Југословенски партизани

вооружени сили на националното движење за ослободување на Југославија

Југословенски партизани, или едноставно Партизани [1] (официјално име Народноослободителна војска на Југославија [2]) биле вооружени сили на националното движење за ослободување на Југославија (Југословенски фронт), предводени од Комунистичката партија на Југославија на чело со Тито, за време на Втората светска војна. Првите партизански одреди биле формирани во јуни 1941 година, а во март 1945 година, партизанските единици се трансформирале во ЈНА, редовна воена формација на Демократска Федеративна Југославија. Поради честата реорганизација, за време на војната, неколкупати се менувале имињата овие воени формации:

Југословенскo партизанско знаме
Народноослободителни партизански одреди на Југославија (НПОЈ) - од јуни 1941 година до јануари 1942 година.
Народноослободителна партизанска и волонтерска војска на Југославија - од јануари 1942 година од ноември 1942.
Народноослободителна војска и партизанските одреди на Југославија - од ноември 1942 до март 1945 година.

Југословенското народно ослободително движење имало 6.000.000 цивилни приврзаници; двата милиони жени го формирале Антифашистичкиот фронт на жените (АФЖ). АФЖ управуваше со училишта, болници, па дури и локалните власти. Околу 100.000 жени биле заедно со 400.000 мажи во Југословенската Ослободителна национална армија на Тито која ја истакна својата посветеност на правата на жените и половата еднаквост и користела слики на традиционални фолклор хероини за да се привлечи и легитимизира Партизанката.[3] Југославија е уникатна бидејќи нејзините историчари посветувале големо внимание на жените во отпорот, сè додека земјата не се распаднала во 1980-тите. Тогаш меморијата на жените-војници избледила.[4][5]

Извори

уреди
  1. Curtis, Glenn E. (1992). Yugoslavia: A Country Study. Library of Congress. p. 39. ISBN 0-8444-0735-6.
  2. Trifunovska, Snežana (1994). Yugoslavia Through Documents:From Its Creation to Its Dissolution. Martinus Nijhoff Publishers. p. 209. ISBN 0-7923-2670-9.
  3. Barbara Jancar, "Women in the Yugoslav National Liberation Movement: An Overview," Studies in Comparative Communism (1981) 14#2 pp 143–164.
  4. Vesna Drapac, "Resistance and the Politics of Daily Life in Hitler's Europe: The Case of Yugoslavia in a Comparative Perspective," Aspasia 2009 3: 55-78
  5. Barbara Jancar-Webster, Women and Revolution in Yugoslavia 1941–1945 (1990)