Владе Дивац
Владе Дивац (роден на 3 февруари 1968 во Пријепоље, Србија, Југославија) е пензиониран југословенски и српски кошаркар, кој поголемиот дел од својата кариера го помина во САД, во НБА. Со 216 см, тој играл како центар и бил познат по неговите способности за асистирање. Дивац бил меѓу првите од групата европски кошаркари кои напправиле трансфер во НБА во доцните 1980-ти, и бил именуван за еден од 50те најголеми придонесувачи на Европската лига[1]. Дивац е еден од шесте играчи во НБА историјата со скор од 13.000 бодови, 9.000 скокови, 3.000 асистенции и 1.500 блокади заедно со Карим Абдул-Џабар, Тим Данкан, Шекил О’Нил, Кевин Гарнет и Хаким Олајџувон[2] (НБА не секогаш следеше евиденција за блокади, па некои други играчи, како Бил Расел, веројатно исто така имаа слични достигнувања во кариерата.). Дивац е исто така единствениот НБА играч кој е роден и тренирал надвор од САД, а играл во повеќе од 1.000 натпревари во НБА. Дивац бил примен во ФИБА Куќата на Славните како признание за неговата игра на меѓународно ниво[3] . И покрај тоа што бил забележан по неговите кошаркарски квалитети, Дивац е исто така познат како голем хуманитарец, помагајќи им на децата во неговата родна земја Србија, како и во Африка[4]. На 16 октомври 2008 г. Дивац е назначен за владин советник во Србија за хуманитарни прашања[5]. На 24 февруари 2009 година, тој бил избран за претседател на српскиот олимписки комитет со 4-годишен мандат[6]. Дивац добил престижна благодарност од Светската Спортска Хуманитарна Куќа на Славните[7].По завршувањето на неговиот мандат како претседател на српскиот олиписки комитет, Дивац бил именуван за генерален менаџер на неговиот поранешен клуб, Сакраменто Кингс[8].
Позиција | центар |
---|---|
Висина | 216 см |
Тежина | |
Роден | 3 февруари 1968 Приеполе |
Националност | Србин |
Професионална кариера | 1982–1986, 1986–1989, 1989–1996, 1996–1998, 1999, 1999–2004–2004–2005 |
Поранешни тимови | Слога Кралево 1982–1986, Партизан 1986–1989, ЛА Лејкерс 1989–1996; 2004–2005, Шарлот Хорнетс 1996–1998, Црвена звезда 1999, Сакраменто Кингс 1999–2004 |
Медали | ||
---|---|---|
Men's Basketball | ||
Натпреварувач за Социјалистичка Федеративна Република Југославија | ||
1988 Seoul | SFR Yugoslavia | |
FIBA World Championship | ||
1986 Spain | SFR Yugoslavia | |
1990 Argentina | SFR Yugoslavia | |
Eurobasket | ||
1987 Greece | SFR Yugoslavia | |
1989 Yugoslavia | SFR Yugoslavia | |
1991 Italy | SFR Yugoslavia | |
Натпреварувач за Сојузна Република Југославија | ||
Summer Olympics | ||
1996 Atlanta | FR Yugoslavia | |
FIBA World Championship | ||
2002 USA | FR Yugoslavia | |
Eurobasket | ||
1995 Greece | FR Yugoslavia | |
1999 France | FR Yugoslavia |
Кошаркарска кариера
уредиВладе почнал да игра кошарка во неговиот роден град Пријепоље за тимот на КК Елан. Тој ја започнал својата професионална кариера во Југославија играјќи за КК Слога Кралево, и веднаш бил познат по постигнувањето 27 бода против Црвена Ѕвезда[9]. Во летото 1986 година бил прва ѕвезда на трансфер сезоната, потпишувајќи за КК Партизан Белград за 14.000 германски марки[9].
Во истата година, на возраст од 18 години, тој го направил своето деби за сениорскиот Југословенски национален кошаркарски тим на ФИБА Светското првенство во Мадрид, по покана од селекторот Крешимир Ќосиќ. Меѓутоа, перформансите на одличниот дебитант биле расипани од настанот во полуфиналето против Советскиот Сојуз. На 45 секунди пред крајот, Југославија имала комфорно водство од 9 бода, но Советите постигнаа две тројки во рок од неколку секунди и ја намалија разликата на 3 бода. Југославија се обидела да ја задржи топката во преостанатото време, залагајќи се да ја продолжи играта со додавања наместо слободни фрлања по прекршоци, но со само 14 преостанати секунди, Дивац прави чекори. Топката била доделена на Советите кои го изедначија резултатот со уште една тројка. Во продолженијата Советите лесно ги совладаа шокираните Југословени, кои мораа да се задоволат со бронза.[9]
Следната година Дивац учествувал во тимот што го освоил златото на ФИБА Светското Јуниорско првенство (од одвојувањето на посебни настани, под 19 и под 21), во Бормио, Италија. Тој настан произнесол една млада генерација на југословенски кошаркари, исто така идни ѕвезди, како Дино Раџа и Тони Кукоч, кои се сметале веројатно за најдобрите во историјата. Пред распадот на Југославија, тие исто така ги освоииле титулите на Евро Баскет 1989 и ФИБА Светското првенство во Аргентина 1990[9], каде што биле предводени од Дражен Петровиќ[10], како и титулата освоена на Евро Баскет Европско првенство во кошарка 1991, со Александар Ѓорѓевиќ како плејмејкер[11]. Во 1987 година, со Дивац, Ѓорѓевиќ, Паспаљ и Обрадовиќ, и Душан Вујошевиќ на чело, Партизан имал “тим од соништата”, кој ја освоил титулата во Југословенската лига, но не успеал да стигне до врвот на Евролигата следната сезона, бидејќи загубиле од Макаби Тел Авив од Израел во полуфиналето во белгиски Гент[12]. Југопластика со Раџа и Кукоч била посилен тим во следните 3 години, како и во Југославија така и во Европа. Дивац имал необичен стил за центри од тоа време: и покрај висината поседувал добра подвижност, имал добра контрола на топката и бил добар стрелец од далечина. Во одредени случаи, дејствувал како плејмејкер. Негов заштитен знак биле потезите кои вклучувале шут на врвот од клучна позиција и извртени удари околу обрачот додека е насочен во сосема спротивна насока. Неговите оригинални потези го надополниле начинот на кој тој сакал да ги изигра неговите импровизации на теренот: на Евро Баскет 1989 година тој го кренал неговиот соиграч Зоран Радовиќ за забивање. За само 4 професионални сезони во Европа тој станал најбараниот висок играч на континентот по Арвидас Сабонис[9].
Контроверзноста околу хрватското знаме
уредиКога Југославија го освои златниот медал на ФИБА Светското првенство во 1990 година, навивачите истрчале на теренот. Еден од нив го држел знамето на Хрватска, една од шесте републики кои ја сочинувале Југославија. Дивац тврди дека тој му рекол на човекот дека не треба да го вее тоа знаме, бидејќи ова била победа за Југославија. Дивац тврди дека човекот направил навредлива забелешка за југословенското знаме, и на таа основа Дивац го земал неговото знаме од него. Ова се случи во текот на многу напнато време кога националистичката гордост се закануваше со уништување на Југославија и започнување на војна. Преземањето на знамето го направи Дивац кај србите херој, а негативец кај хрватите. Дивац изјави дека не го мислел тоа како чин против Хрватска и дека ќе спуштел српско знаме ако српски навивач го направел истото[13][14]. Овој потег, заедно со југословенските војни, го оттуѓи Дивац од многу од неговите поранешни хрватски пријатели, особено од Дражен Петровиќ, кого го сметал за негов најдобар пријател. Кога Југославија победила на Евро Баскет во 1995 година, а Хрватска освои бронза, хрватите, го напуштиле подиумот за време на церемонијалното доделување на медалите. Екипите никогаш повеќе не се соочија едни против други на турнирот.
НБА
уредиДрафтуван (избран) во НБА во 1989 година од страна на Лос Анџелес Лејкерс , Дивац станал првиот не-американски избор на драфтот за Лејкерс. Тој бил исто така еден од првите европски играчи кој имал влијание во лигата. Под менторство на Карим Абдул-Џабар и Меџик Џонсон, тој ја подобрил својата игра и се прилагодил на американскиот стил на игра. И покрај фактот дека не зборувал воопшто англиски, тој брзо станал популарен меѓу соиграчите и публиката поради својот шарм и дружељубивост. Во сезоната 1989/90, Дивац бил дел од Ол-стар тимот на дебитанти[9]. Во текот на своето време со Лејкерс, популарноста на Дивац и маркетиншкиот потенцијал во прилог на неговиот забавен и добродушен карактер, бил избран од страна на американската ТВ-индустрија. Како резултат на тоа тој се појави неколкупати најчесто во доцните вечерни програми на Лос Анџелес како на пример Шоуто на Арсенио Хол и Вечерното шоу со Џеј Лено. Во 1990 година, тој бил вклучен во реклама со соиграчите на Лејкерс Еј Си Грин и М. Томсон за брендот Шик, компанија за жилети[15]. Тој, исто така, се појавил во американските комедии Брачни води и Тренер, како и во краткотрајната комедија Добри спортови, во главна улога со Фара Фосет. На големиот екран Дивац учествувал во филмови засновани за кошарка како Еди, Вселенско забивање и Џуана Мен. Подоцна во својата кариера, тој се појавил во шоуто “Larry King Live” во 1999 година и "The Late Late Show" во 2002 година.
Дивац заработи репутација со намерните паѓања на подот, или со измамување на судиите за свирење фаул на другиот тим со намерно паѓање на подот по контакт со спротивен играч[16]. НБА ветеранот, крилниот центар Пи Џеј Браун твди дека Дивац можеби е најдобар на сите времиња во намерните паѓања на подот[17]. Дивац слободно го призна тоа, додавајќи дека тој обично го прави тоа кога ќе почувствува дека судиите пропуштиле неколку одлуки и дека му должат[18].
Во 1996 година тој бил разменет во Шарлот Хорнетс во замена за правата на Коби Брајант и поминал две сезони играјќи таму. За време на штрајкот, во сезоната 1998/99 тој одиграл 2 натпревари во Евролигата за вечниот соперник на Партизан, Црвена Звезда. Тој потоа како слободен агент во 1998 година потпишал за Сакраменто Кингс, каде одиграл шест сезони со неговиот сонародник Пеџа Стојаковиќ. Заедно со Крис Вебер, Мајк Биби и Пеџа Стојаковиќ, Дивац го зајакна тимот на Сакраменто Кингс. Кралевите се искачиле во ранкингот на НБА, станувајќи повеќегодишни кандидати за плеј-оф, а подоцна и за првенството. Во еден момент биле и најдобриот тим во НБА, водечки во лигата по број на победи во сезоната 2001-02[19]. Кралевите сепак, не можле да ги пробедат Лос Анџелес Лејкерс, при што биле поразени во серија од 7 натпревари во 2002 година.
По НБА сезоната 2003-04, Владе стана слободен агент. Тој потпиша договор за враќање во Лејкерс и бил дел од големиот план на Лејкерс за ремонт на тимот. Лејкерси, по поразот во НБА финалето, ги разменија или ги ослободија повеќето од нивните играчи, вклучувајќи ги и Шекил О’Нил, Гери Пејтон, Карл Мелоун, Дерек Фишер и други. Дивац требал да ја пополни таа празнина. Сепак, Дивац имакл проблеми со грбот и не беше во можност да игра во поголемиот дел од сезоната, па дури и кога се вратил, беше само во можност да игра девет минути по натпревар, со просек од 2,3 бода и 2,1 скока по натпревар во 15 натпревари. Тој одиграл 8 натпревари во почетокот на сезоната и уште 7 во последниот месец од сезоната. На 14 јули 2005 г. Дивац го најавил своето пензионирање, завршувајќи ја својата шеснаесетгодишна НБА кошаркарска кариера.
Кралевите го повлекле неговиот дрес со број 21 на церемонија на 31 март 2009 година. Во текот на неговите 16 години во НБА, Дивац заработил над 93.000.000 $ долари.[20]
Кариера надвор од кошарката
уредиКон крајот на неговата играчка кариера, и потоа, Дивац се фокусирал на три полиња: хуманитарна работа, спортски менаџмент и инвестиции.
Спортски менаџмент
уредиКК Партизан
уредиНа крајот на 2000 година, по соборувањето на режимот на Слободан Милошевиќ, Дивац и неговиот поранешен соиграч Предраг Даниловиќ го преземале нивниот поранешен клуб КК Партизан. Тие го сториле тоа по иницијатива на Ивица Дачиќ, претседателот на клубот во заминување и, што е уште поважно во тој момент, одеднаш минимизиран политичар кој поради неговата поврзаност со режимот на Милошевиќ бил принуден да го напушти своето место во клубот. Гледајќи дека разни државни претпријатија и имотни заедници се преземени на сомнителен начин за време на власта во вакуум, која произлегува од соборениот режим, Дачиќ бил претпазлив во доведувањето на двајцата поранешни великани на клубот како заштита против истите настани во КК Партизан. Дивац станал претседател на клубот, додека Даниловиќ ја презел функцијата на потпретседател[21]. Неодамна повлечен од играње, Даниловиќ всушност секојдневно управувал со работењето на клубот , бидејќи Дивац сè уште бил многу активно вклучен со Сакраменто Кингс во тоа време. Главниот тренер кого го ангажирале, Дарко Русо, ја довршил сезоната 2000-2001 пред да одлучат во летото 2001 година да го вратат нивниот ментор Душко Вујошевиќ да биде нов тренер.
Иако дуото не го изјави тоа целосно, нивна дополнителна мотивација во вклучувањето со КК Партизан повторно можеше да се сфати како стекнување на превласт за евентуален процес на приватизација на клубот, еднаш кога новиот закон за спорт ќе се усвои во српскиот парламент. Бидејќи точниот сопственички состав на јавно поседуваниот КК Партизан не бил и сè уште не е навистина јасен, потенцијалните инвеститори се одлучиле да останат настрана, барем додека законот не се усвои. Дивац и Даниловиќ се појавиле скоро од никаде во овој поглед, но уживале голема поддршка од навивачите и јавноста, бидејќи повеќето претпочитаат да го гледаат нивниот омилен тим во сопственост и управуван од страна на нивните поранешни ѕвезди, отколку од безлично здружение или група на политичари, менаџери или стопанственици блиски на владејачката коалиција. И покрај тоа, по неколку години дуото го изгуби трпението и се повлече од ризичниот потфат на крајот од 2004 година, поради тоа што стана преголемо финансиско оптоварување без крајна цел на повидок. Иако тој престана да врши какви било официјални функции во клубот, Дивац продолжил да се занимава со тоа со помала улога.
ЛА Лејкерс
уредиОд 2005 до 2006 година, Дивац беше вработен од страна на Лос Анџелес Лејкерс како европски скаут.
Реал Мадрид
уредиВо јуни 2006 година, со помош на неговото пријателство со Предраг Мијатовиќ, Дивац се поврза со Рамон Калдерон како дел од понудата на адвокатскиот кандидат за претседателството на спортското друштво Реал Мадрид. Кога Калдерон тесно победи на клупските избори на 2 јули,2006 година, Дивац беше претставен како раководечки шеф на кошаркарскиот клуб Реал Мадрид. Сепак, улогата на Дивац во секојдневното работење на клубот беше во голема мера симболична, па дури и тој самиот исто така призна во март 2007 година во интервју за хрватскиот неделник Глобус: ”Јас буквално ништо не правам и само можам да послужам како дел од имиџот на кралскиот клуб. Јас единствено ја прифатив работата поради Мијатовиќ, кој е моментно фудбалски директор во Реал”.[22]
Српски олимписки комитет
уредиВо февруари 2009 година Дивац се кандидираше за претседател на Олимпискиот комитет на Србија против актуелниот претседател Иван Ќурковиќ[23]. Тој победи во борбата по повлекувањето на Ќурковиќ точно пред закажаното гласање.[6]
Инвестиции
уредиДивац беше вклучен во многу некошаркарски активности додека сè уште активно играше во НБА, а многу повеќе откако се повлече. Тој е активен инвеститор во ресторани во Сакраменто, Калифорнија. Сепак, неговите обиди да направи големи инвестиции во Србија не беа успешни, поради различни причини. Најзначајната афера беше голем јавен трговски потфат, понуда за откуп на исплатлив производител на пијалак, Књаз Милош. Компанијата на Дивац, ”Апурна”, во заедничко вложување со францускиот млечен гигант Данон наводно ја предложија најдобрата понуда, но преземањето беше прекинато од страна на Српската комисија за хартии од вредност, бидејќи како што се тврди, Данон/Апурна им понудиле екстра пари на помали акционери.[24] Во повторената понуда, Дивац и Данон на крајот се повлекоа и продажбата отиде во рацете на ФПП Балкан Лимитид, приватизациски фонд од Кајманските Острови. Целата замрсена афера предизвика големо несогласување во српската влада, големи шпекулации во поглед на корупција, оставка на шефот на Комисијата за хартии од вредност, па дури и полициска истрага.[25]
Друга слична, иако помалку спектакуларна епизода, се случи 2005 година кога Дивац се обиде да го преземе “Вечерни вести”, српски високопрометен дневен весник[26]. Тој направи договор со помали акционери за да ја преземе компанијата со помош на регистрирање на нова компанија со заеднички капитал, што би го зголемил акционерскиот капитал. Сепак, Владата на Србија интервенираше и го прекина тоа што требаше да биде само технички чекор. Додека обидот за преземање беше навистина таен, тоа беше легално и слични случаи веќе се случија. Владата наводно стравуваше од недостаток на контрола над влијателниот весник. Иако Врховниот суд на Србија на крајот пресуди во корист на Дивац, тој се повлече од трката, повикувајќи се на “пријателски совет” од страна на неименувани лица.[27] Огорчен, тој одлучи да престане со своите обиди да инвестира во Србија: ”Сето ова е грозно и јас сум многу вознемирен... Сфатив дека нема повеќе место за мене во Србија и моите пријатели може да ме сретнат во Мадрид од сега па натаму... Во Србија, некои поинакви правила се во сила, и јас не можам да ги сфатам”.[28]
Сепак тоа испадна дека не е вистина, кога во октомври 2007 година Дивац беше легално регистриран како 100% сопственик на Вода Вода, марка на флаширана вода претходно во сопственост на стопанственикот Војин Ѓорѓевиќ. Таа трансакција беше исто така проследена со возбуда за контроверзност, бидејќи Ѓорѓевиќ јавно го обвини Дивац за измама, тврдејќи дека тој го прекршил џентлменскиот договор што тие го имале, и преиспитувајќи ја валидноста на договорот кој Дивац го претстави на Агенцијата за деловни регистри на Србија. Околностите околу договорот (од ноември 2007 година) сè уште се нејасни: Дивац тврди дека тој навистина позајмил малку пари од компанијата на Ѓорѓевиќ ”Си енд Си”, која беше во финансиски проблеми, и кога после Ѓорѓевиќ не успеа да го исполни својот дел од договорот, само го искористи договорот, веќе правилно потпишан од страна на Ѓорѓевиќ, потврдувајќи ја сопственоста на компанијата.[29][30]
Хуманитарна работа
уредиДивац е проактивен хуманитарен работник, фокусурајќи се за помош на децата низ целиот свет и бегалците во неговата родна земја. Заедно со шест српски кошаркарски соиграчи, Дивац ја формираше добротворната организација наречена Група 7, подоцна преименувана во “Детска фондација на Дивац”, која тесно соработува со Меѓународни христијанско православни добротворни организации, помагајќи им да соберат околу 500.000 $ за хуманитарна помош во Србија од 1997 година.[31] Сопствената фондација на Дивац, претседавана од страна на неговата сопруга Снежана, обезбеди над 2.500.000 $ за хуманитарна помош во време од 1998-2007 година.[32]
На крајот од 2007 година Дивац ја основаше хуманитарната организација, ”Можеш и ти”, која беше насочена кон помагање на бегалците во Србија. Србија има околу 500.000 бегалци од војните во Југославија во 1990-тите, што ја прави земја со најголем проблем на бегалци во Европа.[32] Околу 7.800 од тие луѓе сè уште живеат во колективни центри во лоши услови, па самата организација се заангжаира за купување на напуштени куќи во околината, во обид конечно да се реши нивниот проблем за сместување.[33]
Од 21-27 септември 2007 година, Дивац организираше официјално испраќање од активната кошаркарска кариера во неговиот роден град Приеполе, и во Белград, истовремено промовирајќи ја кампањата “Можеш и ти”. Спектаклот кулминираше со собирањето на Дивац и неговите пријатели низ целиот свет пред 10.000 луѓе надвор од зградата на националното собрание.[34]
Популарност
уредиДивац е искрено почитуван од страна на голем дел од јавноста во неговата родна Србија. Претседателскиот кандидат Борис Тадиќ доби голем поттик кога Дивац го поддржа во 2004 година на српските претседателски избори. Двајцата одиграа еден на еден улична кошарка како дел од фото-сесиската кампања која го водеше до вториот круг на гласање. Тадиќ заврши со победа на изборите. Уште во почетокот на 1990-тите, песната “Владе Дивац” од страна на белградската група Деца на Лоши Музичари, посветена на неговиот трансфер во Лејкерс беше голем хит; групата конечно лично се сретна со Дивац и ја изведоа песната со него на неговата проштална забава во 2007 година.[35]
Дивац е во голема побарувачка за значајни маркетиншки кампањи, дури и по завршувањето на неговата играчка кариера. Тој редовно се појавува во реклами за производи од рангот на Атлас пиво до Сосиете Женерал Банка, банка за хипотекарни кредитни планови. Тој неодамна се појави во една национална телевизиска реклама во САД заедно со поранешната НБА ѕвезда Дерил Доукинс за Тако Бел. Дивац се појави како специјален гостин на Евровизија во 2008 година. Тој ја фрли топката во публика, и тоа беше знак за почеток на телефонското гласање.
Дивац се појави во емисијата на ЕСПН, ”30 за 30”, во документарецот “Некогаш Браќа”, каде тој дискутираше за подвизите на Југословенскиот национален кошаркарски тим во доцните 1980-ти и раните 1990-ти и како војните во Југославија ги раздели, особено во контекст на уништеното пријателство со хрватскиот играч Дражен Петровиќ.[13]
Дивац, исто така се појавува во документарниот филм на Борис Малагурски, ”Тежината на синџирите”, каде зборува за НАТО бомбардирањето во Југославија во 1999 година.
Приватен живот
уредиДивац и неговата сопруга Снежана, имаат два сина, Лука и Матија, и посвоена ќерка Петра, чии родители беа убиени од страна на Ослободителната војска на Косово.
Главни успеси во кариерата
уредиКК Партизан
уреди- КК Партизан Белград Првенство на Југославија во 1987
- КК Партизан Белград Фајнл-фор на Евролига во 1988
- КК Партизан Белград Победник во Националниот Куп во 1989
- КК Партизан Белград Победник во Кораќ Куп во 1989
Репрезентација на Југославија
уреди- Златен медал со репрезентацијата на Југославија до 18 години на Европското кадетско првенство во Русе, Бугарија во 1985
- Златен медал со репрезентацијата на Југославија до 21 година на Европското јуниорско првенство во Гмунден, Австрија во 1986
- Златен медал со репрезентацијата на Југославија до 21 година на ФИБА Светското јуниорско првенство во кошарка во Бормио, Италија во 1987, поразувајќи го тимот на САД двапати на турнирот
- Сребрен медал на Олимписките игри во 1988 и 1996
- Златен медал во Аргентина во 1990 и на ФИБА Светското првенство во САД во 2002
- Златен медал на Европското првенство во Загреб во 1989, во 1991 во Рим, и во Атина во 1995
НБА
уреди- Избран во дебитантскиот Ол-стар тим во 1989-90 со просек од 8.5 ппн и 6.2 спн за Лејкерс
- Учествуваше во НБА финалето во 1991 против Чикаго Булс и во просек имаше 12.1 ппн, 7.5 спн и 2.4 апн во 121 натпревар во НБА Плеј-оф кариерата
- Рангиран како 4-ти во историјата на Лејкерс со 830 блокади
- Рангиран 2-ри во историјата на Кингс-и по број на постигнати бодови (14.3 ппн),скокови (10.0 спн, 10-ти во НБА),асистенции (4.3 апн) и блокади (1.02 бпн) од 1989-99
- Рангиран 12-ти во НБА во просек од поле (.503) во 1999-2000
- Избран во НБА Ол-стар тимот во 2001
- Единствен играч кој е роден и тренирал во Европа со најмалку 1.000 НБА натпревари одиграно (1.134)
- Еден од само двајцата кошаркари кои се родени и тренирале во Европа (Дражен Петровиќ е другиот) на кого им е повлечен бројот од страна на НБА тим
Филмографија
уредиФилмови
уреди- Ние не сме анѓели 3: Рокенрол го возвраќа ударот (2008) - Претпоставениот
- Премин (2004) - Самиот себе
- Џуана Мен (2002) - Играчот Морс
- Ме полудуваш (ТВ) (2000) - Виглионе, Џин
- Вселенско забивање (1996) - Себеси (Лос Анџелес Лејкерс)
- Еди (1996) - Себеси (Лос Анџелес Лејкерс)
Телевизија
уреди- Кој сака да биде милионер? – Србија, Новогодишно хуманитарно издание со познати личности (2008) - (Одговори 13 прашања, освои 1.250.000 српски динари)
- Црниот Грујо (2003) - Вампир Тозо
- Рејчел Ган (2000)
- Брачни води (1993) - Себеси
- Тренер (1992) - Доставувач
- Добри спортови (1991) - Себеси
- Некогаш Браќа - Документарец за Дражен Петровиќ и Владе Дивац на ЕСПН- октомври 2010
Надворешни врски
уреди- Vlade Divac playerfile @ NBA.com
- Divac's Charity
- Euroleague.net 50 greatest contributors
- Vlade Divac Statistics @ Basketball-Reference.com Архивирано на 10 април 2016 г.
Наводи
уреди- ↑ http://www.euroleague.net/item/24016
- ↑ http://www.nba.com/lakers/news/divac_retires_051018.html
- ↑ „FIBA announces 2010 Hall of Fame Class“. FIBA. 2010-08-20. Архивирано од изворникот на 2010-10-19. Посетено на 2011-01-26.
- ↑ http://www.nba.com/news/divac_youcantoo_070922.html
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-10-20. Посетено на 2011-01-26.
- ↑ 6,0 6,1 „Divac na čelu OKS naredne četiri godine“ (српски). Blic. 2009-02-24. Архивирано од изворникот на 2009-02-27. Посетено на 2011-01-26.
- ↑ http://www.nba.com/kings/news/divac_hall_of_fame08.html
- ↑ „Divac named general manager of Sacramento Kings, Stojakovic head scout“. www.ekapija.com. Посетено на 2017-08-15.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 Slobodan Georgijev (2007-09-20). „Srbin broj jedan van Srbije“ (српски). Vreme.
- ↑ „Eurobasket 1989“. FIBA.
- ↑ „Eurobasket 1991“. FIBA.
- ↑ „Istorija: Novi "Dream Team"“. KK Partizan official website. Посетено на 2007-09-24. [мртва врска]
- ↑ 13,0 13,1 Scott Tobias (2010-10-12). „Once Brothers“. A. V. club.
- ↑ John Scheibe (2010-12-10). „Television review: Vlade Divac searches for closure in ESPN's 'Once Brothers'“. LA Times.
- ↑ http://www.youtube.com/watch?v=bCTx6K3Irag
- ↑ Tim Povtak (2007-01-28). „Shutting down acting school?“. Orlando Sentinel. Архивирано од изворникот на 2012-09-07. Посетено на 2007-04-29.
- ↑ Flopping keeps cropping up, by Doug Haller, The Arizona Republic, published March 18, 2007, retrieved April 29, 2007
- ↑ BEST ACTOR: DIVAC IN `FLOP WARS II' Архивирано на 18 октомври 2015 г., by Kevin Modesti, Los Angeles Daily News, published May 22, 2002
- ↑ NBA Standings - 2001-2002
- ↑ Kings retire Divac's No. 21 Jersey[мртва врска] Yahoo Sports, March 31, 2009
- ↑ Divac savetuje Dačića, Blic, 2008-10-16
- ↑ „Divac: Kandidovaću se za predsednika Srbije“ (српски). MONDO web portal. 2007-03-08. Архивирано од изворникот на 2012-12-04. Посетено на 2011-01-26.
- ↑ „Curkovic backs Divac bid“. Blic. 2009-02-13. Архивирано од изворникот на 2009-02-15. Посетено на 2011-01-26.
- ↑ Chris Mercer (2004-12-03). „Knjaz Milos auction descends into chaos“. CEE-foodindustry.com. Посетено на 2007-09-25.
- ↑ Chris Mercer (2004-12-08). „Danone pulls out of Serbian soft drink bidding race“. CEE-foodindustry.com. Посетено на 2007-09-25.
- ↑ Vera Didanović (2006-01-03). „Država preigrala Divca“. nuns.org. Архивирано од изворникот на 2009-12-28. Посетено на 2009-07-26.
- ↑ Georgi Mitev-Shantek (2006-07-06). „NBA ace Vlade Divac slam dunks the Serbian government“. Southeast European Times. Посетено на 2007-09-25.
- ↑ Lj. Malešević (2006-07-21). „Vukčević: Dijaspora će zapamtiti kako je prošao Divac“ (српски). Dnevnik (Novi Sad). Посетено на 2007-09-25. [мртва врска]
- ↑ „'You are insulting me while you have debts'“. Blic. 2007-10-31. Архивирано од изворникот на 2013-04-16. Посетено на 2007-11-05.
- ↑ „Government to intervene in Voda Voda feud“. B92. 2007-11-02. Архивирано од изворникот на 2007-11-07. Посетено на 2007-11-05.
- ↑ „About us“. Divac's Children Foundation. Посетено на 2007-09-25.
- ↑ 32,0 32,1 „Divac Creates New Team With "You Can Too" Campaign“. NBA.com. 2007-09-22. Посетено на 2007-09-25.
- ↑ „Divac za 7.850 izbeglica“ (српски). B92. 2007-09-23. Посетено на 2007-09-25.
- ↑ „Spektakularni oproštaj Divca“ (српски). B92. 2007-09-23. Посетено на 2007-09-25.
- ↑ „Deca Loših Muzičara pevaju za Divca!“. Kurir. 2007-09-22. Архивирано од изворникот на 2011-10-05. Посетено на 2007-09-25.