Неврохирургија
Неврохирургија е хируршка дисциплина фокусирана на оние болести на централниот, периферниот нервен систем и ’рбетниот мозок кои можат да се излечат преку механичка интервенција. Лекарот кој извршува неврохирургија се нарекува неврохирург. „Мозочна хирургија“ разговорно се употребува, слично како и „ракетна наука“ за референца кон задача која бара значително знаење и вештина.
Специализацијата по Неврохирургија во Европската Унија трае од 5-6 години. Во САД специализацијата по неврохирургија е најдолга, и трае секогаш над 6 години. Во Велика Британија е 7 години. Пристапот за специализација најчесто е директен за докторите на медицина, и не се бара претходна специализација.
Надворешни врски
уреди- Македонски портал за ментално здравје, неврологија и неврохирургија Архивирано на 5 декември 2020 г.
Оваа статија за медицинска специјалност е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |