Живко Јанкуловски
Живко Јанкулоски (роден на 3 февруари 1956 во Алданци, Крушевско) — македонски политичар и претседател на Партијата на обединетите демократи (ПОДЕМ). Од 2006 до 2008 година бил вицепремиер задолжен за земјоделство и образование и потпретседател на Нова социјалдемократска партија.[1]
Јанкуловски е доктор по земјоделски науки. Дипломирал на Земјоделскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Специјализирал во областа на поледелството во Франција и САД.
Работел како стопанственик на повеќе работни места во Пелагонија - Битола, бил директор на РЕ Радобор, ЗИК Пелагонија - Битола. Бил професор на Вишата земјоделска школа при Универзитетот Св. Климент Охридски - Битола, професор во областа на растителното производство и технологијата на прехранбени производи на Факултетот за биотехнички и Техничкиот факултет при Универзитетот Св. Климент Охридски - Битола, продекан за финансии и наука на Факултетот за биотехнички науки. Бил и претседател на Сенатот на Универзитетот Св. Климент Охридски.
Во периодот 1994-1998 бил пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на СДСМ.
Наводи
уреди- ↑ „ПОДАТОЦИТЕ ОД АНКЕТНИТЕ ЛИСТОВИ ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА НА ИЗБРАНИТЕ И ИМЕНУВАНИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ“. Државна комисија за спречување корупција. Архивирано од изворникот на 2015-09-15. Посетено на 2010-07-21.