Рапалски договор (1920)
Рапалскиот договор е меѓународен договор помеѓу Кралството СХС и Кралството Италија, со кој е решено т.н. јадранско прашање - воспоставување на граници после војната на источното јадранско крајбрежје помеѓу двете кралства. Договорот е потпишан на 12 ноември 1920 година во градот Рапало, близу Џенова.
Преглед
уредиПосле крајот на Првата светска војна Италијанците сакале да ја присвојат областа која силите на Антантата им ја ветиле на Лондонскиот договор од 1915 година, која областа веднаш по крајните воени операции ја окупирале. После бројните несогласувања и закани ја напуштиле Париската мировна конференција. Италијанците под водство на премиерот Џовани одлучиле спорот да го решат со договор со јужнословенската страна (Кралството СХС).
Претставниците на Кралството СХС биле спремни на компромис, затоа што државата била економски исцрпена и не можела да го користи окупираното јадранско пристаниште, а после и поразот на Вудро Вилсон на изборите, ја изгубиле и поддршката на САД.
Последици
уредиПо договорот Италија ги предала областите: Горица, Градишка, дел од Крањска и остатоци од Лошињ, Црес, Лостово, Палагружа и Сушак, вкупно околу 10.000 км² територија. Риека како слободна држава станала независна држава. Повеќе од половина милион Хрвати и Словенци живееле надвор од границите на Кралството СХС.