Ларс фон Триер

(Пренасочено од Ларс фон Трир)

Ларс фон Триер (дански: Lars von Trier; р. 30 април 1956 во Копенхаген) — дански режисер. Тој додава „фон“ на неговото име по личен избор и како резултат на неговиот пренагласен аристократизам (кој, сам по себе е негов личен избор, бидејќи не потекнува од аристократско семејство).

Ларс фон Триер
Lars von Trier
Триер во 2014 г.
Роден(а)Ларс Триер
30 април 1956(1956-04-30)(68 г.)
Конгенс Лингби, Копенхаген, Данска
Занимањережисер и сценарист
Активен период1977-
СопружникСесилија Холбек (ж. 1987–95; 2 деца)[1]
Бенте Фреге (ж. 1997–; 2 деца)

Зборувајки за детството, фон Триер нагласува дека му било дозволено сѐ, освен религијата, уживањето и чувствата. Признава дека тоа бил клучниот фактор кој влијаел на градењето на неговиот изразен стил, кој е доста познат, и се смета за еден од најрадикалните во киното.

На единаесетгодишна возраст почнува да прави кратки филмови со камера „Супер 8“. На почетокот на осумдесеттите влегува во филмското училиште во Копенхаген. Неговите први три долгометражни филмови, сврзани во трилогија (трилогијата како начин на поднесување на неговите творби тој продолжува и понатаму да ја практикува), се на тема „Европа“, и даваат осврт на тогашната сегашност на Европа, и препраќаат кон можните варијанти за, пред сѐ, идната политика на континентот.

Во 1995 година, тој и неколку други режисери, решаваат да создадат нова, радикална школа во кино-уметноста. Новиот бран се нарекува „Догме 95“, и е проследен со потпишан манифест кој содржи правила коишто го одредуваат визуелниот и донекаде тематскиот изразен стил на „Догме 95“ школата.

Од Догме-поредицата на Триер се „Идиотите“ (1998 година), „Спроти брановите“ , „Танчерка во ноќта“ (2000 година,со познатата пеjачка Бјорк во главната улога), „Догвил“ (2003), кој важи за еден од најсилно филозофските филмови во историјата на киното, и последниот, „Мандерлеј“ (2005).

Ларс фон Триер подготвува филм со наслов „Вашингтон“, кој заедно со „Догвил“ и „Мандерлеј“ ќе го затвори трилогискиот круг кој ја портретира Америка и нејзината општа политика.

Самиот фон Триер никогаш нема стапнато на американско тло, и на осудите од другите затоа што не бил во Америка, а пак ја критикува толку изразито, тој одговорил: „Па и американците не отидоа во Мароко за да го снимаат Казабланка“.

Наводи

уреди
  1. Lumholdt, Jan (2003). Lars von Trier: interviews. Univ. Press of Mississippi. стр. 22–23. ISBN 978-1-57806-532-5. Посетено на 14 октомври 2010.