Отвори го главното мени

БиографијаУреди

Спироски е роден во тетовското село Лешок на 3 февруари 1948 година. Медицина завршил во Скопје. Магистрирал и докторирал на Институтот за физиологија при Медицинскиот факултет во Скопје. Во мај 1995 година е избран за вонреден професор по предметот физиологија. Во октомври 1997 година е избран за вонреден професор по предметот имунологија, во март 2002 година е избран за редовен професор по имунологија, а од 2006 година е професор по хумана генетика на Институтот за имунобиологија и хумана генетика (ИИБХГ) при УКИМ. Еден е од основачите и прв претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Македонија, еден од основачите и претседавач на Управниот одбор во МЦМС. Основач е и директор на Институтот за имунологија во 2000 година[1]. Објавил над 100 труда, 3 монографии и 4 практикуми.


НаводиУреди

  1. „МЛД - Здруженија“. Македонско лекарско друштво. конс. 2 ноември 2009. 

Надворешни врскиУреди