
  2. 2,0 2,1 2,2 Institut za noviju istoriju Srbije 2007.
  3. Stojan M. Protić (1921). Vladin predlog ustava: jedna kritika. Pantić i drug. стр. 54.
  4. Poulton, Hugh (2003). "Macedonians and Albanians as Yugoslavs". In Djokić, Dejan (ed.). Yugoslavism: Histories of a Failed Idea, 1918–1992. C. Hurst & Co. Publishers. p. 123. ISBN 9781850656630.
  5. Papavizas, George C. (2015). Claiming Macedonia: The Struggle for the Heritage, Territory and Name of the Historic Hellenic Land, 1862-2004. McFarland. pp. 92-93, ISBN 9781476610191.
  6. Horowitz, Shale (2004). „Structural Sources of Post-Communist Market Reform: Economic Structure, Political Culture, and War“. International Studies Quarterly. 48 (4): 765. doi:10.1111/j.0020-8833.2004.00324.x.