Борис Дрангов
Борис Дрангов (3 март 1872 - 26 мај 1917) бил учесник во Илинденското востание и полковник во бугарската војска. Учел во Педагошкото училиште во Скопје, потоа во Военото училиште во Софија. Завршил Генералштабна академија во Санкт Петербург. Бил професор во Военото училиште во Софија. Во Балканските војни учествувал како офицер на бугарската армија. Во Првата светска војна бил командир на 5. македонски пешадиски полк, по окупацијата началник на Школата за резервни офицери во Скопје. Загинал кај реката Црна, во близина на Градско и погребан е во Скопје.
Борис Дрангов | |
---|---|
3 март 1872 - 26 мај 1917 | |
Починал во: | кај Црна Река, Македонија |
Служба во: | Македонско национално движење • Бугарија |
Период на служба: | 1891 - 1917 |
Чин: | полковник |
Единици: | Единаесетта пешадиска македонска дивизија |
Командува/л со: | Пети пешадиски македонски полк |
Битки/војни: | Илинденско востание • Прва балканска војна • Втора балканска војна • Прва светска војна |
Одличја: | орден "За храброст" IV ред. |
Во чест на Дрангов се именувани три села во Бугарија и еден врв на Антарктикот. Автор е на трудови со воена тематика.
Животопис
уредиПотекло и школување
уредиБорис Дрангов е роден на 3 март (15 март нов стил) 1872 година во Скопје, тогаш во Османлиското Царство, во семејството на Стојан и Ѓурѓа Дрангови. Татко му бил богат трговец со дрво. Завршил петти клас при егзархиското педагошко училиште во родниот град со одличен успех. Во 1891 година бил примен во Военото училиште во Софија и со наредбата № 102 од 11 јули е распореден во 1-та јункерска чета.
Во 1894 година по конфликт со офицер и со наредбата № 63 од 10 јуни Дрангов бил преместен во 3-от коњички полк во Пловдив. Неколку месеци подоцна на 11 октомври со наредбата № 112 казната му е укината и го продолжил своето образование во Военото училиште. На 1 јануари 1895 година го стекнал првиот офицерски чин - подпоручик и назначен за помлад офицер во 3-от коњички полк во Пловдив. На 21 јануари 1893 година со наредбата № 3 е назначен за помлад офицер во четвртиот ескадрон на 2-от коњички полк во Лом. На 1 јануари 1899 година со наредбата № 2 е промовиран во чин поручик [1].
Илинденско востание
уредиЗа време на Илинденското востание Дрангов ја напуштил воената служба и заминал за Македонија заедно со други офицери, каде собрал чета од 120 луѓе со која ја обиколувал планината Плавица, Кратовско. На 17 август од Ќустендил тој испраќа писмо на својата сопруга, во кое пишува:
- ... Во тој свечен миг, јас, без двоумeње ја поставувам Татковината повисоко од семејството, неговата доброчестина погоре од нашите лични добра ...
Офицерска кариера
уредиВо 1904 година како поручик во 2-от коњанинчки полк е испратен на доосувршување во Николаевската генералштаб академија во Санкт Петербург, Русија, а во меѓувреме на 3 јануари 1905 година е промовиран во чин ротмистар. Во 1907 година завршува академијата со награда и се враќа во Бугарија за да ја продолжи службата во армијата - 6-тиот пешадиски, а потоа во артилериски полк. За кратко време е назначен за професор на Школата за резервни подпоручици во Књажево, а потоа е ескадронен командант во 10-от коњички полк во Шумен. На 4 септември 1910 година е промовиран во чин мајор и е назначен за професор по тактика во Военото училиште во Софија. Во овој период почнува да пишува за воени изданија, претежно во списанието "Народ и армија".
Балкански војни
уредиВо Балканските војни (1912-1913) бил началник на штабот на 1-та бригада при 1-та пешадиска дивизија. Спечалил повеќе победи - кај Гечкинли (22 октомври 1912), Чаталџа (17 ноември 1912), Едрене (13 март 1913), Селиолу, Ескиполос и Петра. При освојувањето на Селиолу лична предводел една дружината во напад. За својот хероизам е награден со орден "За храброст" IV степен.
Во Втората балканска војна се борел против Србите кај врвот Бублјак.
Поради своите критични статии за воениот министер генерал Иван Фичев и инспекторот на коњаницата генерал Александар Танев е даден под суд. Случајот започнал да се разгледува на 18 февруари 1914 во Пловдивскиот воен суд. На 25 февруари Дрангов е ослободен, но Пловдивскиот воен обвинител на 12 март го доставува обвинението пред Главниот воен суд во Софија. На 16 април случајот против Дрангов бил продолжен. Неговите доброволни бранители биле професор Моллов и о.з. полковник Топалов. Пресудата повторно оправдателна, но Дрангов паѓа во немилост, неговото унапредување се забавува и тој е испратен да служи во голем број градови во покраината.
На 19 февруари 1915 година со наредба, која влегува во сила од 15 февруари е промовиран во чин потполковник. На 2 септември 1915 година со наредба № 420 се формира 11-а пешадиска дивизија - наследник на Македонско-одринското ополчение. Во составот на дивизија влегуваат 1 артилериски и 6 пешадиски полк, а потполковник Дрангов е назначен за началник на 5-от македонски полк.
Прва светска војна
уредиВо Првата светска војна (1915-1918), како командант на полк, од дивизија, која е составена скоро целосно од необучени Македонци, Дрангов успеал за кратко време да ја претвори во военоспособна борбена единица. Учествувал во борбите при Калиманци, Кочани и Штип. На 25 ноември 1915 година со ноќен напад под негово раководство е освоено Градец. Во февруари-март на 1916 година полкот под негова команда се наоѓал источно од Петрич. Таму по идеја на Дрангов (на земјата на денешното село Дрангово, старо Покровник) во овој период се гради споменик-фонтана на загинатите војници и офицери од 5-от пешадиски македонски полк, на кој е напишан следниот натпис:
- 1916 на паднатите јунаци од 5 от. Македонски полк
Големите жртви на офицерскиот состав на бугарската армија, придонеле во мај 1916 година да се создаде школа за резервни подпоручици во Скопје. На 15 мај за началник на школата е назначен потполковник Дрангов. Тој ги напуштил редовите на 5-от македонски полк и заминал за својот роден град. На 17 мај школата е свечено отворена и во неа пристапуваат 1053 младинци. Таму Дрангов ги искористил својот авторитет, ораторско мајсторство, отвореноста, чистосрдечността и личниот пример, за да ги спечели младите офицери.
Учениците ги добиле своите чинови на 17 септември, откако успешно завршиле 876 души. На 21 септември 1916 година, откако школата е затворена, Дрангов ја заземал должноста началник на штаб на 1-та пешадиска дивизија и околу 6 месеци е борбените полиња на Добруџа во походот против Романија. На 18 март 1917 година ја презема командата на 9-от пешадиски пловдивскиот полк од 2-та пешадиска дивизија. Се бори на Јужниот фронт.
На 26 мај 1917 во артилериски напад, потполковник Дрангов е тешко повреден и вечерта умира. Погребан е во дворот на црквата "Свети Димитар" во Скопје, но подоцна српските власти ги преместиле неговите коски во градското гробишта. На 20 јули 1917 година посмртно е унапреден во чин полковник.
Семејство
уредиВо Лом, Дрангов се запознал со Рајна Денкова Попова - ќерка на Денко Николов Попов од селото Младо Нагоричане - четник на Дедо Иљо Малешевски. Рајна и Борис имале 5 деца, од кои - Кирил Дрангов е истакнат деец на ВМРО.
Библиографија
уредиМонографии
уреди- Подробна програма за обучение на млади войници и редници, Лом, 1898
- Юнаци, изпълнете клетвата, Лом, 1901
- Тактика, София, 1912
- Походът на Наполеон в Русия, София, 1912
- Помни войната, Скопие, 1916
- Психология на групата и колектива , 1940
Периодичен печат
уредиБорис Дрангов е автор на бројни статии во весници и списанија меѓу кои: списание „Военен журнал“, списание „Войнишка сбирка“, вестник „Военни известия“, списание „Войн“, вестник „Военен глас“, вестник „Подофицерска защита“, списание „Свободно мнение“, списание „Народ и армия“, весник „Военна България“ и др.
Фолклор
уредиБорис Дрангов е опеан во песната Гордеј се мајко Македонијо, во која се опејува неговото учество во Првата светска војна.
- Гордеј се мајко Македонијо со својте синови херои, херои, херои!
- Со нас е подполковник Дрангов
- прочуен македонски водач, водач, водач!
- И тој со револвер во раката не командуваше - Напред, на нож, на нож, на нож! [2]
Белешки
уреди- ↑ Рангелов, стр. 258
- ↑ „Гордеј се мајко Македонијо! стара верзија“. Архивирано од изворникот на 2013-04-02. Посетено на 2011-10-30.
„Борис Дрангов“ на Ризницата ? |