Теодор Шулц
Теодор Вилијам „Тед“ Шулц (англиски: Theodore William "Ted" Schultz; 30 април 1902 — 26 февруари 1998) — американски економист, кој бил добитник (заедно со Артур Луис) на Нобеловата награда за економија во 1979 година.
Чикашка економска школа | |
---|---|
Роден | 30 април 1902 Арлингтон, Јужна Дакота, САД |
Починал | 26 февруари 1998 Еванстон, Илиноис, САД | (возр. 95)
Националност | Американец |
Установа | Државен универзитет Ајова Чикашки универзитет |
Поле | агроекономија |
Алма матер | Државен универзитет Јужна Дакота Универзитет Висконсин-Медисон |
Награди | Нобелова награда за економија (1979) |
Информации на IDEAS/RePEc |
Ран живот и образование
уредиТеодор Вилијам Шулц е роден на 30 април 1902 година, шеснаесет километри северозападно од Баџер, Јужна Дакота, на фарма од 226 хектари. Кога Шулц бил во основно училиште, неговиот татко Хенри одлучил да го извади од основното окружно училиште. Неговиот татко сметал дека ако неговиот најстар син ја напушти фармата и продолжи да се образува многу помалку ќе сака да продолжи да работи на фармата. Шулц, подоцна, немал никакво секундардно образование. На крајот, Шулц се запишал на земјоделската школа на Државниот универзитет Јужна Дакота, на тригодишна програма која траела само по четири месеци за време на зимата. Шулц се префрлил подоцна на дипломски студии подоцна, добивајќи ја дипломата во 1928 година за земјоделство и економија. Исто така, добил почесен докторат од колеџот во 1959 година. Дипломирал во 1927 година, а подоцна се запишал на докторски студии на Универзитетот Висконсин-Медисон, одбранувајќи го докторатот во 1930 година во агроекономијата под водство на Бенџамин Х. Хибард со тезата: The Tariff in Relation to the Coarse-Feed Grains and a Development of Some of the Theoretical Aspects of Tariff Price Research.[1]
Шулц се оженил со Естер Флоренс Верт (1905-1991) во 1930 година. Била родена и пораснала на фарма близу Франкфорт, Јужна Дакота, во германско семејство, кое ја поддржувало да продолжи да се образува. Верт била прва во нејзиното семејство која посетувала колеџ, добивајќи ја дипломата во трговија од Државниот колеџ Јужна Дакота во Брукингс во 1927 година[2] и подоцна работела како учителка во Вобеј, Јужна Дакота, од 1927 до 1929 година, а потоа во Грегори, Јужна Дакота, од 1929 до 1930 година. Верт, исто така, се интересирала во земјоделството и била посветена кон образованието и економскиот развој, и преку неговата кариера работела како уредник на неговите издадени дела. При неговото предавање за Нобеловата награда, тој силно ги истакнал нејзините придонеси: „Исто така сум задолжен кон мојата жена, Естер Шулц, за нејзиното инсистирање дека она што јас мислам дека е јасно, таа смета дека не е доволно јасно“. Двојката добила две ќерки и еден син.
Академска кариера
уредиПредавал на Државниот колеџ Ајова од 1930 до 1943 година.[3] Го напуштил универзитетот при бранот на познатата војна Олео-Батер и се приклучил како претседавач на економската катедра на Чикашкиот универзитет од 1946 до 1961 година. Станал претседател на Американската економска асоцијација во 1960 година.[4]
Придонес кон економската теорија
уредиДодека бил претседавач на економската катедра на Чикашкиот универзитет водел истражување зашто повоените Германија и Јапонија (по Втората светска војна) се опоравиле со скоро неверојатна брзина од големото уништување. Наспроти нив, Велика Британија која сè уште штедела на храна по војната. Неговиот заклучок бил дека брзината на опоравување била поради здравото и високообразувано население; образованието ги прави луѓето продуктивни, а доброто здравје ја чува инвестицијата во образованието и е достапна да произведува. Еден од неговите придонеси подоцна бил наречен теорија на човечкиот капитал и поттикнал многу трудови за меѓународниот развој во 1980-тите, мотивирајќи инвестиции во стручно и техничко образование.
Нобелова награда за економија
уредиШулц ја добил Нобеловата награда за неговиот труд во развојната економија, насочувајќи се на агроекономијата. Ја анализирал улогата на земјоделството во рамките на стопанството и неговиот труд имал далекусежни последици на индустриската политика, како во развиените, така и во земјите во развој. Шулц исто така ја распространил идејата за образовен капитал, гранка на концептот за човечкиот капитал, поврзан особено со инвестициите направени во образованието.[5]
Наследство
уредиШулц добил осум почесни докторати во неговата кариера. Исто така бил првиот дипломец на Државниот универзитет Јужна Дакота и втор од Јужна Дакота кој добил Нобелова награда по Ернест Лоренс во 1939 година за физика. Во периодот 2012 и 2013 година, Државниот универзитет Јужна Дакота изградил сала Теодор В. Шулц која била наменета за студентите по земјоделство.[6]
Шулц умрел во Еванстон, Илиноис, на 26 февруари 1998 година на возраст од 95 години. Закопан е на гробиштата во Бадгер, Јужна Дакота.
Цитати
уредиПреовладувачката општествена мисла го обликува институционалниот поредок на општеството...и неисправноста на воспоставените институции ја менува општествена мисла.
— Теодор В. Шулц (1977)[7]
Повеќето луѓе во светот се сиромашни. Ако ја знаеме економијата на сиромашните, тогаш ќе знаеме повеќе за економијата како функционира.[8]
Статии
уредиSchultz, Theodore W. (1956). „Reflections on Agricultural Production, Output and Supply“. Journal of Farm Economics. 38 (3): 748–762. JSTOR 1234459.
Напишани книги
уреди- 1943. Redirecting Farm Policy, New York: Macmillan Company.
- 1945. Agriculture in an Unstable Economy, New York: McGraw-Hill.
- 1953. The Economic Organization of Agriculture, McGraw-Hill.
- 1963. The Economic Value of Education, New York: Columbia University Press.
- 1964. Transforming Traditional Agriculture, New Haven: Yale University Press.
- 1968.Economic Growth and Agriculture, New York: MacGraw-Hill.
- 1971. Investment in Human Capital: The Role of Education and of Research, New York: Free Press.
- 1972. Human Resources (Human Capital: Policy Issues and Research Opportunities), New York: National Bureau of Economic Research,
- 1981. Investing in People, University of California Press. Description and chapter-preview links.
- 1993. The Economics of Being Poor, Cambridge, Massachusetts, Blackwell Publishers
- 1993. Origins of Increasing Returns, Cambridge, Massachusetts, Blackwell Publishers
Издадени книги
уреди- 1945. Food for the World, Chicago: University of Chicago Press.
- 1962. Investment in Human Beings, Chicago: University of Chicago Press.
- 1972. Investment in Education: Equity-Efficiency Quandary, Chicago: University of Chicago Press.
- 1973. New Economic Approaches to Fertility, Chicago: University of Chicago Press,
- 1974. Economics of the Family: Marriage, Children, and Human Capital, Chicago: University of Chicago Press.
Наводи
уреди- ↑ Shaars, Marvin A. (1972). „The Story of The Department of Agricultural Economics: 1909–1972“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-04-02. Посетено на 17 септември 2009.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-02-02. Посетено на 2015-03-11.
- ↑ „the Sveriges Riksbank Prize in Economic Sciences in Memory of Alfred Nobel 1979Theodore W. Schultz, Sir Arthur Lewis“. Nobelprize.org. Посетено на 3 октомври 2012.
- ↑ „Theodore W. Schultz“. Find A Grave. Посетено на 3 октомври 2012.
- ↑ „Theodore Schultz, 95, Winner Of a Key Prize in Economics“. The New York Times. Посетено на 3 октомври 2012.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-09-05. Посетено на 2015-03-11.
- ↑ Justin Yifu Lin. „Cambridge University Marshall Lecture – Development and Transition: Idea, Strategy, and Viability“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-26. Посетено на 2015-03-11.
- ↑ Theodore W. Schultz, 1981.Investing in People. p. 3. University of California Press.
Надворешни врски
уреди- New York Times: Теодор Шулц, 95, добитник на клучната награда за економија
- Автобиографија Архивирано на 2 април 2013 г.
- Теодоре Вилијам Шулц (1902–1998). The Concise Encyclopedia of Economics. Library of Economics and Liberty (2.. изд.). Liberty Fund. 2008.