Претседател на Владата на Република Србија
Претседателот на Владата на Република Србија е на чело на Владата на Република Србија. Колоквијално се нарекува и премиер на Србија.
Сегашниот претседател на Владата на Република Србија е Ана Брнабиќ.
Претседателот на Владата ја води и насочува Владата, се грижи за единство на политичкото делување на Владата, ги свикува и води нејзините седници. Претседателот на Владата може на другите членови на Владата да им даде задолжителни упатства и посебни задолженија во склад со програмата и политиката на Владата. Пред изборот за тоа место, изложува експозе во Народното собрание во кое ги презентира целите и програмата на Владата. Мандатарот за состав на Владата на Србија, спрема Уставот на Србија, го предложува претседателот на Република Србија, после консултации со сите пратенички групи во Народното собрание.
Досегашни претседатели на Владата на Република Србија
уредиРепублика Србија од 1991 година до сега имала 11 избрани претседатели на Влада (4 по осамостојувањето од 2006 година) и 3 вршители на должност на претседател на Влада (1 по осамостојувањето од 2006 година).
Список на претседатели на Владата на Република Србија
уреди- Драгутин Зеленовиќ (15. јануари — 23. декември 1991 година)
- Радоман Божовиќ (23. декември 1991 — 10. февруари 1993 година)
- Никола Шаиновиќ (10. февруари 1993 — 18. март 1994 година)
- Мирко Марјановиќ (18. март 1994 — 24. октомври 2000 година)
- Миломир Миниќ (24. октомври 2000 — 25. јануари 2001 година)
- Зоран Ѓинѓиќ (25. јануари 2001 — 12. март 2003 година)
- Небојша Човиќ (в.д.) (12. — 17. март 2003 година)
- Жарко Кораќ (в.д.) (17. — 18. март 2003 година)
- Зоран Живковиќ (18. март 2003 — 4. март 2004 година)
- Воислав Коштуница (4. март 2004 — 7. јули 2008 година)
- Мирко Цветковиќ (7. јули 2008 — 27. јули 2012 година)
- Ивица Дачиќ (27. јули 2012. — 27. април 2014 година)
- Александар Вучиќ (27. април 2014 — 31. мај 2017 година)
- Ивица Дачиќ (в.д.) (31. мај — 29. јуни 2017 година)
- Ана Брнабиќ (29. јуни 2017 — )