Физиологија

(Пренасочено од Физиолог)

Физиологијата (од грчки: fizis-природа) — биолошка наука која ги изучува животните манифестации на материјата. Таа ги изучува физичките и хемиските фактори кои се вклучени и се одговорни за потеклото, развојот и одржувањето на животот. За да се проучат одредени физиолошки процеси во организмот, треба добро да се познаваат и некои други биолошки науки (цитологија, хистологија, биохемија), како и други природни науки (физика, хемија, физичка хемија). Физиологијата е експериментална наука, бидејќи само на тој начин можат да се изучуваат животните процеси.

Клод Бернар, таткото на современата физиологија, со неговите ученици

Поделба на физиологијата уреди

Физиологијата се дели според различни критериуми: